| Безвучна преднонепчена избувна согласка |
| c |
|
|
| МФА-бр. |
107 |
| Шифрирање |
| Единица (дек.) |
c |
| Уникод (хекс.) |
U+0063 |
| X-SAMPA |
c |
| Киршенбаум |
c |
| Звук |
|
|
|
Безвучната преднонепчена избувна согласка (безвучен палатален плозив) е вид на согласен глас кој се јавува во некои јазици. Симболот за овој глас по МФА е c, а неговиот еквивалентен симбол по X-SAMPA е c.
Македонскиот и унгарскиот се едни од многу ретките јазици со вистински палатални плозиви. На македонски овој глас се бележи со буквата „ќ“. На унгарски се бележи со групата ty, а на албански со q.
Особености [уреди]
Безвучната преднонепчена избувна согласка ги има следниве особености:
- Начинот на творба е препречен, што значи дека се добива со попречување на воздушниот тек во говорниот апарат. Бидејќи согласката е воедно и усна, без носен испуст, воздушниот тек е сосема попречен, па затоа согласката е избувна.
- Местото на творба е преднонепчено, што значи дека се создава со средниот или задниот дел на јазикот кога е повишен до предното (тврдо) непце.
- Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Поврзано [уреди]
Библиографија [уреди]
- пренасочување Шаблон:Наведување/core/testing
| Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош] |
| Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка. |
| Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби. |
| * Симболот го нема во МФА. |