Пченка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Пченка
Илустрација на која ги има и машките и женските цветови на пченката
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Commelinidae
Ред: Poales
Фамилија: Poaceae
Род: Zea
Вид: Z. mays
Биномен назив
Zea mays
Л.

Пченката е значајна житна култура од семејството Poceae (или Gramineae) потекнува од новиот свет(н.е.), од каде се проширила низ целиот свет. Американските индијанци ги учеле колонистите како да одгледуваат пченка, вклучувајќи и неколку видови жолта пченка кои се уште се популарни како храна, како и видови црвени, сини, розеви и црни зрна често свиткани, со точки или пруги, кои денес се сметаат(користат) за украсни во САД и се нарекува индијанска пченка. Високото, едногодишно стебло и големи прави лисја со брановидни краеви. Пченката се користи како добиточна храна, храна за луѓето и како за индустриска обработка. Иако е главна храна во повеќе земји, инфериорна е во споредба со хранливата вредност на другите житарки. Деловите кои не се за јадење се користат во индустријата, стеблото за хартија и ѕидни плочи, лушпата за полнење, кочаните за гориво, за правење на дрвен јаглен и во подготовка на индустриски растворувачи.

Zea mays.jpg

Пченкарните лушпи имаат долга историја на користење во фолклорната уметност за предмети како амалии и кукли. Пченката е едно од најразнесуваните хранливи растеија во светот, по зaсаденостa е надмината само од пченицата и е најважна житна култура во САД.

Пченката е значајна житна култура, која освен во исхраната на луѓето, се користи како суровина во индустријата и за исхранување на домашните животни. Пченката најдобро успева во низините и во котлините каде што има доволно влага и топлина. Најпознти области за одгледување на пченка се: Мисисипската, Панонската, Ломбардиската, Блашката, Источно-Европската низина, Аргентина, Бразил, Мексико и други.

Најголеми извозници на пченка се САД, Франција и Бразил, а најголеми увозници се Јапонија и Германија.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици