Безвучна двоуснена струјна согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Безвучна двоуснена струјна согласка
ɸ
МФА-бр. 126
Шифрирање
Единица (дек.) ɸ
Уникод (хекс.) U+0278
X-SAMPA p\
Киршенбаум P

 

Безвучната двоуснена струјна согласка е вид на согласен глас присутен во извесни јазици. Симболот во Меѓународната фонетска азбука за овој глас е ⟨ɸ⟩.

Особености[уреди]

Согласката ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е струен, што значи дека се добива со стеснување на воздушниот тек низ тесен провод во местото на творба, предизвикувајќи бурно струење.
  • Местото на творба е двоуснено, што значи дека се создава со двете усни.
  • Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Бидејќи гласот не се создава со воздушен тек по јазикот, за оваа согласка не важи двојбата „среднастранична“.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Јазици[уреди]

Јазик Збор МФА Значење Белешки
ајнски フチ [ɸu̜tʃi] баба
ангорски fi [ɸi] тело
еве[1] éƒá [é ɸá] тој мазнеше
ителменски чуфчуф [tʃuɸtʃuɸ] дожд
јапонски[2] 腐敗 фухај [ɸɯhai] распаѓање Алофон на /h/ пред /ɯ/.
каинганшки fy [ɸɨ] семе
квама [kòːɸɛ́] кошница
маоански [ʔɑ̄ˈɸɑ́ŋ] празен
маорски whakapapa [ɸakapapa] родослов
одуди pagai [ɸɑɡɑi] кокосов орев
туркменски fabrik [ɸabrik] фабрика
шпански андалузиско наречје[3] los viejos [lɔh ɸjɛhɔ] старите Алофон на /b/ по [h].

Наводи[уреди]

Библиографија[уреди]

  • Ladefoged, Peter (2005), „Vowels and Consonants“ (Second издание), Blackwell 
  • Pérez, Ramón Morillo-Velarde; Aguilar, Rafael Cano; Jiménez, Antonio Narbona (1998), „El Español hablado en Andalucía“, ISBN 84-344-8225-8 
  • Okada, Hideo (1991), „Phonetic Representation:Japanese“, „Journal of the International Phonetic Association“ 21 (2): 94–97, doi:10.1017/S002510030000445X 

Поврзано[уреди]


Табела на белодробни согласки по МФАLoudspeaker.svg аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ kʟ̝̊
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.