Општини во Македонија
| Република Македонија |
Оваа статија е дел од серијалот: |
|
|
|
|
|
Портал „Политика“ |
Општините во Македонија се административни единици од прв степен. Во август 2004 година, а дополнително во 2013, Македонија била реорганизирана на 80 општини од кои 10 го сочинуваат Градот Скопје, кој е посебна единица на локална самоуправа.
Во периодот од 1996 до 2004 година Македонија имала 123 општини, а со последната административна поделба бројот се намалил. Така, дел од општините останале непроменети, а дел биле споени со поголеми општини. По број на население и според пописот од 2002 година, најголема општина во Македонија е Куманово со 105.484 жители, а најмала е Општина Вевчани со 2.433 жители. По површина, најголема општина е Прилеп која има 1.194 km², а најмала е Општина Чаир со површина од 3,5 km².
Административната поделба на Македонија била сменета во 2013 година. Во 2013, по локалните избори на 24 март, општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј престанале да постојат и биле припоени кон Општина Кичево, со седиште во градот Кичево. Така бројот на општини од 84 се намалил на 80. Голем број граѓани не се согласувале со оваа промена, слично како промените во општините Струга, Чашка, Долнени, Сопиште, меѓу другите.
Покрај општините, административно Македонија е поделена и на 8 плански региони, но тие не се сметаат за првостепена административна поделба, туку како плански региони за развој.
Содржина |
Историја [уреди]
1952 - 1955 [уреди]
Во периодот од 1952 до 1955 година Народна Република Македонија имала повеќестепена административна поделба. Републиката била поделена на околии, потоа на градови, градски општини и општини.
1955 - 1957 [уреди]
Во периодот од 1955 до 1957 година Народна Република Македонија имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкупно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле 86 на број. Дел од овие општини го формирале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.
1957 - 1965 [уреди]
Во периодот од 1957 до 1965 година Народна Република Македонија, односно Социјалистичка Република Македонија, имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкипно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле вкупно 73, т.е. 61 на број според подоцнежното укинување на 12 општини. Дел од овие општини го формирале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.
1965 - 1996 [уреди]
Во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија бил донесен нов закон со кој биле укинати околиите и како единствена административна поделба останале само општините. Тогаш биле создадени нови општини кои опстојувале до 1996 година, кога биле укинати со закон на Република Македонија. Од 1965 до 1996 година во Македонија имало 32 општини, од кои неколку го формирале градот Скопје како посебна административна единица.
1996 - 2004 [уреди]
Во 1996 година бил донесен нов закон за територијална поделба на Македонија со кој се укинал законот на СР Македонија. Според тој закон Македонија имала 123 општини кои претставувале првостепена и единствена административна поделба.
Општини [уреди]
Во следната табела се наведени сите општини во Македонија по азбучен ред. Покрај тоа, во табелата има информации за седиштата на општините, кодовите, површината, населението и регионот во кој се наоѓаат истите. За знамињата и грбовите, видете ги галериите за општински знамиња и грбови.
Во март 2013 кон Кичево се припоиле следниве општини (горните податоци за Кичево се со вкупните податоци за сите пет поранешни општини):
| Грб | Општина | HASC[13] | ISO 3166-2:MK | Седиште на општината | Површина (km2)[14] |
Население (2002) |
Регион | Општински службени јазици |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Вранештица | MK.VC | MK-15 | Вранештица | 109 | 1.322 | Југозападен | македонски турски |
|
| Другово | MK.DR | MK-28 | Другово | 383 | 3.249 | Југозападен | македонски | |
| Зајас | MK.ZA | MK-31 | Зајас | 161 | 11.605 | Југозападен | македонски албански |
|
| Осломеј | MK.OS | MK-57 | Осломеј | 137 | 10.420 | Југозападен | македонски албански |
Означени карти со врски [уреди]
- Карта на општините во Македонија од 2004 до 2013 година
- Карта на општините во Македонија од 2013 година
Белешки [уреди]
↑ Општини, вкупно 10, кои го сочинуваат Град Скопје
↑ Хиерархиски административни поделбени кодови (HASC): поврзани со ISO поддржавните кодови
Наводи [уреди]
Поврзано [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Општини во Македонија“ |
- Административна поделба на Македонија
- Статистички региони во Република Македонија
- Знамиња на општините во Македонија
- Грбови на општините во Македонија
Надворешни врски [уреди]
- Министерство за локална самоуправа на Република Македонија
- Заедница на единиците на локална самоуправа на Република Македонија
- Државен завод за статистика на Република Македонија
- Општини во Македонија на Statoids (англиски)
|
||||||||||||||
|
|||||||||||