Архитектура
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Архитектура е вештина на изработување нацрти и обликување на градби која стои и како уметност и како наука. Самиот производ, градбите, вклучувајќи ја и внатрешноста на градбите, исто така претставуваат архитектура. Бидејќи под архитектура може да се подразбере секоја градба, група на градби или дел од градбата, видокругот на архитектурата е широк и вклучува нацрти и обликување на мебел, внатрешна архитектура, на згради, архитектура, на дворови, паркови и пејзажи, пејзажна архитектура, на градови, урбанистичко планирање, и региони, просторно планирање.
Зборот архитектура потекнува од старогрчкиот збор архитектон (αρχιτεκτων) што значи главен мајстор (αρχι=главен и τεκτων=мајстор, градежник).
Во најстариот запис за архитектурата, “За архитектурата” или “De Architectura”, Витрувиј или Витрувиус пишува дека архитектурата е основана на рамнотежата на трите начела: firmitas=цврстина, utilitas=корисност и venustas=убавина. Цврстина значи дека темелите на градбата се поставени на тврдо тло и материјалите се паметно одбрани, корисност значи дека уредувањето е без грешка и не постојат пречки при користењето на просториите, и убавина значи дека градбата е пријатна и со добар вкус.
[уреди] Видете исто така
- Архитектонски стилови
- Листа на термини од класичната архитектура
- Теорија на архитектура
- Градежништво
- Градежни материјали
- Градежни методи
- Листа на згради
- Листа на архитекти
- Облакордери
- Форми во архитектура
- Познати дворци
[уреди] Надворешни врски
- Archinform - збирка на архитекти и градби (на германски и англиски)
- Detail - списание за архитектура
- Architectural record - списание за архитектура
- Збирка на познати згради
- Галерија на наградени компјутерски слики на тема архитектура (на руски)
- Cupola - Фото галерии на згради
- Глобална енциклопедија за архитектура - стакло, челик и камен
- Енциклопедија за архитектура (се обновува страницата 07.02.2008)
- Pritzker prize - “Нобелова” награда за архитектура
- Асоцијација на архитектите на Македонија
- Архитектонски совет на Европа
- Кралски институт на британски архитекти
- Американски институт на архитекти