Друштво на писателите на Македонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лого на ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија (скратено, ДПМ) е професионално здружение на писателите од Македонија. Друштвото е формирано на 13 февруари 1947 година од страна на осум писатели: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески.

Претседател на ДПМ во два мандати бил Гане Тодоровски (1969-1971 и 1985-1986). Од јуни 2004 до мај 2006 на чело на ДПМ бил Трајан Петровски, кој на таа функција дошол на местото на Веле Смилевски. Од мај 2006 година, функцијата претседател на ДПМ ја вршел Јован Павловски, кој претходно, во два мандата бил на челната позиција на ДПМ.[1] Друштвото го издава и списанието „Стожер“.

Награди[уреди]

ДПМ доделува неколку книжевни награди, и тоа:

Наводи[уреди]

  1. Павловски, Јован (2004). „Друштво на писателите на Македонија 2000-2004: прилози за книжевниот живот во Република Македонија“. Друштво на писателите на Македонија. ISBN 9789989855061. 

Надворешни врски[уреди]