Миравци
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
| Миравци | |
| Поглед на селото Миравци | |
| Координати41°18′28″N 22°26′5″E / 41.30778°N 22.43472°EКоординати: 41°18′28″N 22°26′5″E / 41.30778°N 22.43472°E | |
| Општина | Општина Гевгелија |
| Географски регион | Бојмија |
| Население (2002) | 1647 жители |
| Поштенски број | 1489 |
| Повикувачки број | |
| Надморска височина | 110 m |
| Селска слава | |
Миравци е село во Општина Гевгелија, во околината на градот Гевгелија.
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Миравци е село сместено во северниот дел на Гевгелиско - валандовската котлина, во северниот дел на Општина Гевгелија, од левата страна на реката Вардар. Селото лежи на 110 метри надморска височина, во алувијална рамнина, непосредно до старата траса на патот Демир Капија - Гевгелија. Од градот Гевгелија, Миравци е оддалечено 24 километри.
[уреди] Историja
До 2004 година, Миравци беше седиште на истоимената општина.
[уреди] Економија
Миравци има добра економска развиеност пред се поради земјоделството. Според структурата на атарот кој зафаќа површина од 28,8 km² (1707 ha шумско земјиште, 729 ha обработливо земјиште и 263 ha пасишта) селото има полјоделско-шумарска функција, но во преден план е полјоделството. Покрај основните полјоделски култури благодарение на суб-медитеранската клима во Миравци и околината успеваат и ран зеленчук (рани домати, краставици, компири, зелки, млад кромид и лук, марула) и некои тропски и медитерански овошја како киви, калинки, смокви и јапонски јаболка кои освен на домашните пазари во последно време и се извезуваат на странските. Во селото работат и земјоделска задруга и фабрички погон, повеќе колонијални продавници, а развиени се и трговијата и угостителството (неколку кафеани и кафе-барови).
[уреди] Демографија
Миравци е големо село и за разлика од мнозинството македонски села бележи постојан пораст на бројот на своите жители. Во 1961 година во Миравци живееле 1438 жители, од кои 1426 Македонци и 12 Срби. Според последниот попис од 2002 година, селото Миравци броело 1647 жители од кои:
- Македонци 1640
- Срби 6
- останати 1
Во селото доста е застапено младото население, и има повеќе семејства со 3,4 и 5 деца.
[уреди] Општествени институции
Во Миравци работат основно осумгодишно училиште „Свети Климент Охридски“, амбуланта, пошта, дом на културата „Ѓорѓе Митров“, а во непосредна близина е и железничката станица на пругата Скопје - Гевгелија -Солун. Во селото Миравци постои и црквата „Свети Константин и Елена“.
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
Над селото Миравци постои црквата „Свети Константин и Елена“ која е изградена во поново време, најверојатно на место од постара црква, со оглед на времето од кое датираат гробовите во нејзиниот двор. На ридовите над Миравци, кои се дел од источното подножје на планинскиот масив на Кожуф, се наоѓа излетничкото место „Бел Рај“. Во близината на селото Миравци, на патот кон селото Петрово се наоѓа и вештачко езеро.
[уреди] Цркви
[уреди] Редовни настани
Џура Мара Ова е настан кој може да се доживее само ако се присуствува на истиот. Девојките играат облечени во носија типична за Миравци а една жена облечена во црно има улога да внимава на орото да не фатат мажи.
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
На 10.04.2008 година, во културниот дом во селото Миравци во дискотеката „Парис“ беше оддржана полуфиналната вечер на „Гитаријада 2008“ со поддршка на Општина Гевгелија. Во селото постои и фудбалски клуб „ФК Миравци“ кој успешно се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига. Секоја година во селото Миравци се одржува и турнир во мал фудбал кој последниве две - три годими доби и меѓународен карактер www.tiho.com.mk