Аргентина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аргентина
República Argentina
Гесло"En unión y libertad"  шпански
„Во единство и слобода“
ХимнаХимна на Аргентина

Аргентина е во црно зелена.

Аргентина е во црно зелена.

Главен град
(и најголем)
Буенос Аирес
34°36′ ЈГШ 58°23′ ЗГД / 
Службен јазик Шпански(de facto)
Народности  Белци (97%); Местици, Америндијанци (3%)[1]
Демоним Аргентинци
Уредување Федеративна република, репрезентативна демократија,
 -  Претседател на Аргентина Кристина Фернандез де Кирхнер
 -  Заменик Претседател на сенатот
Амадо Боудо
 -  Претседател на врховен суд Рикардо Лоренцети
Законодавство Национален конгрес на Аргентина
 -  Горен дом Сенат
 -  Долен дом Собрание
Независност од Шпанија 
 -  Мајска револуција 25 мај 1810 
 -  Независност 9 јули 1816 
 -  Тековен устав 1 мај 1853 
Површина
 -  Вкупна 2.780.400 км2 (8)
 -  Вода (%) 1.57
Население
 -  проценка за 2013 41,660,417[2] 
 -  Попис 2010 40,117,096[3] (32-ра)
 -  Густина 15.17 жит/км2 (207-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2012
 -  Вкупен $746.927 билион[4] (22-ра)
 -  По жител $18,205[4] (51st)
БДП (номинален) проценка за 2012
 -  Вкупно $474.812 билион[4] (27-ма)
 -  По жител $11,572[4] (62)
Џини (2009) 0.458[5] (висок
ИЧР (2013) 0.811[6] (многу висок) (45-та)
Валута аргентински пезос (ARS)
Часовен појас ART (UTC−3)
Датумски формати дд.мм.гггг
Се вози на десно
НДД .ar
Повик. бр. +54

Република Аргентина (шпански: República Argentina) е држава во Јужна Америка, сместена меѓу Андите на запад и Атлантскиот Океан на исток. Се граничи со Парагвај и Боливија на север, Бразил и Уругвај на североисток и Чиле на запад. Главен град на државата е Буенос Аирес, каде живее повеќе од една четвртина од населението кое брои (39.144.753 жители).

Етимологија[уреди]

Името на Аргентина доаѓа од латинскиот збор argentum (сребро). Тој збор влече корени од старогрчкиот збор ἀργήντος (argēntos), "бело, сјајно". Αργεντινός е старогрчки епитет што значи "сребрен". Првите кои го употребиле зборот Argentina се Шпанските и Португалските колонизатори на Рио де Ла Плата во 16 век. Рио де Ла Плата значи "Сребрена Река" на шпански јазик.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Аргентина.

Територијата на денешна Аргентина била ретко населена пред доаѓањето на европските колонисти. Индијанскиот народ Диагуита живеел на овие простори во денешна северозападна Аргентина, во соседство со Империјата на Инките, а недалеку, односно источно живеел и опстојувал народот Гварани.

Првите европјани на оваа територија стапнале во 1502 година, на чело со Америго Веспучи. Шпанците основиле стална колонија на местото каде денеска се наоѓа престолнината на Аргентина, Буенос Ариес во 1580 година, како дел од Вицекралството Перу. Вицекралството било формирано во времето на Карло V, цар на Светата Римска империја на 20 ноември 1542 година со потпишувањето на кралскиот декрет во Барселона. Веднаш по ова започнала граѓанската војна помеѓу Франциско Пизаро и Диего де Алмагро за тоа кој да управува со Перу.

По создавањето на Вицекралството Рио де ла Плата во 1776 година, Аргентина заедно со денешните земји Парагвај, Уругвај и голем дел од Боливија биле вклучени во нејзиниот состав. Престолнина на вицекралството бил градот Буенос Аирес, кој станал голем трговски и финансиски центар. Ова вицекралство било формирано во 1776 година по неизиното одвојување од Вицекралството Перу. Целта на формирањето била заштита на шпанските колонии од се почестите англиски и португалски амбиции за овој регион. Веќе во 1810 година започнало пропаѓањето на вицекралството по објавувањето на независност на Аргентина и Уругвај во 1810 година под името Соединетите покраини на Рио де ла Плата а во 1816 година објавила и независност, потоа Парагвај во 1811 година, Боливија во 1825. Уругвај пак во периодот од 1816 до 1828 година се борел против Бразил и Португалија кои сакале оваа територија даја приклучат кон нивната држава.

