Преднојазична согласка
| Места на творба |
|---|
|
Уснени |
| Двоуснени |
| Уснено–заднонепчени |
| Уснено–преднојазични |
| Усненозабни |
| Забноуснена |
|
Двозабни |
|
Преднојазични |
| Јазичноуснени |
| Меѓузабни |
| Забни |
| Забно-венечни |
| Венечни |
| Задновенечни |
| Заднонепчено-венечни |
| Свиени |
|
Среднојазични |
| Задновенечни |
| Венечно-преднонепчени |
| Преднонепчени |
| Уснено-преднонепчени |
| Заднонепчени |
| Ресични |
| Ресично-надгласилни |
|
Заднојазични |
| Голтнички |
| Надгласилно-голтнички |
| Надгласилни |
|
Гласилни |
| Облик на јазикот |
|
Врвнојазични |
| Рамнојазични |
| Подјазични |
|
Странични |
|
Преднонепчени |
| Голтнички |
|
Поврзано: Начин на творба |
| Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
|
|
Преднојазични согласки (коронални) се согласки што се создаваат со свитливиот преден дел на јазикот. Само преднојазичните согласки можат да се поделат на врвнојазични (апикални), рамнојазични (ламинални), засводени (јазикот е збран) и подјазични (субапикална), како и неколку поретки ориентации,[1] бидејќи само предниот дел на јазикот има способност за такви спретни движења. Преднонепчените согласки имаат и друга димензија - „зажлебеност“, со која се создаваат шушкави согласки заедно со горенаведените ориентации. Во арапската и малтешката филологија, т.н. „сончеви букви“ означуваат преднојазични согласки.
Во македонскиот јазик преднојазични се гласовите з, с, ж, ш, н, д, т, л и р (погл. примерите подолу).
Во австралиските јазици, педнојазичните се спротивни на крајните (периферни) согласки.
| Рамнојазични | Врвнојазични | |||
|---|---|---|---|---|
| Венечно- преднонепчени |
Забни | Венечни | Свиени | |
| Избувни | c ~ t̠ʲ | t̪ | t | ʈ |
| Носни | ɲ ~ n̠ʲ | n̪ | n | ɳ |
| Странични | ʎ ~ l̠ʲ | l̪ | l | ɭ |
Места на творба [уреди]
Местата на творба на преднојазичните согласки се: горните заби кај забните согласки, горното непце (забниот венец) кај венечните согласки, веднаш зад тоа се образуваат разните задновенечени согласки (засводена преднонепчено-венечна, рамнојазична задновенечна согласка и врвнојазична свиена согласка), вистинските свиени согласки (каде јазикот е збран до тврдото непце) и јазичноуснените согласки, каде јазикот ја допира горната усна.
| МФА (симбол) |
Согласка | Пример | МФА (изговор) |
|---|---|---|---|
| z | звучна венечна струјна согласка | зима | /zima/ |
| s | безвучна венечна струјна согласка | соба | /sɔba/ |
| ð | звучна забна струјна согласка | that (англ.) | /ðæt/ |
| θ | безвучна забна струјна согласка | thud (англ.) | /θʌd/ |
| ʒ | звучна задновенечна струјна согласка | жена | /ʒɛna/ |
| ʃ | безвучна задновенечна струјна согласка | штит | /ʃtit/ |
| n | венечна носна согласка | налог | /nalɔg/ |
| d | звучна венечна избувна согласка | дом | /dɔm/ |
| t | безвучна венечна избувна согласка | табла | /tabla/ |
| ɹ | венечна приближна согласка | reef (англ.) | /ɹiːf/ |
| l | странична венечна приближна согласка | лице | /lit͡sɛ/ |
| r | венечна трепетна согласка | рамен | /ramɛn/ |
| ɾ | венечна едноударна согласка | pero (шпан.) | /peɾo/ |
Поврзано [уреди]
- Врвнојазична согласка
- Рамнојазична согласка
- Среднојазична согласка
- Подјазична согласка
- Место на творба
Наводи [уреди]
- ↑ Погл. задновенечна согласка
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). „The Sounds of the World's Languages“. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19814-8.