Звучна забна струјна согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Звучна забна струјна согласка
ð
МФА-бр. 131
Шифрирање
Единица (дек.) ð
Уникод (хекс.) U+00F0
X-SAMPA D
Киршенбаум D

 
Звучна забна приближна согласка
ð
ð̞

 

Звучната забна струјна согласка е вид на согласен звук кој се користи во некои јазици. Знакот според МФА е ð, а еквивалентиот знак по X-SAMPA е D. Забните струјни согласки се нарекуваат уште и „меѓузабни“ бидејќи тие често се изговараат со јазикот помеѓу горните и долните заби, а не само со притискање на задниот дел од забите, како кај другите забни согласки.

Кириличната буква за овој глас е ҙ, која се јавува во башкирскиот јазик.

Особености[уреди]

Звучната забна струјна согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е струен, што значи дека се добива со стеснување на воздушниот тек низ тесен провод во местото на творба, предизвикувајќи бурно струење. Го нема зажлебениот јазик и насочениот воздушен тек, ниту пак високата фреквенција на шушкавите согласки.
  • Местото на творба е забно, што значи дека се создава со јазикот во допир со горните или долните заби или обете. (Највеќето избувни и течни согласки што се опишуваат како забни се всушност забно-венечни.)
  • Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Јазици[уреди]

Во следниве транскрипции, подредниот дијакритички знак може да се употреби за означување на приближната согласка [ð̞].

Јазик Збор МФА Значење Белешки
албански i verdhë [i vɛːɾð] 'злато'
алеутски Аткански дијалект dax̂ [ðɑχ] 'око'
англиски this [ðɪs] 'ова'
арапски Стандарден[1] ذهب [ðaˈhab] 'злато'
берта [fɛ̀ːðɑ̀nɑ́] 'мете'
велшки bardd [bɑrð] 'бард'
гвичински niidhàn [niːðân] 'сакаш'
грчки δάφνη [ˈðafni] 'дафина', 'ловор'
дански vide [ˈʋiːðə] 'знае'
елфдалски baiða [ˈbaɪða] 'чека'
западен новоарамејски ? [aħːað] 'еден'
кабилски uḇ [ðuβ] 'истоштен'
каталонски[2] cadàver [kəˈðaβə] 'мртовец'
окситански гасконски que divi [ke ˈðiwi] 'што јас треба...'
португалски европски[3] nada [ˡnaðɐ] 'ништо' Северни и централни дијалекти.[4]
сардински nidu [ˡniðu] 'гнездо'
свахили dhambi [ðɑmbi] 'грев'
сиуански лакота ? [ˈðaptã] 'пет'
тамилски ஒன்பது [onbʌðɯ] 'девет'
танана dhet [ðet] 'џигер'
тучонски Северен edhó [eðǒ] 'кожа'
јужно наречје adhǜ [aðɨ̂]
фиџиски ciwa [ðiwa] align="center"| 'девет'
хан ë̀dhä̀ [ə̂ðɑ̂] 'кожа'
харасиски [ðebeːr] 'пчела'
шпански[5] dedo [ˈd̪e̞ð̞o̞] 'прст'

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]


Табела на белодробни согласки по МФАLoudspeaker.svg аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ kʟ̝̊
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.