Банту-јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Банту-јазици
Геог.
распростр.:
супсахарска Африка, претежно јужна полутопка
Класификација: нигер-конгоански
Гранки:
области A–S (географски)
и тн.
ISO 639-2 и 639-5: bnt
African language families mk.svg
Распределба на банту-јазиците наспроти другите нигер-конгоански јазици во рамките на Африка.

Банту-јазици — група јазици од семејството на нигер-конгоански јазици кои се одликуваат со аглутинативност[1]. Во групата влегуваат околу 250 јазици според критериумот на заемoразбирливост,[2] иако во многу случаи е тешко да се утврди кој е посебен јазик а кој е наречје (Ethnologue дава бројка од 535 јазици).[3] Географски, јазиците се застапени источно и јужно од денешен Камерун, т.е. во централна, источна и јужна Африка. Во овие подрачја има и јазици од други семејства (вид. карта).

Според Ethnologue, неколку од најзастапени јазици во Африка припаѓаат на оваа група, вклучувајќи ги шона и зулу.[4] Од нив највеќе говорници има свахили - 80 милиони луѓе во осум земји (бројката секојдневно расте). Шона има 10,8 милиони говорници во Зимбабве. Потоа доаѓа зулу со 10,3 милиони.[5] Ethnologue ги наведува мањика и ндау како посебни јазици, но говорниците на шона ги сметаат за две од петте наречја на нивниот јазик. Ако кон шона ги вброиме и 3,4 милиони говорници на мањика и ндау, тогаш добиваме 14,2 милиони говорници на шона како прв јазик.

Се смета дека банту-јазиците водат потекло од подрачјето што го опфаќаат денешните држави Нигерија и Камерун.[6] Пред 2500–3000, години, говорниците на првобитниот „прабанту“ почнале да се раселуваат на исток и на југ - голема преселба што траела илјадници години. Со овие преселби, Банту-народите ја населиле супсахарска Африка и го распространиле земјоделскиот начин на живот.[6][7]

Поимот „банту“ значи луѓе, и како таков е застапен во јазиците што ги опфаќа групата. Заедничка карактеристика за овие јазици се зборовите како muntu или mutu (лице, човек), а множинскиот префикс за човечки именки што почнуваат на mu- (класа 1) во највеќето јазици е ba- (класа 2), па така се добива bantu (луѓе, народ).

Карактеристики[уреди]

Меѓу најистакнатите проучувачи на банту-јазиците е англискиот лингвист Малком Гатри, кој го има реконструирано фонемскиот инвентар и основниот лексикон на прабанту (предокот на овие јазици).

Најкарактеристична граматичка особина на банту-јазиците е обилната употреба на афикси. Секоја именка припаѓа на одредена класа, и секој јазик има по неколку класи (нешто како родот кај европските јазици). Класата се познава по префиксот што сочинува дел од именката, како и деловите за сложност на глаголот како и придавната (описната) основа поврзана со именката. Множината се образува со промена на класата, менувајќи го префиксот.

Глаголот има разни префикси кои во европските јазици се засебни зборови.[8] На пример, на свахили Mtoto mdogo amekisoma, (шона: Kamwana kadoko kariverenga) значи 'Малото дете прочита [книга]'. Mtoto (дете) го диктира придавниот префикс m- и подметниот префикс a-. Потоа доаѓа делот за свршено време -me- и прирочниот дел -ki- кој се слага со подразбраниот збор kitabu (книга). Во множина, со 'деца' добиваме Watoto wadogo wamekisoma (шона: Vana vadoko variverenga), а со 'книги' (vitabu) добиваме Watoto wadogo wamevisoma.

Зборовите најчесто се сочинети од отворени слогови од типот Сг-См (согласка-самогласка), Највеќето јазици имаат само вакви слогови. Исклучок од ова е јазикот Бушонг.[9] Сливањето на завршниот слог (при говор) е често во јазикот Тонга во Малави.[10] Морфолошки, зборовите го имаат обликот Сг-См, См-Сг-См, Сг-См-Сг-См, См-Сг-См-Сг-См и тн, т.е. било која комбинација на Сг-См, па така речиси сите зборови завршуваат со самогласка поради отвореноста на слоговите. Согласните групи се избегнуваат и при усвојување на позастапени заемки од англиски и други јазици. На пример, на њанџа (чичева): зборот „school“ (училиште) е усвоен како sukulu со вметнување (епентеза) на -u- и негово додавање на крајот на зборот. Меѓутоа, групирање на почетокот од зборот се забележува во јазици како шона (ндау)[11] и некои наречја на макуа.[12]

Позначајни банту-јазици[уреди]

Ова е список на најважните банту-јазици во секоја земја.[13] Наведени се јазиците што сочинуваат барем 1% од говорниците и имаат барем 10% до говорниците на најзастапениот банту-јазик во земјата.

лингва франка

  • Свахили (кисвахили) (350 000; десетици милиони како втор јазик)

 Ангола

 Боцвана

 Бурунди

 Замбија

 Зимбабве

 ДР Конго

 Екваторска Гвинеја

 ЈАР

  • зулу (исизулу) (10 милиони)
  • коса (исикоса) (8 милиони)
  • сото (сесото) (4 милиони)
  • педи (сепеди) (4 милиони)
  • цвана (сецвана) (3,5 милиони)
  • цонга (шанган) (2 милиони)
  • свати (сисвати) (1 милион)
  • венда (чивенда) (1 милион)

 Камерун

 Кенија

 Лесото

  • сото (сесото) (1,8 милиони)
  • зулу (исизулу) (300 000)

 Малави

 Мозамбик

 Намибија

 Република Конго

 Руанда

 Свазиленд

 Танзанија

Државен јазик е свахили

 Уганда

 ЦАР

Банту-зборови во македонскиот јазик[уреди]

Еве некои зборови од разни банту-јазици што дошле во македонскиот преку поголемите европски јазици:

Поврзано[уреди]

Портал „Африка
Портал „Јазик

Наводи[уреди]

  1. „банту-јазици“ — Лексикон на македонскиот јазик на оф.нет
  2. Derek Nurse, 2006, "Bantu Languages", in the Encyclopedia of Language and Linguistics
  3. Извештај за јужните бантоидни јазици - Ethnologue (англиски)
  4. Статистички преглед: по големина на јазиците - Ethnologue (англиски)
  5. [1]
  6. 6,0 6,1 Philip J. Adler, Randall L. Pouwels, World Civilizations: To 1700 Volume 1 of World Civilizations, (Cengage Learning: 2007), стр. 169.
  7. Toyin Falola, Aribidesi Adisa Usman, Movements, borders, and identities in Africa, (University Rochester Press: 2009), стр. 4.
  8. Derek Nurse, 2008. Tense and aspect in Bantu, стр. 70 (fn). Во многу јазици од областа A како оние од групата мбам, глаголите се изразито аналитични.
  9. Vansina, J. Esquisse de Grammaire Bushong. Commission de Linguistique Africaine, Tervuren, Belgique, 1959.
  10. Turner, Rev. Wm. Y., Tumbuka–Tonga$1–$2 $3ictionEnglish Dictionary Hetherwick Press, Blantyre, Malawi 1952. стр. i–ii.
  11. Doke, Clement M., A Comparative Study in Shona Phonetics University of Witwatersrand, Johannesberg, 1931.
  12. Relatório do I Seminário sobre a Padronização da Ortografia de Línguas Moçambicanas NELIMO, Universidade Eduardo Mondlane. 1989.
  13. според Ethnologue. Списокот е нецелосен.

Надворешни врски[уреди]