Македонски Турци

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Турци
во Македонија
Makedonya'daki Türkler
Flag of Turkey.svg
Вкупен број на населението

77.959

Региони со значително население
Скопје, Гостивар, Радовиш, Струмица, Битола, Тетово, Ресен
Јазици
турски, македонски
Религии
ислам
Поврзани етнички групи
Турци и сродни народи

Македонски Турци (турски: Makedonya Türkleri) — трета по големина народност и второ по големина етничко малцинство во Македонија. Во пописот во 2002 година во Македонија како етнички Турци се изјаснале 77.959 граѓани или приближно 4% од вкупното население. Турците во Македонија се признато и полноправно малцинство. Единствената нивна религија е исламот. Народен празник на Турците во Македонија е „Денот на наставата на турски јазик“ (21 декември).

Турците, културата, правата и населението[уреди]

Над 77.000 Турци во Македонија зборуваат турски јазик на посебен и единствен македонски акцент. Турците прават околу 12% од македонското население со исламска вероисповед. Во одредени македонски основни училишта во чија околина има мнозинство турци има часови на турски јазик, но според закон наставата се држи со македонски учебници. Настава на турски се држи и во приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Турците се полноправни граѓани во Македонија, имаат радио и телевизиски канал во кој програмата се емитува единствено на турски јазик. Исто така Македонската телевизија емитува секој ден неколку часови со програма на турски јазик. Турците исто така имаат своја партија Демократска Партија на Турците на Македонија која има свој градоначалник во Центар Жупа (турски: Merkez Jupa) во која преовладува турското население (околу 80%).

Бројот на Турците во Македонија денес и во историјата[уреди]

Бројот на турското население во историјата според пописите[уреди]

Број на Турците во Македонија според пописите[1]
Попис Македонски Турци Вкупното население на Македонија % Македонски Турци
1953 203.938 1.304.514 15,63%
1961 131.484 1.406.003 9,35%
1971 108.552 1.647.308 6,58%
1981 86.591 1.909.136 4,53%
1991 77.080 2.033.964 3,78%
1994 78.019 1.945.932 4%
2002 77.959 2.022.547 3,85%


Турско население по општини според пописот во 2002[уреди]

Општина Турци
Скопје 8.595
Гостивар 7.991
Центар Жупа 5.226
Пласница 4.446
Радовиш 4.061
Струмица 3.754
Струга 3.628
Студеничани 3.285
Врапчиште 3.134
Дебар 2.684
Маврово и Ростуша 2.680
Долнени 2.597
Кичево 2.430
Охрид 2.268
Василево 2.095
Тетово 1.882
Ресен 1.797
Велес 1.724
Битола 1.610
Валандово 1.333
Штип 1.272
Боговиње 1.183
Прилеп 917
Карбинци 728
Конче 521
Теарце 516
Босилово 495
Дојран 402
Чашка 391
Пехчево 357
Демир Капија 344
Кочани 315
Крушево 315
Другово 292
Куманово 292
Вранештица 276
Виница 272
Неготино 243
Сопиште 243
Могила 229
Македонски брод 181
Кавадарци 167
Лозово 157
Делчево 122
Берово 91
Свети Николе 81
Петровец 75
Градско 71
Богданци 54
Демир Хисар 35
Гевгелија 31
Новаци 27
Илинден 17
Кратово 8
Пробиштип 6
Јегуновце 4
Брвеница 2
Дебарца 2
Крива Паланка 2
Желино 2
Зелениково 1

Список на македонски Турци[уреди]

Име Време на живеење Професија Турски линк
Армандо Алемдар 1972 Уметник [2]
Текин Арибурун 1905-1993 Командер во Турската армија [3]
Муамет Асановски 1991 Спортист [4]
Хусеин Авни Непознато-1915 Командер во Отоманската армија
Јахја Кемал Бејатли 1884-1958 Поет и автор [5]
Шебнем Ферах 1972 Пејачка
Илами Халими 1975 Спортист
Копрулу Хамди 1888-1920 Војник
Елјеса Касо 1961 Актер
Срѓан Керим 1948 Дипломат
Октај Махмути 1968 Спортист
Али Фети Окјар 1880-1943 Дипломат
Јксел Османовски 1977 Спортист
Ќазим Озалп 1880-1968 Турски војник и политичар
Сибел Реџеп 1987 Пејач
Ерман Шабан 1983 Актер
Ертан Шабан 1977 Актер
Ариф Сентурк 1941 Пејач
Тахсин Јазици 1892-1971 Офицер во Турската војска
Хусеин Авни Заимлер 1877-1930 Турски војник

Наводи[уреди]