| Звучна венечна странична струјна согласка |
| ɮ |
|
|
| МФА-бр. |
149 |
| Шифрирање |
| Единица (дек.) |
ɮ |
| Уникод (хекс.) |
U+026E |
| X-SAMPA |
K\ |
| Киршенбаум |
z<lat> |
|
Звучна венечна странична струјна согласка (звучен алвеоларен латерален фрикатив) е вид на поретка согласка присутна во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨ɮ⟩, а X-SAMPA ја претставува со K\.
Особености [уреди]
Звучната венечна странична струјна согласка ги има следниве особености:
- Начинот на творба е струен, што значи дека се добива со стеснување на воздушниот тек низ тесен провод во местото на творба, предизвикувајќи бурно струење.
- Местото на творба е венечно, што значи дека се создава при допир на врвот или рамниот дел на јазикот и забниот венец, па затоа може да биде „врвнојазична“ или „рамнојазична“.
- Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Согласката е странична, што значи дека се добива со насочување на воздушниот тек по страните на јазикот, наместо по средината.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Поврзано [уреди]
Библиографија [уреди]
- Ladefoged, Peter (2005). „Vowels and Consonants“ (II издание). Blackwell.
| Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош] |
| Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка. |
| Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби. |
| * Симболот го нема во МФА. |