Свиена согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свиена согласка
◌̢
◌˞

 
Подјазична свиена избувна согласка

Свиена согласка (ретрофлексна согласка) — преднојазична согласка каде јазикот може да има рамен, вдлабнат или извиен облик articulated between the венецот (алвеола) и тврдото непце. Се нарекуваат и церебрални согласки.

Во меѓународната фонетска азбука (МФА), свиените согласки се означуваат со подредно ченгелче во долниот десен дел, како кај [ʂ ʐ ʈ ɖ ɳ ɭ ɽ ɻ]. Кај гласовите со релативно предна творба (на пр. кај венечното или задновенечното подрачје наместо тврдото непце), се означуваат со подредна долна црта (подвлечено); ова означување особено важи за [s̱ ẕ], додека другите вака означени гласови како [ṉ ḻ ḏ] се однесуваат на венечно-заднонепчени наместо на свиени согласки.

Иако нема прецизни податоци, се смета дека свиените согласки се присутни во 20% од јазиците на светот.[1].

Видови свиени согаски[уреди]

Според МФА, свиените согласки се претставуваат на следниов начин:

МФА Опис    Пример
Јазик     Правопис   МФА                      Значење      
Xsampa-n'.png свиена носна согласка шведски Vänern [vɛː.neɳ] Венерн
Xsampa-t'.png безвучна свиена избувна согласка хинди टापू (āpū) [ʈaːpuˑ] остров
Xsampa-d'.png звучна свиена избувна согласка шведски nord [nuːɖ] север
Xsampa-s'.png безвучна свиена струјна согласка мандарински 上海 (Shànghǎi) [ʂɑ̂ŋ.xàɪ] Шангај
Xsampa-z'.png звучна свиена избувна согласка руски
полски
жаба
żaba
[ʐaba] жаба
Xsampa-rslash'.png свиена приближна согласка тамилски தமிழ் (Tamil) [t̪ɐmɨɻ] тамилски
Xsampa-l'.png свиена странична приближна согласка шведски Karlstad [kʰɑːɭ.sta] Карлстад
Xsampa-r'.png свиена едноударна согласка хауса shaara [ʃáːɽa] метење
 (ɺ̢) свиена странична едноударна согласка паштунски ړوند [ɺ̢und] слеп
ǃ˞ (‼) (звучна) свиена чкрапава согласка среднобушмански [ɡǃ˞ú] вода

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Ian Maddieson (со глава од Sandra Ferrari Disner); Patterns of sounds; Cambridge University Press, 1984. ISBN 0-521-26536-3


Табела на белодробни согласки по МФАLoudspeaker.svg аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ kʟ̝̊
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.