Фиџи

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Matanitu Tu-Vaka-i-koya ko Viti
फ़िजी द्वीप समूह गणराज्य
Република Фиџиски Острови
Знаме на Фиџи Грб на Фиџи
МотоRerevaka na Kalou ka Doka na Tui
Биди богобојазлив и почитувај ја Кралицата
ХимнаГоспод да го благослови Фиџи
Локација на Фиџи
Главен град
(и најголем град)
Сува
18°10′S, 178°27′E
Официјални јазици англиски, Бау фиџиски, и фиџиски хинди[1]
Демоним Фиџиец/ Фиџика
Облик на управување република под воено раководство
 -  претседател Рату Џозефа Илоило
 -  премиер Френк Баинимарама
 -  Претседател на Советот Овини Бокини
 -  Големиот шеф Елизабета II1
Независност од Обединетото Кралство 
 -  Датум 10 октомври 1970 
Површина
 -  Вкупно 18.274 km² (155-та)
 -  Вода (%) нема податоци
Население
 -  проценка за декември 2006 853,445 (156-та)
 -  Густина 46/km² (148-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2007
 -  Вкупен $3.677 милијарди (152-ра)
 -  На жител $4,230 (112-ра)
ИЧР (2007) 0.762 (средно) (92-ра)
Валута Фиџиски долар (FJD)
Временска зона (UTC+12)
Интернет домен .fj
Повикувачки број +679
1 Признато од Големиот совет на шефови.

Фиџи е држава во Тихиот Океан која е создадена од повеќе острови од кои најголеми се Вити Леву и Вануа Леву. На островот Вити Леву се наоѓа и главниот град на оваа држава- Сува и има околу 200.000 жители.

Најзастапени јазици се англиски јазик и фиџиски хинди јазик, а најраспространета религија е христјанството- 52% од населението се христијани и 32% хиндуси. Парична единица во Фиџи е фиџиски долар. Претседател на Фиџи е Рату Јосефа Илоиловату Улуивуада. Во Фиџи денес живеат околу 1.200.000 жители што ја прави четврта по ред најнаселена држава во Австралија и Океанија по Австралија, Нов Зеланд и Папуа Нова Гвинеја.

Според познатата ХДИ листа која Обединетите нации ја прават секоја година за определување на квалитетот на животот во државите во светот Фиџи се најде на 92 место од 177 држави во таканаречената група на средно развиени држави, помеѓу Свети Винсент и Гренадини и Тунис.

Содржина

[уреди] Етимологија

Главниот остров на Фиџи е познат по името Вити Леву и од тоа име доаѓа името на државата.

[уреди] Историја

Главна статија: Историја на Фиџи.

Првите луѓе кои пристигнале на Фиџи се населиле на островите мноу порано пред да дојдат европејците во 17 век. Според археолошките ископини се утврдило дека на Фиџи имало човекови заедници околу периодот од 3500 до 1000 година п.н.е. Се верува дека народот Лапита се населиле на островите и биле полинезиски народ, но не се знае што станало со нив кога се населиле меланезиските народи.

Првата населба на Фиџи била создадена од трговци и патници пред 3500 година.

Холандскиот истражувач Абел Тасман ги посетил островите во 1643 година додека го барал Големиот Јужен Континент. Потоа европејци не пристигнале на островите сè до 19 век кога на остроите започнале да доаѓаат китоловци, мисионери и трговци со сандалово дрво.

Рату Серу Епениса Какобау бил фиџиски поглавица од островот Бау кој ги обединил фиџиските племиња под негово водство. Тогаш тој се прогласил за Крал на Фиџи, а подоцна Заштитник за време на британската колонизација. Во 1874 година Фиџи станал дел од Британската империја.

Во 1970 година Фиџи се стекнал со независност.

[уреди] Географија и клима

Главна статија: Географија на Фиџи.
Мапа на Фиџи.

