Добрејци

Координати: 41°27′38″N 22°39′8″E / 41.46056° СГШ; 22.65222° ИГД / 41.46056; 22.65222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Добрејци
Добрејци во рамките на Македонија
Добрејци
Местоположба на Добрејци во Македонија
Добрејци на карта

Карта

Координати 41°27′38″N 22°39′8″E / 41.46056° СГШ; 22.65222° ИГД / 41.46056; 22.65222
Општина Струмица
Население 1.507 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27022, 27522
Надм. вис. 230 мнв м
Слава Свети Илија
Добрејци на општинската карта

Атарот на Добрејци во рамките на општината
Добрејци на Ризницата
Добрејчани на селската чешма во 1941 година
Црква „Св. Илија“
ОУ „Сандо Масев“

Добрејци — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Добрејци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во Струмичко-радовишката Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 3 километри и претставува приградска населба.

Надморската височина во селото е 230 метри а површината на селото изнесува 552 ха. Селото се граничи со Баница, Струмица, Василево, Пиперeво, Просениково, Дабиле.

Денеска, селото се дели на Старо и Ново Добрејци. Новата населба се наоѓа западно од Старо Добрејци, и се разделени од Крива река.

Историја[уреди | уреди извор]

Легенда[уреди | уреди извор]

Во минатото, местото каде денеска се наоѓа Ново Добрејци се нарекувало Марино село, според неколкуте жени кои се викале Марина. Според легендата, селото било основано од сега напуштена населба помеѓу селата Водоча и Вељуса. Во таа населба постоела селска чешма која населението ја нарекуала Добринска чешма. Но во селото имало многу змии, па затоа жиелите на населбата го напуштиле местото и се населиле во месноста Црнилка. Но, поради појава на болести ѓителите биле принудени уште еднаш да основат нова населба, и тоа на местото на денешно Старо Добрејци. Поради тоа што им се допаднало новото место, населението започнало да го употребува терминот „Овде е добро“. Според ова, и селото го добило своето име - Добрејци.

Според друга легенда, името го добил според добрината на луѓето кои живееле во селото, додека според трета легенда, името на селото било според Добрин, жител на селото.

Османлиски период[уреди | уреди извор]

За првпат селото се споменува во 1519 година кога биле евидентирани 24 домаќинства.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Добрејци се состоело од 20 семејства и 72 жители Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Добрејци имало 250 жители Македонци[2][4].

Во селото како учител работел Коста Мазнејков во училиштето кое било основано во 1900 година.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 Македонци и работело егзархиско училиште[2][5].

Југословенски период[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, и подоцна Кралство Југославија.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 453 ха[6].

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948552—    
1953623+12.9%
1961743+19.3%
19711.122+51.0%
19811.608+43.3%
ГодинаНас.±%
19911.688+5.0%
19941.693+0.3%
20021.764+4.2%
20211.507−14.6%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.764 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.507 жители, од кои 1.373 Македонци, 1 Турчин, 4 останати и 129 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 160 552 623 743 1.122 1.608 1.688 1.693 1.764 1.507
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • ОУ „Сандо Масев“
  • Дом на култура
  • Земјоделско здружение Еко-Градинар
  • Земјоделско здружение ХортиЕко

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 1765 и 1766 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месната заедница.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.525 гласачи.[15]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.530 гласачи.[16]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Проф. д-р Илија Велев, роден во Добрејци 1959 година. Автор на повеќе од 300 научни трудови и 20-тина монографски книги.Во 2006 година добитник на најголемата награда за наука во Република Македонија за книгата Византиско-македонските книжевни врски. Покрај со наука, се занимава и со пишување на поетски и прозни дела. Член е и на Друштвото на писателите на Македонија. Иницијатор за прогласување на 2008 - Година на македонскиот јазик, а од Владата на Р Македонија е поставен за програмски координатор.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  6. „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  16. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]