ISO 639-2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

ISO 639-2:1998, „Кодови за претставување на имињата на јазиците — Дел 2: Алфа-3 код“, е вториот дел од ISO 639 стандардот, кој пропишува кодови за претставување на имињата на јазиците. Во овој дел од стандардот се дадени трибуквени кратенки наречени „Алфа-3“ кодови. Списокот на ISO 639-2 кодови има 464 записи (јазици).

Регистарската служба задолжена за ISO 639-2 (наречено ISO 639-2/RA) Библиотека на конгресот. Како надлежен орган, библиотеката прима и разгледува предложени измени; установата е претставена и во Здружената советодавна комисија за ISO 639-RA која е одговорна за кодните табели на ISO 639.

На ISO 639-2 стандардот почнало да се работи во 1989, од причина што ISO 639-1 стандардот со двобуквени кратенки немал капацитет за сите јазици. ISO 639-2 стандардот е објавен за прв пат во 1998.

B и T кодови[уреди]

Додека стандардот задава само по еден код за највеќето јазици, дваесет имаат по два трибуквени кода - „библиографски“ код (ISO 639-2/B), кој е изведен од англискиот назив за јазикот, и „терминолошки“ код (ISO 639-2/T), кој е изведен од изворното име на јазикот. Овие дваесет јазици се присутни и во ISO 639-1 стандардот. (Постојат 22 B кода; scc и scr се исфрлени.)

Најпретпочитани се кодовите со T; ISO 639-3 користи ISO 639-2/T. Меѓутоа ISO 15924, кога е можно, ги изведува кодовите од ISO 639-2/B.

Опфат и типови[уреди]

Опфат:

  • Поединечни јазици
  • Макројазици
  • Збирки од јазици
  • Дијалекти
  • Резервирани за локална употреба
  • Специјални ситуации

Типови (за поединечни јазици):

  • Живи јазици
  • Изумрени јазици
  • Древни јазици
  • Историски јазици
  • Вештачки јазици

Специјални ситуации[уреди]

Постојат и кодови за специјални ситуации:

  • mis „јазици без код“
  • mul (за повеќе јазици) се применува кога се користат неколку јазици и не е практично да се наведуваат сите јазични кодови
  • Интервалот од qaa до qtz е резервиран и не се користат во стандардот
  • und (неопределено) се користи во ситуации кадешто мора да се посочи јазик, но не може да се дознае конкретниот јазик.
  • zxx „без лингвистичка содржина“ (додадено 11 јануари 2006)

Збирни јазични кодови[уреди]

Некои ISO 639-2 кодови не претставуваат поединечен јазик, туку збир од сродни јазици (како макројазиците погоре). Овие се сметаат за збирни јазични кодови и не спаѓаат во ISO 639-3. За толкување на збирните јазици и макројазиците, погледајте ја оваа страница.

Подолу се наведени збирните јазични кодови според ISO 639-2.

Следниве два кода (досега) не се утврдени како збирни кодови во ISO 639-2 (и ISO 639-5), но како такви ги смета регистарот на ISO 639-3:

Ова се кодовите регистрирани за 639-2 кои се заведени како збирни кодови во ISO 639-5 (и збирни кодови по име во ISO 639-2):

Специјални кодови по ISO 639-2:

  • und неопределено (јазик)
  • mis јазик без код
  • mul повеќе јазици
  • zxx без лингвистичка содржина, неприменливо

Видете исто така[уреди]


Надворешни врски[уреди]