Во втората половина на 19 век, Аргентина се развила главно поради својата добра географска положба и пред се излегувањето на море. Во периодот од 1865-1870 година, Аргентина заедно со Бразил и Уругвај воделе војна против Парагвај.

Во текот на модерната историја на Аргентина, на чело на земјата застанале поголем број на избрани власти и воени диктатури. Социјалните и политичките прилики довеле до доаѓање на власт на Хуан Доминго Перон во 1946 година. Самиот Перон спровел агресивна политика во земјата, главно насочена кон зајакнување на земјата. Хуан Доминго Перон на власт се задржал до 1955 година, кога на негово место застанал со воен удар Едвардо Лонарди. Перон бил принуден во прогонство и покрај тоа што останал многу популарен во земјата.

Во текот на 1960-тите, власта се обидела да се соочи со проблемите околу економскиот раст на земјата и социјалните проблеми. Во следните години владееле голем број на немири помеѓу приврзаниците на Перон и неговите непријатели. Така, на крај Перон се вратил од прогонство и на изборите во 1973 година победил на изборите. Тој починал во 1974 година, а власта по ова била превземена од страна на милитаристите. Земјата и во следните години се соочила со неповолната економска состојба.

Овој период од историјата на Аргентина е познат и како гнасен или валкан период, во кој биле убиени и затворени голем број на неистомисленици на воената диктатура, проследено преку кршење на основните човечки права. Се смета дека жртви на режимот биле околу 10.000 до 30.000 население. Сепак, милитаризмот на Аргентина дошол во криза главно поради нерешените економски проблеми на народот.

Во 1982 година се водела Фолкландската војна помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство за спорните Фолкландски острови, Јужна Џорџија и Јужните Сендвички острови. Во времето пред војната, Аргентина била зафатена од голема економска криза и граѓански немири против воената хунта која владеела од 1976.[7] Аргентинската воена власт настојувала да ја задржи моќта преку пренасочување на вниманието на јавноста на вековниот спор со Британија околу суверенитетот на островите[8], но не очекувала дека Британија ќе одговори со воена сила.[9] Суверенитетот на Фолкландските острови е предмет на тензии кој ескалирал кога на 19 март група најмени аргентински трговци го истакнале знамето на Аргентина на Јужна Џорџија, што подоцна било сметано за првиот офанзивен акт во војната. Аргентинската воена хунта, сметајќи дека Британија може да го засили военото присуство во јужниот Атлантик,[10] ја наредила инвазијата на островите за 2 април. Веста за инвазијата најпрво стигнала во Британија преку аматерско радио.[11] Британија најпрво била изненадена од нападот на Аргентина, и покрај повеќекратните предупредувања од своите морнарички офицери за можната инвазија.[12][13] Само неколку недели подоцна, Британците започнале поморска и воздушна офанзива, и за кусо време ги зазеле островите и ги заробиле сите аргентински војници што биле стационирани на нив.

По крајот на војната, под голем притисок на јавноста, во Аргентина конечно биле вратени политичките слободи па од 1983 година биле распишани демократски избори.

Географија[уреди]

Аргентина зафаќа површина од 2.766.889 км², од кои 2.736.691 км² на копно и 30.200 км² на вода. Аргентина е приближно 3.700 км долга од север до југ, и 1.400 км од исток до запад. Земјата, географски може да биде поделена на четири делови: од плодните полиња на пампас во центарот на државата, изворот на аргентинското агрикултурно богатство; рамната, богата со нафта висорамнината Патагонија во јужната половина на Огнената Земја; Суппропските рамнини на Гран Чако во северот; и верижниот Андите во должина на западната граница на Чиле.

Највисоката точка на Аргентина е лоцирана во Мендоза. Аконкагва, на 6.962 метри е највисоката планина во Јужна Америка и во западната полутопка. Најниската точка е Лагуна дел Кабон во Санта Круз, −105 метри под морскота ниво. Ова е најниската точка во Јужна Америка.

Земјата има терироријална претензија врз дел од Антартикот (непризнаена од ниедна земја) каде, од 1904 г. до денес има постојано присуство.

