Венда (јазик)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Венда
Tshivenḓa
Застапен во ЈАР, Зимбабве
Подрачје покраина Лимпопо
Говорници 980.000 во ЈАР  (2006)[1]
84.000 во Зимбабве (1989)[1]
Јазично семејство
Писмо латиница
Статус
Службен во  ЈАР
Јазични кодови
ISO 639-1 ve
ISO 639-2 ven
ISO 639-3 ven
Linguasphere 99-AUT-b вклуч. варијанти
99-AUT-baa до 99-AUT-bad
Гатриев код S.20 (S.21)[2]
South Africa 2011 Venda speakers proportion map.svg
Географска распространетост на јазикот венда во ЈАР: дел од населението што говори венда во домот.

Венда (самон. чивенда или лувенда) е банту-јазик со статус на службен јазик во ЈАР. Највеќето говорници на јазикот живеат во северниот дел на покраината Лимпопо во ЈАР, а 10% живеат во Зимбабве. Венда е сроден со јазикот каланга (западен шона) што се говори во Боцвана и Зимбабве. За време на апартхејдот е создаден бантустанот Венда како дом на говорниците на овој јазик во ЈАР.

Азбука[уреди]

Јазикот венда ја користи латиницата со пет посебни акцентирани букви. Четирите забни согласки се означени со подредни ченгелчиња (ḓ, ḽ, ṋ, ṱ), а заднонепченото е означено со надредна точка. Постојат пет самогласни букви, а со нив се претставуваат седум самогласки. Буквите C, J и Q се користат само во странски зборови.

Вендската азбука
A a B b (C c) D d Ḓ ḓ E e F f G g
H h I i (J j) K k L l Ḽ ḽ M m N n
Ṋ ṋ Ṅ ṅ O o P p (Q q) R r S s T t
Ṱ ṱ U u V v W w X x Y y Z z

Јазикот венда ги разликува забните ṱ, ṱh, ḓ, ṋ, ḽ од венечните t, th, d, n, l, како и усненозабните f, v од двоуснените fh, vh (овие малку заоблени), што е одлика и на еве. Не постојат чкрапави согласки; x го претставува гласот „х“. Како и кај другите јужноафрикански јазици како зулу, ph, ṱh, th, kh се приздивни, а p, ṱ, t, k се исфрлени.

t̪ʰ kʷʰ
t̪ʼ pʷʼ
b d ɡ
pfʰ tsʰ tsʷʰ tʃʰ
bv dz dzʷ
ɸ f s ʃ x h
β v z ʒ
m n ɲ ŋ ŋʷ
l
r
j w

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Венда - Ethnologue (XVI изд, 2009)
  2. Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online

Надворешни врски[уреди]

Википедија
Издание на Википедија, слободната енциклопедија на венда (јазик)