Куклиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куклиш

Поглед кон селото

Куклиш во рамките на Македонија
Куклиш
Местоположба на Куклиш во Македонија
Куклиш на карта

Карта

Координати 41°24′19″N 22°39′55″E / 41.40528° СГШ; 22.66528° ИГД / 41.40528; 22.66528Координати: 41°24′19″N 22°39′55″E / 41.40528° СГШ; 22.66528° ИГД / 41.40528; 22.66528
Општина Струмица
Население 2.172 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2410
Шифра на КО 27037, 27537
Надм. вис. 250 м
Слава Свети Атанасиј
Куклиш на општинската карта

Атарот на Куклиш во рамките на општината
Куклиш на Ризницата

Куклиш — село во Општина Струмица, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица. До 2004 година било седиште на своја Општина Куклиш.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куклиш се наоѓа во Струмичко Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 4 километри.

Надморската височина во селото е 250 метри а површината на селото изнесува 2198 ха.

Селото граничи со Градско Балдовци, Свидовица, Три Води, Дорломбос, Орманли, Сачево, Струмица.

Историја[уреди | уреди извор]

Домот на културата
Спомен Костурница
Спортска сала Тодор Александров
Црква „Св. Атанасиј“
Црква “Св. Петнаесет тивериополски маченици“

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Куклиш се состоело од 100 семејства со 306 жители Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Куклиш имало 700 жители Македонци[2][4].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 904 Македонци и функционирало егзархиско училиште[2][5].

Во селото имало комитет на ВМОРО, кој бил основан од страна на Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков[6].

Палење на селото[уреди | уреди извор]

Во 1904 година селото било запалено од страна на турската војска. Според преданијата, во овој напад загинале 38 селани, меѓу кои жена и дете а имало и силување од страна на аскерот. Според други извори, од вкупно 105 куќи во Куклиш, 64 изгореле целосно до темел.

На 3 февруари 1904 година Крсто Георгиев - Новоселски со својата мала чета слегол во селото. Тој во селото бил предаден па по него се упатил башибозукот од Струмица. Битката започнала уште во раните утрински часови и траела цел цен, сè до полноќ. Турците на неколкупати се обидувале да се доближат и да ја запалат куќата каде биле четниците, но секогаш биле одбивани со големи загуби. Околу полноќ опсадените, со силен налет, и фрлајќи бомби, си пробиле пат и се извлекле кон Беласица. Четниците поминале без ниедна жртва, а од Турците загинале 18 души, меѓу кои и еден офицер. Во овој број се нашол „пеливанот” Сефедин чауш, од блиското село Габрово. Турците гневни поради неуспехот да се зароби или убие војводата Крсто Георгиев - Новоселски, турскиот аскер веднаш почнал со палењето и крвавото плачкосување на целото село.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 600 ха[7].

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.317—    
19531.442+9.5%
19611.786+23.9%
19712.057+15.2%
19812.382+15.8%
ГодинаНас.±%
19912.555+7.3%
19942.517−1.5%
20022.532+0.6%
20212.172−14.2%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[8]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.532 жители.[9] и претставува најголемо село во Општина Струмица, како и едно од најголемите села во Струмичко Поле.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.172 жители, од кои 2.074 Македонци, 2 Албанци, 3 останати и 93 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 700 940 1.317 1.442 1.786 2.057 2.382 2.555 2.517 2.535 2.172
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 1827, 1828 и 1829 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.202 гласачи.[16]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.207 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Црква Св.Атанасиј
  • Манастир Св. 15 Тивериоплоски Маченици. Манастирот "Св.15 Тивериополски Маченици", е именуван на Светците коишто се од Солун, и за време на својата мисија за ширење на христијанството биле заробени и убиени во Куклиш на местото каде што денес се наоѓа манастирот. Коските на неколку од светците се наоѓат и денес во манастирот во Куклиш, а поголемиот број од нив се наоѓат во манастирот "Св. 15 Тивериополски Маченици" којшто се наоѓа во Струмица. Таков манастир посветен на "Тивериополски Маченици" има уште и во Солун од каде што се тргнале. Името Тивериополски го добиле по старото име на Струмица која тогаш се викала Тивериопол.
  • Спомен костурница на паднати борци од НОБ

Личности[уреди | уреди извор]

Борче Начев - глумец

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • ФК Кукла
  • KУД Браќа Минкови

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  6. Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ II, София, 1937, стр. 70.
  7. „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  17. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]