Фиџиски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фиџиски јазик
Na vosa vaka-Viti
Зборуван во: Фиџи 
Регион: Како мајчин јазик се зборува во Вануа Леву, источниот дел од Вити Леву, и островите Кадаву, Најау, Лакеба, Онеата, Моке, Комо, Намука, Кабара, Вулага, Огеа и Ватоа; како вторт јазик се зборува во остатокот од земјата.
Вкупно говорници:
Јазично семејство: австронезиски
 малајско-полинезиски
  централни источни малајско-полинезиски
   Источни
    океаниски
     Централни источни океаниски
      оддалечени океаниски
       централни пацифички
        источни-полинезиски јазици
         источни фиџиски
          Фиџиски јазик 
Статус
Службен во: Фиџи
Регулиран од: не е регулиран
Јазични кодови
ISO 639-1: fj
ISO 639-2: fij
ISO 639-3: fij

Фиџискиот јазик е дел од групата на австронезиски јазици кој се зборува во Фиџи. Јазикот како мајчин јазик го зборуваат околу 350.000 луѓе, што е половина од вкупното население на Фиџи, додека остатокот од населението го зборува јазикот како втор јазик. Со уставот од 1997, фиџискиот е официјален јазик на Фиџи, заедно со англискиот јазик и со хиндустанскиот јазик. Постои иницијатива фиџискиот да се прогласи и за национален јазик. Реченичкиот ред на јазикот е глагол-прирок-подмет.

Стандардниот фиџиски јазик е базиран на јазикот од Бау, кој е и источен фиџиски јазик.

Фонологија[уреди]

Согласките на фиџискиот јазик се:

  Билабијални Лабио-дентални Дентално-алвеоларни Непчани Веларни
Носни m   n   ŋ
Плозивни беззвучни (p)   t   k
пренасализирани mb   nd   ŋg
Фрикативни β (f) s   ð   (x)
Вевни чисти     r    
пренасализирана     nr    
Апроксимантни     l j w

Звуците [p] и [f] се среќаваат само во позајмени зборови од странски јазици. Звуците [x] и [h] се среќаваат само во одредени региони во државата.

Самогласките на фиџискиот се:

Монофтонзи
Предни Централни Задни
кратки долги кратки долги кратки долги
Затворени i u
Средни e o
Отворени a
Дифтонзи
Затворање
до /i/
Затворање
до /u/
Првиот дел е /i/   iu
Пвиот дел е /e/ ei eu
Првиот дел е /o/ oi ou
Првиот дел е /a/ ai au

Слоговите можат да се состојат од согласки следени од самогласка (плус согласка) или само од чиста самогласка[1]. Акцентот е базиран на морите, кратка самогласка се смета за една мора а додека дифтонзите и долгите самогласки се сметаат за две мори.

Правопис[уреди]

Фиџиската азбука се базира на латиницата и ги содржи следните букви:

A B C D E F G I J K L M N O P Q R S T U V W Y
a b c d e f g i j k l m n o p q r s t u v w y

Што се однесува за согласките, има еден на еден сразмер помеѓу гласот и знакот:

  • b = [mb]
  • c = [ð]
  • d = [nd]
  • f = [f]
  • g = [ŋ]
  • j = [x]
  • k = [k]
  • l = [l]
  • m = [m]
  • n = [n]
  • p = [p]
  • q = [ŋɡ]
  • r = [r]
  • s = [s]
  • t = [t]
  • v = [β]
  • w = [w]
  • y = [j]

Како додатно на ова, диграфот dr го претставува гласот [n̠d̠], а понекогаш [n̠d̠r̠]. Истото важи и за самогласките и не се бележи нивната должина освен во речници или книгуи наменести за учење со користење на макрон.

Синтакса[уреди]

Нормалниот фиџиски реченички распоред на зборовите е глагол-прирок-подмет.

  • E rai-c-a (1) na no-na (2) vale (3) na gone (4).
  • 3-ед.-под. гледа-транс.-3-ед.-прир. (1) 3-ед.-присв. (2) куќа(3) детето (4).
  • (Детето ја гледа својата куќа.)

Национален јазик[уреди]

Во мај и јуни 2005 година влијателни фиџици се изјасниле за подобрување на статусот на јазикот. Пред да се донесе уставот од 2007, јазикот не бил официјален, па така денес е официјален јазик заедно со англиски јазик и со хиндустански јазик. Сѐ уште не дел од школските предмети, како и да е, сегашниот министер за образование на Фиџи да се прогласи за национален јазик на Фиџи. Слични изјави доаѓаат од поголем број влијателни институции во Фиџи и од опозициската партија.

Наводи[уреди]

  1. Dixon 1988:15.
  • Dixon, R. M. W. (1988). „A Grammar of Boumaa Fijian“. Chicago: University of Chicago Press. ISBN 0-226-15428-9. 
  • Schütz, Albert J. (1985). „The Fijian Language“. Honolulu: University of Hawaii Press. ISBN 0-8248-1005-8. 

Надворешни врски[уреди]