Бугарска егзархија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Железната црква „Свети Стефан“ во Цариград — катедрален храм на Бугарската егзархија до 1913 година
Карта на територии под јурисдикција на Бугарската егзархиja (1870-1913).

Бугарска егзархија (бугарски: Българска екзархия) — автокефална бугарска национална[1][2] црква, создадена на 28 февруари 1870 година.[3][4] Во 1950 година, името Бугарска егзархија е променето во денешното Бугарска православна црква. Во периодот 1870-1918 и 1941-1944 неjзината јурисдикција ги опфаќала целосно Бугарија, Македонија, и делови од Грција (Егејска Македонија), Турција (Одринска Тракија), Србија (реонот на Ниш, Пирот и Врање), Албанија (Мала Преспа) и Романија (Северна Добруџа).

Според одредени книги како таа од истражувањето на Васил К’нчов „Македонија. Етнографија и статистика“ (1900) [5], како и од истражувањето на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев „La Macédoine et sa Population Chrétienne“ (1905)[6] Егзархијата дејствувала на територијата на целиот регион Македонија.

Борба за возобновување на автокефалната бугарска црква[уреди | уреди извор]

Почеток на борбата[уреди | уреди извор]

По уништувањето на Бугарската патријаршија сите епархии преминале под директна контрола на Цариградската патријаршија. Во Отоманското Царство, во која православните христијани на Балканот биле организирани во општ Рум-милет, потчинет на Цариградската патријаршија, високиот клир бил составен претежно од Грци и во споредба со нивната национална Голема Идеја црковната политика била насочувана кон целосно укинување на образованието и црковните служби на словенски јазик и воведување на образование и служби на грчки јазик. Во крајот на 18 и почетокот на 19 век во повеќето епархии грчкиот јазик бил веќе доминантен. Друг важен фактор за појавување на незадоволство од клирот на патријаршијата во словенските епархии била широко распротстранетата корупција, бидејќи за скоро сите назначувања и дејства клирот барал да се плаќа. Зачувувањето на словенскиот јазик и создавањето на одделни бугарски црковни и образовни институции во тие услови биле прашања од првостепена важност.[7]

Првиот протест на национална основа против грчката политика бил кренат во градот Враца во 1824 година. Конкретниот повод бил новиот вонреден данок, побаран од грчкиот митрополит. Борбата за назначување на митрополит Бугарин продолжила неколку години и завршила во 1827 година со погубување на водачот на бугарската општина по обвинувања од страна на грчкиот клир пред отоманската власт во врски со Русија и потикнување на населението кон немири и востание. Во периодот до 1839 година слични протести со барања на прогонување на грчките митрополити и назначување на бугарски започнале и во други градови - Самоков, Стара Загора, Нова Загора, Казанлак. Во сите тие случаи Цариградската патријаршија ги одбила барањата на верниците и назначувала единствено лојални кон нејзината политика владици.[8]

Започнување на организираната борба[уреди | уреди извор]

Првиот бугарски храм "Свети Стефан" во Цариград
Иларион Макариополски (1812–1875)

Следниот веќе систематски организиран период во развојот на борбата започнал во 1839 година во градот Трново, каде во 1838 година бил назначен нов грчки владика, кој веднаш по неговото пристигнување побарал од верниците нови и повисоки даноци. Локалните бугарски водачи биле револтирани од тие барања, а исто така и од општиот непријателски однос кон Бугарите, и организирале акција за протерување на Митрополитот. Дополнителна храброст давал почетокот на реформи во Отоманското Царство (познати во историографијата како епоха Танзимат) и поточно програмата на султанот за промени Ѓулхански хатишериф од 1839 година, која содржела идеи за нови закони со гаранции за правата на сите поданици независно од нивната народност и вера. На крајот од годината од името на населението на 16 потчинети на трновскиот владика кази биле испратени молби до Цариградската патријаршија и владата на Отоманското Царство Гркот да биде заменет со Бугарин. За нов владика се предлагал Неофит Бозвели, роден во градот Котел, монах од Света Гора, публицист, писател и долгогодишен свештеник во Трново. Учесниците во бугарската делегација до Високата порта биле подмитени од Патријаршијата и нивната мисија пропаднала. Како обид за компромис во Трново бил назначен нов грчки митрополит, додека Бозвели бил определен за негов протосингел со перспектива во иднина да биде владика на градот Ловеч. По пристигнувањето на новиот грчки духовник во крајот на 1840 година односите со Бугарите останале напнати, Бозвели ја одбил позицијата на протосингел и се повлекол во еден соседен манастир. Овој акт бил прифатен од Патријаршијата како провокација и отворен бунт, за кое Бозвели бил уапсен и заточен во Света Гора. Во отсуство на нивниот духовен водач трновските Бугари времено ги прекинале протестите.[9]

