Буенос Аирес (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За главниот град на државата, погл. Буенос Аирес.
Буенос Аирес
Buenos Aires
—  Покраина  —

Знаме

Грб
Местоположба на покраината Буенос Аирес во Аргентина
Координати: 33°42′ ЈГШ 61°00′ ЗГД / 
Земја Аргентина
Админ. центар Ла Плата
Делови 135
Управа
 • Управник Даниел Шоли (PJ)
 • Законодавен дом Претставнички дом (92)
Сенат (46)
 • Сојузна застапеност
70
 • Сојузни сенатори Анибал Фернандез, Ларија Лаура Легизамон, Хајме Линарес
Површина
1-ва
 • Вкупна 307.571 км2
Население (2010[1])
 • Вкупно 15.625.084 жит.
 • Ранг 1-ва
Час. појас ART (UTC−3)
ISO 3166 AR-B
Портал gba.gov.ar

Буенос Аирес (шпански: Provincia de Buenos Aires) е најселената покраина Аргентина. Главен град е Ла Плата (850.000 жители) и се наоѓа 50 км јужно од главниот град Буенос Аирес.

Географија[уреди]

Буенос Аирес има површина од 307.571 км² и се граничи со Рио Негро, Ла Пампа, Кордоба, Санта Фе и Ентре Риос. На исток излегува на Атлантикот. Воедно е и најголема покраина во Аргентина.

Претежно е рамничарска земја со исклучок на возвишенијата;Сиера де ла Вентана и Сиера де Тандил . Највисок врв е Серо Трес Пикос (1.239 м), а најдолга река е Саладо (700 км).

Клима[уреди]

Просечната температура во покраината изнесува помеѓу 13 и 17 °C. На брегот ветровите се студени и влажни. Има дождови од 500 дo 1.000 мм годишно.

Економија[уреди]

Развиено е сточарството, од кои најмногу овчарството, свињарството, и живинарството . Од големо значење е и млекарската индустрија.

Од земјоделските култури најмногу се одгледува соја, пченка, пченица, сончоглед. Има исто и маслинови полиња.

Од индустријата најразвиени се хемиската, металургијата, автомеханиката, текстилната индустрија и производството на храна. со учинок од 50% од вкупното производство во земјата.

Туризам[уреди]

Туризмот најзастапен е на атлантскиот брег. Познати туристички места се: Самборомбон Беј, Мар дел Плата и др.

Административна поделба[уреди]

Покраината е поделена на 134 административни делови (partidos)

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „República Argentina por provincia o jurisdicción. Densidad de población. Año 2010“ (на Spanish). „Censo 2010“. Instituto Nacional de Estadística y Censos. http://200.51.91.231/censo2010/. конс. 14 август 2012. 

Надворешни врски[уреди]