Флора и фауна[уреди]

Пампас[уреди]

Рамнините западно и јужно од Буенос Аирес. Наречени Хумид Пампа, тие покриваат повеќето од покраини на Буенос Аирес и Кордоба, и големи делови од покраините Санта Фе и Ла Пампа западниот дел од Ла Пампа и покраината Сан Луис исто така имаат рамнини (сувата Пампа). Гран Чако Регионот Гран Чако во северот на земјата има суви/мокри сезони. Најмногу со плантажи за памук. Ги покрива покраините Чако и Формоса. Покриена е со суптропски шуми, тундри и некои мочуриште, и голем број на растениски и животински врсти. Покраината Сантиаго дел Естеро лежи во посув регион на Гран Чако. Месопотамиа Земјата помеѓу реките Уругвај и Парана е наречена Месопотамија и е поделена помеѓу покраините Кориентес и Ентре Риос. Има рамнини поволни за растење на растенија и Ибера мочуриштата и централните Кориентес. Покраината Мисионес е повеќе тропска и припаѓа на бразилските висорамнини има суптропски дождовни шуми и водопадите Игуасу.

Патагонија[уреди]

Степите на Патагонија во покраините Неуквн, Рио Негро, Чубут и Санта Круз се од трето потекло, повеќето од регионите се пустински. Огнената Земја е ладна и мокра Креирана од океански влијаења северна Патагонија. Северна Патагонија можат да се најдат и под името Комахуе.

Западно Централната Аргентина е доминирана од огромните планини Андите. На нивниот исток има еден регион Познат како Кујо. Топењето на водите од височините на планините создадиле ОАЗИ на центарот на богато со овошје и вино во покраините Мендоза и Сан Хуан. Подалечните северни региони стануваат се потопли и се посуви. НОА или Северозапад Овој регион е повисок од просечните планини. Повеќе паралелни планински венци имаат врвори повисоки од 6000 м, тие доминираат со областа. Овие венци стануваат се пошироки како одат накај север тие се исечени од плодни речни корита. Најважни се Чалмахуи долините во покраините Катамарка, Тукуман и Салта. Тропската куприкон оди преку делечниот Север на регионот.

Реки и езера[уреди]

Поголемите реки во Аргентина се: Пилкомајо, Парагвај, Бермејо, Колорадо, Рио Негро, Соладо, Уругвај и најголемата Парана. Последните две се соединуваат пред да се влеат во Атланскиот океан, формирајќи ја Рио Де Ла Плата. Регионално најважните реки се Ауел и Мендоза во истонаречената покраина Чубут во Патагонија, Рио Гранде во Хухуј и Сан Франциско во Солта. Има неколку големи езера во Аргентина повеќето од нив во Патагонија.заедно со нив се Аргентино и Виедма во Санта Круз, Нахуел Хуато во Рио Негро,Фагноно во Огнена Земја, Кохуе Хуати и Мустерс во Чубут. езерата Буенос Ариес и О’Хигнис/Сан Мартин се поделени со Чиле. Кордоба се најголемите Солени езера во земјата. Брегови и мориња Аргентина има 4.665 km долг брег. Континенталната платформа е необично долга; Во Аргентина ова плитко место во Атланскиот Океан се вика Мар Аргентино. Водите се богати со риби и се сомнева дека во неа се има важно хидројаглеродно богатсво. Аргентинскиот брег варира помеѓу места со песочни плажи и со гребени.Две поголеми океански струи влијаат на брегот се Топлата Бразилска Струја и Ладната Фаркланд Струја. Поради различната брегова височина, двете струи го зголемуваат или намалуваат своето влијаење и не дозволуваат тампературата да се намалува правопропорционално со височината. Јужните брегови на Огнената Земја го формираат северниот брег на дракенскиот премин.

Клима[уреди]

Поради лонтудата и елевацијата на амплитудите, Аргентина е земја со многу клими. Како по правило, климата е со голема лепеза на температури од суптропски на север до субполарни на југ. Северот на земјата е карактеризиран со многу жешки суви лета со млаки и влажни зими, истотака и со периодични суши. Централна Аргентина има жешки лета со бури и ладни зими. Јужните региони имаат топли лета и ладни зими проследени со многу снег, посебно во планинските предели. Најжешката и најладната температура забележани во Јужна Америка се случиле во Аргентина. Рекордно жешко било во Вила Де Мариа во Кордоба на 2 јануари 1920 изнесувала 49.1 °C. Најниската температура која била забележана била -39 °C во Вале де лос Патос Поголемите во Сан Хуан, 17 јули 1972. Поголеми ветрови во Аргентина се ладниот Памперо кој дува на рамнините на Патагонија и во Пампас, Виенто Норте, топол ветер што дува на северот во средината или касна зима креирајќи благи услови. Зонда жежок сув ветер кој дува во западно-централна Аргентина.Исцедени од сите влаги за време на 6,000 метарското спуштање од Андите. Зонда може да дува со часови со брзина до 120 милји на час. Кога Зонда дува (Јуни-Ноември) снежни бури се појавуваат на повисоките височини.