По своето враќање од заточение во 1844 година Бозвели одлучил да ја продолжи борбата од Цариград, каде биле не само Високата порта, Патријаршијата и странските дипломатски претставништва, но исто така и многу влијателни членови на бугарската економска, интелектуална, политичка и административна елита, поддржувана од активната бугарска заедница, која броела повеќе од 30,000 луѓе. Меѓу најистакнатите водачи на Бугарите таму биле Стефан Богориди, Гаврил Крстевиќ и Иларион Макариополски. Макариополски, роден во градот Елена, бил монах од Света Гора и свештеник со релативно добро за овој период духовно образование. Уште во есента на 1844 година по совет на полскиот дипломат на француска служба Михаил Чајковски Бозвели и Макариополски составиле два опширни меморандуми до великиот везир со 6 основни барања: Бугарите да имаат клир од својата народност и клирот да се избира од епархиите; да се даде право за откривање на народни училишта; да се издаваат слободно бугарски весници и книги; да се изгради бугарска црква во Цариград; во бугарските градови да се создадат мешани бугарско-муслимански судови за заштита од конфликти со грчките структури; да се организира одделно бугарско административно тело, кое да има правото да контактира директно со Високата порта без учеството на патријаршијата. Во меморандумите политиката на грчкиот клир кон Бугарите се опишувала како деструктивна, Русија се обвинувала во цврста поткрепа на грчките интереси на штета на Бугарите и се потенцирало дека тие биле и останувале лојални граѓани на Отоманското Царство.[10] Со текот на времето поддршката за Бозвели и Макариополски во епархиите се засилувала, а цариградските бугарски еснафи ги избрале да бидат нивни претставници по сите прашања на верата. Каузата добивала дипломатско сочувство и помошт претежно од западните сили и навеќе од француските и полските дипломати, додека Русија продолжувала да ги брани интересите на Грчката патријаршија. Упорноста на бугарското движење го натерала грчкиот патријарх да побара крути средства за неговото прекинување и со таа цел двајцата водачи биле заточени во Света Гора, каде Бозвели умрел во 1848 година.

Во отсуство на Макариополски движењето било развиено од цариградската бугарска заедница и биле добиени првите успеси - во истата година било поткренато издавањето на првиот општобугарски "Цариградски весник", а со влијанието на Стефан Богориди бил донесен султански ферман за создавање на одделен бугарски храм со црковна општина во Цариград, кој бил осветен во 1849 година. Во таква ситуација избувнувањето на Кримската војна (18531856) времено го смирило грчко-бугарскиот конфликт и го одложило неговото решение.[11]

Од крајот на Кримската воjна до "Бугарскиот Велигден"[уреди | уреди извор]

При крајот на воjната во почетокот на 1856 година османската влада донела нова програма за реформи, позната како Хатихумјун. Со таа се гарантирале рамни права за сите поданици на империјата, вклучувајќи го правото на сите етнички и верски заедници да имаат посебни претставништва во Цариград, а исто и идна реорганизација на милетскиот систем.[12] На таква основа во крајот на годината од бугарските општини во Цариград заминале 40 ополномоштени лица, кои создале званично бугарско претставништво. Во наредниот период новата институција испратила околу 60 барања, кои биле поднесени на отоманската влада од името на сите Бугари. Основните цели на тие документи биле: возобновување на автокефалната бугарска црква; изградба на нова поголема црква во Цариград; Иларион Макариополски да биде епископ на бугарската црковна заедница во Цариград; денот на св. Кирил и Методиј (11 мај) да биде сенароден училиштен празник.[13]