На островот Вити Леву се наоѓа и главниот град на оваа држава- Сува и има околу 200.000 жители. Други градови на други острови се Кандаву на истоимениот остров и Сомосомо на островот Тавеуни. Помеѓу островите се наоѓа живописното Коро Море. Највисок врв на Фиџи е врвот Викторија- 1372м. и се наоѓа на островот Вити Леву. Фиџи се наоѓа во таканаречената група острови Меланезија и зафаќа површина од 18.270км2.

Вкупната површина на Фиџи е 194.000 километри квадратни но од овие само 10% е копно. Овој архипелаг има 322 острови од кои 106 се населени.

[уреди] Политички систем

Главна статија: Политики на Фиџи.

Политиките на Фиџи се одвиваат во рамките на парламентарна демократија, премиерот е на чело на владата, а додека претседателот на Фиџи е на чело на државата. Извршната власт е во рацете на владата на Фиџи. Законодавната власт е под ингеренции на парламентот на Фиџи. Според уставот, судската власт во Фиџи е независна.

[уреди] Административна поделба

Мапа на дивизиите на Фиџи.

Фиџи е поделен на четири главни дивизии:

Овие дивизии се поделени на следните 14 покраини:

  • Ба
  • Буа
  • Какаудрове
  • Кадаву
  • Лау
  • Ломаивити
  • Макуата
  • Надрога-Навоса
  • Намоси
  • Наитасири
  • Ра
  • Рева
  • Серуа
  • Таилеву

[уреди] Економија

Главна статија: Економија на Фиџи.

. 94% од населението во Фиџи е писмено а БДП-еден од најдобрите показтели за економијата и стандардот е 5900 амеркански долари што ја става во друштво со земјите како Црна Гора, Туркменистан,Перу,Самоа,НР Кина,Венецуела,Габон итн. Според познатата ХДИ листа која Обединетите нации ја прават секоја година за определување на квалитетот на животот во државите во светот Фиџи се најде на 92 место од 177 држави во таканаречената група на средно развиени држави ,помеѓу Свети Винсент и Гренадини и Тунис.

[уреди] Население, јазик и религија

Главна статија: Демографија на Фиџи.
Колиби во Фиџи.

Во Фиџи денес живеат околу 1.200.000 жители што ја прави четврта по ред најнаселена држава во Австралија и Океанија по Австралија, Нов Зеланд и Папуа Нова Гвинеја. Сепак Фиџи е ретко населена држава со само 10 жители на километар квадратен.Градското население ви Фиџи изнесува 51% од населението а средниот животен век е 63 год.

Населението на Фиџи се воглавно етнички Фиџици кои пак се меланезиски народ и тие сочинуваат 54.3%, потоа има индо-фиџици кои сочинуваат околу 38.1% и тие се потомци на индици донесени од Индија за работна снага.

Според ЦИА, религиите во Фиџи се застапени со следните проценти: христијани 64.5%, хиндуси 27.9%, муслимани 6.3% и останатиот процент припаѓа на различни религиски групи.

Официјални јазици во Фиџи се: бау фиџиски јазик, англиски јазик и хиндустани.

[уреди] Култура во Фиџи

Главна статија: Култура на Фиџи.

Културата на Фиџи е доста богата со многу елементи од индиската, кинеската, локалната и европската култура. Различности има во архитектурата, јазиците, храната, пијалоците, обичаите и социјалниот живот.

Локалната култура е најдоминантна и е дел од секојдневието на народот на Фиџи.

[уреди] Надворешни врски

Најдете повеќе за Фиџи на сестринските проекти на Википедија:
Wiktionary-logo-en.png Вики речник
Wikibooks-logo.svg Вики книги
Wikiquote-logo.svg Вики цитати
Wikisource-logo.svg Вики извор
Commons-logo.svg Заедничка ризница
Wikinews-logo.svg Вики вести
Wikiversity-logo-Snorky.svg Вики универзитет
Влада
Општо
Патување
Друго

Координати: 18°S 179°E / -18, 179

[уреди] Видете исто така

[уреди] Референци

Други јазици