Велшки јазик

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Велшки јазик
Cymraeg или Gymraeg 
Изговор: к‘мрaаиг
[kəmˈrɑːɨɡ]
Зборуван во: Велс, Велика Британија, Аргентина, САД, Канада, Нов Зеланд
Вкупно говорници:
Јазично семејство: Келтски
 индоевропско
  Велшки јазик 
Писмо: Велшка азбука
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2:
ISO 639-3:

Велшкиот јазик (Cymraeg или y Gymraeg) спаѓа во групата на келтски јазици од британската подгрупа на келтските јазици. Велшкиот јазик се зрорува на територијата на Велс од околу 611.000 луѓе и на некои предели од Англија со околу 130 000 познавачи на јазикот. Надвор од Велс, најголемата популација (околу 5 000 луѓе) го зборува овој јазик и живее во Патагонија. Велшкиот јазик исто така се зборува и во Велика Британија, САД, Канада и Австралија.

Постојат два дијалекти на велшкиот јазик: северен и јужен.

[уреди] Историја

Во периодот на Римската империја, келтските јазици успеале до некаде да се заштитат и опстојат. Самиот велшки јазик датира од околу 6 век и 8 век, период кога во Англија започнало населување на германските племиња и прогонување на келтите од Англија кон тогашните области Велс, Корноулм, Камбрија и Бретања. Овој период од настанувањето на велшкиот јазик е позната како рановелшки период, период кога за прв пат се споменува велшкиот казик. Старовелшкиот период го опфаќа периодот од 9 век до 11 век. Периодот од 12 век до 14 век е познат како средновелшки период кој најмногу се одликува со создавање на претежно религиозни текстови. Периодот пак од 14 век до 15 век е познат како нововелшки период, каде најголемо значење се одава на преводот на Библијата од страна на Вилијам Морган во 1588 година. Токму овој превод подоцна одиграл голема улога во кодификацијата на велшкиот литературен јазик, и покрај тоа што тој процес не е довршен и до ден денеска поради големите разлики кои се појавуваат во дијалектите помеѓу северот и југот.


[уреди] Современ статус

Периодот од 19 век се до денес се одликува со намалување на бројот на население кое го зборува велшкиот јазик заменувајќи го со англискиот јазик. Така, во 1891 година, 54% од вкупниот број на населението на Велс се изјасниле дека го знаат и зборуваат велшкиот јазик, додека во 1981 година тој процент бил само 19%. Во 2001 година процентот се зголемил благодарение на големите кампањи кои се покренале сѐ со цел да се заштити и зачува јазикот.

[уреди] Видете исто така