Коста Мазнејков
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Коста Мазнејков | |
| македонски револуционер | |
| Роден | 1882 Струмица, Отоманска Империја, денес Македонија |
|---|---|
| Починал | 24 март 1903 Ињево, Радовишко, Македонија |
Коста Мазнејков бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.
[уреди] Биографија
Коста Мазнејков бил роден во 1882 година во Струмица, денешна Република Македонија. Бил ученик во селата Робово и Добрејци, а во периодот од 1899-1901 година заминал за Бугарија. По враќањето од Бугарија, тој станал радовишки регионален војвода на ВМОРО.
Во 1903 година дошло до обединување на неколку чети, и тоа четите на Христо Чернопеев, Коста Мазнејков, Тимо Ангелов и Никола Дечев.
Мазнејков учествувал во битката кај Готен, на планината Готен, Малешевско[1].
Во битката кај Ињево, која се одвила на 24 март 1903 година, Мазнејков заедно со околу 15 души загинал во борба против турскиот аскер.[2]