Уснена согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Места на
творба

Уснени
Двоуснени
Уснено–заднонепчени
Уснено–преднојазични
Усненозабни
Забноуснена

Двозабни

Преднојазични
Јазичноуснени
Меѓузабни
Забни
Забно-венечни
Венечни
Задновенечни
Заднонепчено-венечни
Свиени

Среднојазични
Задновенечни
Венечно-преднонепчени
Преднонепчени
Уснено-преднонепчени
Заднонепчени
Ресични
Ресично-надгласилни

Заднојазични
Голтнички
Надгласилно-голтнички
Надгласилни

Гласилни
Облик на јазикот

Врвнојазични
Рамнојазични
Подјазични

Странични

Преднонепчени
Голтнички

Поврзано: Начин на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Уснени согласки (лабијали)[1] Се согласки каде вршителот на гласовната творба е една или двете усни. Тука се изземени јазичноуснените согласки, каде врвот на јазикот оди кон задната страна на горната усна и затоа се сметаат за преднојазични (коронални). Двете (во голема мера) најстапени усни согласки се двоуснените (се создават со обете усни) и усненозабните (се создаваат со долната усна и горните заби). Обата бида се присутни во македонскиот гласовен систем. Други усни согласки се забноуснените (се изговараат со горната усна и долните заби), кои се обратен случај од усненозабните.

Во македонскиот јазик усни се гласовите б, п, м, в и ф,[2] од кои избувните [б], [п] и [м] се двоусни, а струјните [в] и [ф] се усненозабни.

Заоблувањето на усните (лабијализација) е честа карактеристика на споредната творба од приближен тип. Англиското /w/ е звучна лабијализирана венечна приближна согласка, која е многу почеста од чисто уснената приближна согласка. Во кавкаските јазици, лабијализираните среднојазични согласки како /kʷ/ и /qʷ/ се мошне застапени.

Меѓутоа, многу малку јазици прават разлика чисто помеѓу двоусни и усненозабни согласки, и фонемите најчесто се опишуваат како „усни“, што се смета за доволно точна определница. Еден јазик што прави таква разлика е еве, каде обата вида на струјни согласки се посебни, иако усненозабните се изговараат со поголема творбена сила.

Отсуство на усни согласки[уреди]

Додека највеќето јазици користат чисто усни фонеми, постојат неколку што ги немаат. Такви примери се тлингитскиот, ејачкиот (обата од семејството на-дене), вичитскиот (кадоанско семејство) и сите ирокески јазици освен черокискиот. Во сите нив усните согласки се присутни во заемки од англискиот.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „лабијал“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. Кепески, Круме (1990). „Граматика на македонскиот литературен јазик“ (X издание). Скопје: Просветно Дело. стр. 65. 
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). „The Sounds of the World's Languages“. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19814-8. 


Табела на белодробни согласки по МФАLoudspeaker.svg аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ kʟ̝̊
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.