Во истото време се рашириле и конфликтите меѓу грчките црковни структури и бугарските општини во провинциите. Во Пловдив грчкиот митрополит го забранил користењето на бугарскиот јазик во црквите во градот. Поради неговата одлука Бугарите од епархијата протестирале пред патријархот, но тој одбил да им даде поддршка. По судири меѓу Бугари и Грци во црквите во врска со пеење на бугарски црковни песни локалната отоманска власт одлучила да создава национална сегрегација - едни от црквите да бидат само за Бугари, а други само за Грци. Таквите методи се покажале како палијативни и не дале долгорочни резултати. Слични судири се случувале и во Хасково, Враца, Ловеч, Самоков. Централната отоманска влада побарала други средства за смирување и во есента на 1857 бил даден предлог до патријархот да се собере собор, кој да ги уреди бугарските прашања. Во работата на соборот право на учество имале трима бугарски претставници, но и по скоро две години работа не се дошло до општоприфатлив договор. Во светлото на негативниот развоj на преговорите бугарските водачи одлучиле дека компромис не е можен и Бугарите треба да се одделат од Цариградската патријаршија.

Актот на еднотстраното прогласување на независност од Патријаршијата бил остварен на Велигден, 3 април 1860 година - во време на свечената служба Иларион Макариополски не го спомнал името на грчкиот патријарх, но го заменил со името на отоманскиот султан. Службата се превратила во прослава на отцепувањето од страна на бугарската колонија во Цариград.[14] Веднаш потоа истиот акт бил повторен во уште триесетина цркви во провинцијалните градови. Со овоj чин бугарската црковна борба добивала нова димензија - старите барања на финансиски ред и права за Бугарите внатре во структурата на Цариградската патријаршија биле заменети од нова и радикална цел, создавање на одделна бугарска национална црква.[12]

Борба за озаконување на бугарската црква[уреди | уреди извор]

Бугарската гимназија во Болград, денес во Украина, основана во 1858

По еднотстраното прогласување на независност Грчката патријаршија одговорила со негирање законитоста на актот и репресии кон водачите (во 1861 година Иларион и неговите сојузници владиците Паисиj и Авксентиj биле заточени[15]), а во центрите на борбата во провинциите биле поткренати тортури и притисоци врз некои од главните деjци на црковното движење (на пример Димитар Миладинов бил уапсен на 16 јануари 1861 по барање на грчкиот клир со заповед на битолскиот валија и потоа затворен во Цариград, каде при неразјаснети околности умрел на 23 јануари 1862[16][17]). Независно од тие услови борбата продолжила и во провинциите процесот на завладување на локалните храмови и протерување на грчкиот клир и владици продолжил во целата наредна деценија. Во периодот не се намалувале и репресалиите од страна на грчиот клир против деjците на црковната борба (на пример на 27 ноември 1868 бил уапсен Григор Прличев[18]).

На дипломатскиот фронт поддршка давале Франција и Британската Империја, додека Русија била против отцепувањето на православните верници на Балканот во одделни цркви. Со содејство на Франција дел од бугарските деjци под водството на Драган Цанков, кои не верувале дека е можно конфликтот со Грчката патријаршија да се уреди во догледна иднина на мирен начин, организирале нов дел на бугарската црковна борба - влегле во унија со Римокатоличка црква, но го зачувале православниот обред. Бил ракоположен бугарски римокатолички архиепископ, но Русија одговорила со жестоки мерки на проширувањето на католичкото влијание - организирала киднапирањето на бугарскиот архиепископ.[19]

Во крајот на деценијата политиката на отоманските влади за неменување на статус квото и одложување на одлуката за промена била веќе кон својот крај. Факторите за тоа биле и внатрешни, и надворешни. Од една страна нови биле условите во епархиите со словенојазично мнозинство - во повеќето од тие региони по 1860 година грчкиот клир бил протеран од многу од храмовите и локалната црковната власт практично била во рацете на општините, а во училиштата се воведувал бугарски јазик. Позициите на водачите на движењето станувале поцврсти со текот на времето и враќане назад или компромис со програмата за независна национална црква не бил можен. Грчката патријаршија исто не покажувала дека се можни пофлексибилни односи. Паралелно со ова бугарското движење излегувало надвор од легалните форми на борба за национална еманципација и во 1860-те години биле поткренати револуционерни акции за политичко ослободување со воени средства, наjкарактеристични од кои биле двете Бугарски легии во 1862 и 1867 во Србија и комитските одреди, кои се префрлиле од Романија на територијата на империјата во 1867 и 1868.[20]