Суестада или Југо-исток е слична на Нореастер иако ретко паѓа снег.двете се одликуваат со длабоко зимски низок притисок. Најчесто се појавува со доцна есен и зима по должината на бреговите на централна Аргентина најчесто во Рио де ла Плата. Во јужните региони обично на далечен југ за време од ноември до февруари се појавува феномен на повеќе дневна светлина (до 19 часови) и продолжени ноќи од мај до август. Најисточната точка на Аргентина е градот Бернардо де Иригојен, Мисионес ( 26°15′S, 53°38′W), нај западната точка е Марианно Морено Ранге во Санта Круз( 49°33′S, 73°35′W). Најсевернета точка е Гранде де Сан Хуан и Мојинете Реките во Хухуј ( 21°46′S, 66°13′W), и најјужната точка е Капе Сан Пио во Огнена Земја( 55°03′S, 66°31′W). извор од Б.в.

Политички систем[уреди]

Административна поделба[уреди]

Карта на покраините во Аргентина

Аргентина е поделена на 23 покраини (provincias) и еден автономен град (ciudad autónoma). Сите имаат свои устави, но сепак сочинуваат една федерална целина.

Покраините потоа се делат на департмани (departamentos), освен покраината Буенос Аирес, која е поделена на делови (partidos).

Население, јазик и религија[уреди]

Во Аргентина живеат околу 40.134.000 луге, официјален јазик е шпански. Поголемиот дел од населението се католици.

Култура во Аргентина[уреди]

Аргентинците се мешавина на различни национални и етнички групи, доминанто потомци на италијански и шпански доселеници кои заедно сочинуваат околу 88% од населението. Брановите на имиграција од многу европски земји стигнале во Аргентина на крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Музика во Аргентина[уреди]

Спорт во Аргентина[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. http://www.bartleby.com/151/ar.html
  2. „Población por año y sexo. Total del país. Años 1950–2015“ (на Spanish). „Serie análisis demográfico nº30“. Instituto Nacional de Estadística y Censos. архивирано од оригиналот на 11 ноември 2013. http://web.archive.org/web/20131111044411/http://www.indec.gov.ar/nuevaweb/cuadros/2/e020301.xls. 
  3. „Población total por sexo, índice de masculinidad y densidad de población, según provincia. Total del país. Año 2010“ (на Spanish). „Censo Nacional de Población, Hogares y Viviendas 2010“. Instituto Nacional de Estadística y Censos. архивирано од оригиналот на 13 ноември 2013. http://web.archive.org/web/20131113165822/http://www.indec.gov.ar/nuevaweb/cuadros/2/e020202.xls. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Argentina – World Economic Outlook Database, October 2012“. Imf.org. 14 септември 2006. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2012/02/weodata/weorept.aspx?sy=2011&ey=2012&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=213&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC&grp=0&a=&pr1.x=42&pr1.y=16. 
  5. „Distribution of family income – Gini index“. „The World Factbook“. CIA. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/fields/2172.html. 
  6. „Argentina Country Profile: Human Development Indicators“. „Report 2013“. United Nations Development Programme. 2013. http://hdrstats.undp.org/en/countries/profiles/ARG.html. 
  7. Argentina - the horrors of a dictatorial past live on - Radio Netherlands Worldwide - English
  8. http://www.me.gov.ar/curriform/publica/sirlin_conv_dictadura.pdf Argentine Government
  9. La Nación / Islas Malvinas Online. „Haig: "Malvinas fue mi Waterloo"“. http://www.malvinasonline.com.ar/g82/artic/aresp004.htm#Haig. конс. 2006.  (шпански)
  10. En Buenos Aires, la Junta comenzó a estudiar la posibilidad de ocupar las Islas Malvinas y Georgias antes de que los británicos pudieran reforzarlas
  11. BBC NEWS | UK | How BBC man scooped invasion news
  12. Obituary: Captain Nicholas Barker | Independent, The (London) | Find Articles at BNET.com
  13. high cost of cuts, The | Spectator, The | Find Articles at BNET.com