Гласилна согласка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Места на
творба

Уснени
Двоуснени
Уснено–заднонепчени
Уснено–преднојазични
Усненозабни
Забноуснена

Двозабни

Преднојазични
Јазичноуснени
Меѓузабни
Забни
Забно-венечни
Венечни
Задновенечни
Заднонепчено-венечни
Свиени

Среднојазични
Задновенечни
Венечно-преднонепчени
Преднонепчени
Уснено-преднонепчени
Заднонепчени
Ресични
Ресично-надгласилни

Заднојазични
Голтнички
Надгласилно-голтнички
Надгласилни

Гласилни
Облик на јазикот

Врвнојазични
Рамнојазични
Подјазични

Странични

Преднонепчени
Голтнички

Поврзано: Начин на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Гласилна (грклена или глотална)[1] е согласка што се создава со гласилката („глотис“).[2] Многу фонетичари ги сметаат (барем струјните) за преодни состојби на гласилката без место на творба какво што имаат другите согласки, а некои воопшто не ги сметаат за согласки. Како и да е, гласилните гласови во многу јазици играат улога (т.е. се однесуваат како) согласки. На пример, во литературниот арапски јазик, највеќето зборови се образуваат од корен (основа) што се состои од три согласки и се вметнува во шаблонизирани состави на гласови. Гласилните согласки /h/ и /ʔ/ може да стојат на било кое место во трисогласната основа, исто како „нормалните“ согласки како што се /k/ и /n/.

Гласилни согласки според МФА[уреди]

Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), гласилни согласки се следниве:

МФА Опис Пример
Јазик Правопис МФА Значење
Xsampa-questionmark.png гласилна избувна согласка хавајски okina [ʔo.ˈki.na] окина
Xsampa-hslash.png мрморна гласилна „струјна“ согласка чешки Praha [ˈpra.ɦa] Прага
Xsampa-h.png безвучна гласилна „струјна“ согласка англиски hat [ˈhæt] шапка

Особености[уреди]

Во контекст на гласилните согласки, „струјните“ гласови не се вистински струјни согласки, туку поимот се користи од историски причини. Овие гласови претставуваат преодни состојби на гласилката (фонација) без конкретно место на творба. [h] е безвучен преод. [ɦ] е мрморен преод, и може да се претстави како [h̤].

Гласилната избувна согласка се јавува во многу јазици. Честопати на сите самогласни почетоци им претходи гласилна избувна согласка, како во германскиот јазик. Во хавајскиот, овој глас се претставува со апостроф (). Некои азбуки за оваа цел имаат дијакритички знаци, како што е хамзатаء⟩ во арабицата. Многу јазици во Средна Америка ја користат латиничната буква ⟨h⟩ за гласилната избувна согласка, додека малтешки ја користи буквата ⟨q⟩.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „глотален“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. „глотис“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). „The Sounds of the World's Languages“. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19814-8. 


Табела на белодробни согласки по МФАLoudspeaker.svg аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ kʟ̝̊
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.