Надворешнополитичките фактори исто веќе биле други - по надминувањето на резултатите од поразот во Кримската воjна Русија побарала да се врати на Балканот како водечка сила, а по неjзиниот пораз во Пруско-австриската воjна активна политика кон Балканот прифатила и Австроунгарија. Поагресивна политика поткренале и младите балкански држави каj границите на Отоманското Царство и нивните национални револуционерни движења во Отоманското Царство.[21]

"Споменик на ослободувањето на бугарската црква од Грчката патријаршија", слика од 1872 година

Во почетокот на 1867 година бил избран нов патријарх, Григориј VI, кој ги направил последните обиди за решавање на спорот меѓу Бугарите и Патријаршијата внатре во постојните црковни структури. Со поддршка и содеjство на руските дипомати во Цариград во мај бил создаден план план за давање на полу автономен статут на бугарските општини. Се предвидувало да биде организирана одделна црковна област меѓу Дунав и Стара Планина, која вклучувала помалку од половината од териториите со бугарски црковни општини, и со делумна административна и финансиска независност од Цариград. Старите грчки митрополити требало да ги зачуват нивните позиции. Бугарските деjци отфрлиле грчко-рускиот план и во ноември оствариле контакти со руската влада и црква со барање на поткрепа за сопствените цели и интереси. Во истото време отоманската влада одлучила да игра активна улога, бидеjки проблемот веќе бил во фаза на сепаратистички пропаганди и акции на населението од стратегиски значаjни делови од отоманските територии во Европа во непосредна близина до метрополата Цариград и се поагресивни надворешни мешања со цел нови откинувања на отомански територии. Средувањето на бугарскиот проблем под контролот на Истанбул и во споредба со отоманските интереси било оценувано како основна задача за отоманската политика. Во октомври 1868 владата пратила писмо до Патријаршијата со планови за решавање на бугарското прашање по патот на создавање на независна бугарска црковна структура на сите територии, кои биле веќе одделени од грчката црква. Плановите биле прифатени од бугарските водачи, но биле отфрлени од високиот грчки клир, додека Русија одново побарала конфликтот да се реши без да се раскинува единството на православната црква, но со почитување на бугарските барања.

Во таа ситуација во почетокот на 1869 година отоманската влада назначила нова бугарско-грчка комисија под претседателството великиот везир со цел да се создаде прифатлив за сите страни проект. Истовремено отоманската влада издала заповед отоманските локални власти да не се мешаат во бугарско-грчките црковни односи, со која фактички се откажала да ги штити сѐ уште легалните грчки црковни структури и прифатила одделната бугарска хиерархија за дел од постојните институции. Грчките патријарх и Синод уште еден пат направиле неприфатливи за бугарската страна предлози за промени на отоманските планови во правец на поништување на реалната автономија на бугарската црква, со кое практично и завршила работата на заедничката комисија и отоманската влада одлучила да преземе еднотстрана одговорност за решавањето на конфликтот.[22]

Бугарската егзархија од султанскиот ферман од 1870 година до Руско-турската воjна[уреди | уреди извор]

Ферман на султанот Абдулазиз за создавање на Бугарската егзархија.
Бугарски црква и училиште во Констанца, Романија

На 28 февруари 1870 година султанот Абдулазиз I издал ферман, со кој се создавала одделна и самостојна бугарска црква со името Бугарска егзархиja, која била призната за официјален претставник на бугарскиот народ во Отоманското Царство.[23] Ферманот имал 11 членови, во кои биле опишани териториите, структурата и односите со отоманската држава и грчката Цариградска патријаршија. Членови 1-5 определувале да се состави Устав на Егзархијата, во споредба со кој да биде собран Синод како врховно раководство под претседателството на еден истакнат митрополит, кој ќе го носи името егзарх. Внатрешното управување, изборот на митрополити и на егзарх требало да се спроведува без никакво мешање од страна на грчкиот патријарх. По нивниот внатрешен избор егзархот и митрополитите се назначувале со посебна дозвола од султанот, нарекувана берат. Во членот 10 биле определени териториите под јурисдикција на Бугарската егзархиja: епархиите на Русе, Силистра, Шумен, Велико Трново, Софија, Враца, Ловеч, Видин, Ниш, Пирот, Ќустендил, Самоков, Велес, Варна (без самиот град и 20 села во околината), Сливен (без Поморие и Несебар), каза Созопол (без селата по брегот на Црно Море), Пловдив (без градовите Пловдив и Асеновград и уште 9 села и 4 манастири). Со цел да бидат заштитени правата на верниците насекаде во епархиите на Егзархијата, каде дел од населението би сакал да остане под власта на Патријаршијата, тоа било дозволено.[24] Во членот 10 исто така се определувал методот на идно проширување на териториите на Егзархијата:

