Шушкава согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Начини на творба
Препречни
Избувни
Слеани
Струјни
Шушкави
Гласници
Носни
Едноударни
Приближни
Течни
Самогласка
Полусамогласка
Странични
Трепетни
Механизам
Белодробни
Исфрлени
Уфрлени
Чрапави
 
Алитерација
Асонанца
Поврзано: Место на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]
уреди

Шушкава согласка (сибилант)[1] е струјна или слеана согласка чиј начин на творба е насочување на воздушниот тек по јазикот кој води до остриот раб на забите, кои се држат доближени. Примери за шушкави согласки во македонскиот јазик се с, з, ч, џ и ж. Меѓународната фонетска азбука (МФА) истите ги бележи со [s] [z] [ʃ] [tʃ] [dʒ] [ʒ]. Од нив, ч и џ се слеани, а останатите се струјни гласови. Шушкавите согласки имаат својствен силен звук, поради што се користат вонјазично за добивање на нечие внимание („пст!“) или замолчување („шшш!“).

Кај венечните с’скави шушкави согласки с и з, задниот дел од јазикот образува тесен премин (се „зажлебува“) за да го сосредоточи воздушниот тек, со што се добива висок тон. Кај ш’шкавите струјни согласки како ш ч ж и џ, јазикот е порамен, па затоа тонот е понизок.

Поради нивната карактеристичната сила, дури и малите измени во обликот и положбата на јазикот се забележливи, што дава голем број на шушкави согласки што се разликуваат во рамките на поединечните јазици.

Видови на шушкави согласки[уреди]

Сите шушкави согласки се преднојазични, но нивната разновидност се должи на обликот на јазикот, местото на допир на јазикот и местото на допир на горниот дел од устата.

На звучна савојственост на шушкавите согласки влијаат следниве параметри:

Можни парници[уреди]

Ова се забележаните можности на парници наведени со некои јазици како пример. Дијакритичните знаци се упростени за читливост - на некои од паровите им требаат по два знака за точно да се опише нивната твроба.

МФА Облик на јазикот Место на творба (уста) Место на творба (јазик) Примери во јазици
[s̺̪ z̺̪] вдлабнат забно врвнојазично шпански s/z, кумејајски
[s̪ z̪] вдлабнат забно-венечно рамнојазично полски s, z; баскиски z, tz
[s̺ z̺] вдлабнат венечно врвнојазично шпански s; баскиски s, ts; мандарински s, z, c (врвнојазично, забно и венечно)
[s z] вдлабнат венечно врвнојазично или рамнојазично англиски s, z (венечно, рамнојазично или врвнојазично); шпански s/z
[s̻ z̻] вдлабнат венечно рамнојазично тода, убишки, апхаски
[ʃ ʒ] засводен задновенечно врвнојазично или рамнојазично англиски sh, ch, j, zh и француски ch, j ([ʃʷ ʒʷ])
[ʃ̻ ʒ̻] засводен задновенечно рамнојазично тода; баскиски x, tx
[ɕ ʑ] палатализиран задновенечно рамнојазично мандарински x, j, q; полски ć, ś, ź, dź; убишки; апхаски
[ŝ ẑ] (ад хок симболи) вдлабнат
(без празнина)
задновенечно рамнојазична убишки; апхаски
[s̱ ẕ][ʂ̻ ʐ̻] вдлабнат или рамен
(празнина под јазикот)
задновенечно рамнојазично полски sz, rz, cz, dż ([ʂ̻ʷ ʐ̻ʷ]); мандарински sh, zh, ch
[ʂ ʐ], [ṣ ẓ] и тн.1 вдлабнат задновенечно врвнојазично убишки; апхаски; кумејајски; тода
[ʂ ʐ] свиен преднонепчено (или задновенечно?) подјазично тода

  Овие гласови обично се претставуваат чисто како [ʂ ʐ]. Врвнојазичните задновенечни и подјазичните преднонепчени шушкави согласки не се разликуваат во ниеден јазик, но доколку се јави потреба, врвнојазичните заднонепчени гласови можат да се претстават со дијакритички знак за врвнојазичност како [s̠̺ z̠̺] или [ʂ̺ ʐ̺].

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „сибилант“ — Лексикон на македонскиот јазик на оф.нет
  • Bright, William (1978), „Sibilants and naturalness in aboriginal California“, „Journal of California Anthropology, Papers in Linguistics“ 1: 39–63 
  • Dalbor, John B. (1980), „Observations on Present-Day Seseo and Ceceo in Southern Spain“, „Hispania“ (American Association of Teachers of Spanish and Portuguese) 63 (1): 5–19, doi:10.2307/340806 
  • Hualde, José Ignacio (1991), „Basque phonology“, London: Routledge 
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). „The Sounds of the World's Languages“. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19814-8. 
  • Obaid, Antonio H. (1973), „The Vagaries of the Spanish 'S'“, „Hispania“ (American Association of Teachers of Spanish and Portuguese) 56 (1): 60–67, doi:10.2307/339038 
  • Shosted, Ryan K. (2006) Just put your lips together and blow? The whistled fricatives of Southern Bantu.