Венечна согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Венечна согласка
◌̳

 
Места на
творба

Уснени
Двоуснени
Уснено–заднонепчени
Уснено–преднојазични
Усненозабни
Забноуснена

Двозабни

Преднојазични
Јазичноуснени
Меѓузабни
Забни
Забно-венечни
Венечни
Задновенечни
Заднонепчено-венечни
Свиени

Среднојазични
Задновенечни
Венечно-преднонепчени
Преднонепчени
Уснено-преднонепчени
Заднонепчени
Ресични
Ресично-надгласилни

Заднојазични
Голтнички
Надгласилно-голтнички
Надгласилни

Гласилни
Облик на јазикот

Врвнојазични
Рамнојазични
Подјазични

Странични

Преднонепчени
Голтнички

Поврзано: Начин на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Места на творба (пасивна и активна):
1. Надеворешноуснена, 2. Внатрешноуснена, 3. Забна, 4. Венечна, 5. Задновенечна, 6. Претпреднонепчена, 7. Преднонепчена, 8. Заднонепчена, 9. Ресична, 10. Голтничка, 11. Гласилна, 12. Надгласилна, 13. Заднојазична, 14. Задносреднојазична, 15. Предносреднојазична, 16. Рамнојазична, 17. Врвнојазична, 18. Подјазична

Венечна согласка (алвеолар)[1]согласка која се создава со доближување на јазикот до или близу непчениот венец (лежиштата на горните заби). Овие согласки се изговараат со врвот на јазикот (наречени врвнојазични или „апикални“) или со рамниот дел на јазикот веднаш над врвот (наречени рамнојазични или „ламинални“). Врвнојазичната венечна творба честопати погрешно се нарекува забна бидејќи врвот на јазикот се доближува или ги допира забите. Меѓутоа, местото на творба се определува според најзадната допирна точка; тука завршува усната шуплина, и претставува нејзин звучен дел што им ја дава карактеристичната боја на согласките.

Меѓународната фонетска азбука (МФА) нема посебни симболи за венечните согласки. Истиот симбол се користи за сите преднојазични места на творба што не се палатализирани (омекнати) како во македонското преднонепчено-венечно ш или кај свиена согласка. За да се избегнат забуни, кај забна согласка може да се употреби „мост“ ([s̪, t̪, n̪, l̪] и тн.) или долна црта ([s̠, t̠, n̠, l̠] и тн.) за задновенечна согласка. Гласот [s̪] се разликува од забното [θ] по тоа што едната е шушкава, а другата не е. [s̠] се разликува од задновенечното [ʃ] (ш) по тоа што е неомекнато (непалатализирано).

Простите букви [s, t, n, l] и тн. не мора строго да означуваат венечни гласови кај сите јазици. Некои јазици не ја прават таа разлика, како кога две или повеќе преднојазични места се среќаваат алофонски, а во други транскрипцијата е преопшта за да различи забни од венечни согласки. Доколку се јави потреба од означување на согласка како венечна, може да се искористи дијакритичен знак од дополнителнението на МФА : [s͇, t͇, n͇, l͇] и тн. Сепак, самите симболи <s, t, n, l> честопати се нарекуваат „венечни“. Сите долунаведените примнери се венечни согласки.

Венечни согласки по МФА[уреди]

Во македонскиот, преднонепчени се гласовите н, т, д, с, з, ц, ѕ, л и р, како и гласот [ɫ] (темно л) во зборови како „лук“. Согласно Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве преднонепчени согласки:


МФА Опис Пример
Јазик Правопис МФА Значење
Xsampa-n.png венечна носна согласка македонски нос [nɔs] нос
Xsampa-t.png безвучна венечна избувна согласка македонски ти [ti] ти
Xsampa-d.png звучна венечна избувна согласка македонски дете [dɛtɛ] дете
Xsampa-s.png безвучна венечна струјна согласка македонски скока [skɔka] скока
Xsampa-z.png звучна венечна струјна согласка македонски зошто [ˈzɔʃtɔ] зошто
Xsampa-ts.png безвучна венечна слеана согласка македонски цвет [t͡svɛt] цвет
Xsampa-dz.png звучна венечна слеана согласка македонски ѕвезда d͡zvɛzda] ѕвезда
Xsampa-K2.png безвучна венечна странична струјна согласка велшки Llwyd [ɬʊɪd] името Лојд
Xsampa-Kslash.png звучна венечна странична струјна согласка зулу dlala ɮálà] игра
t͡ɬ безвучна венечна странична слеана согласка цески элIни [ˈʔe̞t͡ɬni] зима
d͡ɮ звучна венечна странична слеана согласка увекјала [се бара пример]
Xsampa-rslash2.png венечна приближна согласка англиски red [ɹʷɛd] црвен
Xsampa-l.png венечна странична приближна согласка македонски лево [lɛvɔ] лево
Xsampa-l eor5.png веларизирана венечна странична приближна согласка македонски лук [ɫuk] лук
Xsampa-4.png венечна едноударна согласка шпански pero [peɾo] но
Xsampa-lslash.png венечна странична едноударна согласка венда [vuɺa] отвора
Xsampa-r.png венечна трепетна согласка македонски старо [starɔ] старо
IPA alveolar ejective.png венечна исфрлена согласка грузиски [ia] лале
IPA alveolar ejective fricative.png венечна исфрлена струјна согласка амхарски [ɛɡa] милост
Alveolar lateral ejective fricative2.PNG венечна странична исфрлена струјна согласка адигејски плӀы [pɬ’ə] четири
Xsampa-d lessthan.png звучна венечна уфрлена согласка виетнамски đã [ɗɐː] показател за минато време
Xsampa-doublebarslash.png венечна странична чкрапава согласка нама ǁî [kǁĩĩ] расправано

Отсуство на венечни согласки[уреди]

Венечните или забни согласки [t] и [n] (заедно со [k]) се најчести согласки во светските јазици.[2] Меѓутоа, постојат мал број јазици што ги немаат. Неколку јаици на островот Бугенвил и околу Пижеовиот Проток како мачкиот немаат носни согласки, па така немат [n], но имаат [t]. Но разговорниот самоански нема ни [t] ни [n], иако има страничната венечна приближна согласка [l]. (самоанските зборови што се пишуваат со буквите t и n всушност се изговараат како [k] и [ŋ], освен при формално говорење.) Во литературниот хавајски, [t] претставува алофон на [k], но [l] и [n] се посебни.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „алвеоларен“ — Лексикон на македонскиот јазик на оф.нет
  2. Ian Maddieson and Sandra Ferrari Disner, 1984, Patterns of Sounds. Cambridge University Press
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). „The Sounds of the World's Languages“. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19814-8. 


Табела на белодробни согласки по МФАLoudspeaker.svg аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ kʟ̝̊
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.