Начин на творба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Органи за говор.

Во фонологијата, начин на творба (артикулација) означува како јазикот, усните, вилиците и другите говорни органи се инволвирани во процесот на правење на гласовите. Најчесто самиот овој концепт се користи само за согласките. За едно место на формирање на гласот може да има неколку начини на формирање на гласот и поради тоа има повеќе хоморгански согласки.

Еден параметар на начинот на творба е структурата, односно колку блиску говорните органи се во сооднос еден со друг. Други параметри се на пример инволвирање на гласовите „ар“ и струјните согласки. Често и насализацијата е вклучена, но некои лингвисти како Питер Ледфогид не ја вклучуваат неа.

Структура[уреди]

Спрема структурата, гласовите можат да се поделат како допирачки согласки (тотално блокирање на воздухот), струјни согласки (делумно допирање на воздухот) и самогласки (слободен проток на воздух).

Поврзано[уреди]