Врвнојазична согласка
| Врвнојазична согласка | |
| ◌̺ | |
|---|---|
| МФА-бр. | 409 |
| Шифрирање | |
| Единица (дек.) | ̺ |
| Уникод (хекс.) | U+033A |
|
|
|
| Места на творба |
|---|
|
Уснени |
| Двоуснени |
| Уснено–заднонепчени |
| Уснено–преднојазични |
| Усненозабни |
| Забноуснена |
|
Двозабни |
|
Преднојазични |
| Јазичноуснени |
| Меѓузабни |
| Забни |
| Забно-венечни |
| Венечни |
| Задновенечни |
| Заднонепчено-венечни |
| Свиени |
|
Среднојазични |
| Задновенечни |
| Венечно-преднонепчени |
| Преднонепчени |
| Уснено-преднонепчени |
| Заднонепчени |
| Ресични |
| Ресично-надгласилни |
|
Заднојазични |
| Голтнички |
| Надгласилно-голтнички |
| Надгласилни |
|
Гласилни |
| Облик на јазикот |
|
Врвнојазични |
| Рамнојазични |
| Подјазични |
|
Странични |
|
Преднонепчени |
| Голтнички |
|
Поврзано: Начин на творба |
| Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
|
|
Врвнојазична согласка (апикална)[1] е глас што се создава со попречување на минувањето на воздухот со врвот на јазикот. Противположна е на рамнојазичната согласка, што се создава со попречување на воздухот со рамниот дел на јазикот (веднаш зад врвот).
Оваа разлика во творбата не е баш често застапена во рамките на поединечните јазици, и обично важи само за струјните и слеаните гласови. Така, македонскиот има само рамнојазични парници на [t]/[d], а англиските наречја имаат или врвнојазични или рамнојазични (не обете). Меѓутоа, некои варијанти на арапскиот како хадрамскиот, го реализираат [t] како рамнојазично, но [d] како врвнојазично.
Српскохрватскиот и баскискиот ја имаат оваа разлика кај венечните струјни согласки. Мандаринскиот ја корист кај задновенечните струјни гласови (т.н. „венечно-предонепчената“ и „свиената“ низа). Канадскиот јазик лилует ја има како споредно својство (со споредна творба) кај противположноста на веларизираните и невеларизираните струјни согласки. Многу австралиски јазици прават разлика помеѓу врвнојазична и рамнојазична творба кај носните, избувните и, најчесто, страничните приближни согласки.
Во Меѓународната фонетска азбука (МФА), врвнојазичните гласови се означуваат со дијакритичкиот знак U+033A ̺ придружнен подреден превртен мост (HTML: ̺).
Поврзано [уреди]
- Преднојазична согласка
- Рамнојазична согласка
- Подјазична согласка
- Место на творба
- Звучна врвнојазичновенечна струјна согласка
Наводи [уреди]
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). „The Sounds of the World's Languages“. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19814-8.
- ↑ Наречена и апикал.