Освен тие изброени и именувани места, ако православните жители на другите места сите или наjмалку двете третини побарат во нивните духовни работи да се потчинуваат на Бугарската егзархија, и кога тоа биде испрашано, ако добие потврдување и биде докажано, ќе им се дозволи.

Веднаш по одлуката на султанот постојниот неофицијален бугарски Времен совет во Цариград со согласието на отоманската власт организирал на 8 март собрание во состав од 40 луѓе, кои избрале званичен Времен совет и 15 луѓе, 10 граѓани и 5 митрополити, кои биле задолжени да го напишат Уставот на Егзархијата. Истовремено се поткренало и организирањето на гласање за пратеници во Црковно-народен собор, вклучувајќи ги и тие македонски и тракиски општини, кои не биле дел од егзархиските епархии во споредба со членот 10 на ферманот.[25]

Бугарскиот црковно-народен собор во Цариград во 1871 година

Проектот за Устав бил завршен во септември 1870 и на 23 февруари 1871 година бил собран Народниот собор во Цариград во состав Времениот совет и уште 35 претставници на епархиите. Право на официјално учество имале и претставниците на веќе гласаните епархии на Охрид и Битола, а исто така биле допуштени и другите пратеници од патријаршиските епархии во Македонија и Тракија независно од тоа што сѐ уште не биле дел од Егзархијата. Уставот бил усвоен на 14 мај и бил предаден на отоманската влада за одобрување, а соборот бил распуштен. Грчкиот патријарх ги објавил Уставот и самата Егзархија за противканонски и откажал да ги признае, а отоманската влада поткренала димпломатска игра на одлагање на својата одлука.[25]

Егзарх Антим I (1872-1877)

По редица дипломатски и политички судири и репресии врз водечките бугарски митрополити во февруари 1872 година во Цариград бил организиран масовен бугарски протест, по кој отоманската влада конечно го прифатила уставот и на 16 февруари 1872 бил избран првиот бугарски Егзарх Антим I. Како одговор на тоа Грчката патријаршија организирала своj собор во септември 1872 година, на кој бугарската црква била прогласена за неканонска и шизматичка,[26] која шизма не била симната дури до 1945 година.

Продолжил и процесот на организирање на гласање за официјално припојување кон Егзархијата во македонските епархии, кој завршил во Охрид и Битола во 1874 со резултат повеќе од две третини за Егзархијата. Во Охрид од општо 9,387 христијански фамилии само 139 луѓе гласале за останување во Патријаршијата, а во Скопје од 8,698 христијански фамилии 8,131 се присоединиле кон Егзархијата.[26][27][28][29][белешка 1][белешка 2]

Идниот период на внатрешни и меѓународни конфликти, поврзани со Априлското востание од 1876 година и руско-турската војна (1877-1878), станале причина за нови проблеми во развојот на Егзархијата. Во 1877 под притисок на отоманската власт бил отстранет Егзарх Антим I и за нов Егзарх бил избран митрополитот на Ловеч Јосиф I,[30] а во почетокот на воените деjства против Русија сите митрополити биле протерани од нивните епархии и притворени во Цариград, а исто така биле протерани или избегале многу свештеници и учители, во резултат на кое немалку училишта и цркви биле затворени.

Бугарската егзархија од Руско-турската воjна до Првата светска воjна[уреди | уреди извор]

Егзарх Јосиф I (1877-1915)

По крајот на руско-турската војна Бугарската егзархија се соочила со нови тешкотии. На митрополитите не им било дозволено да се вратат назад во нивните епархии, а исто така Северна Добруџа и реонот на Ниш, Пирот и Врање, кои по 1878 преминале во Романија и Србија, станале дел од Романската и Српската православна црква. По потпишувањето на мирот Егзархот престојувал во Пловдив, од каде се вратил во Цариград дури во 1880 во обид да ја одбрани целоста на црквата, бидеjки отоманската власт побарала Егзархијата да остане само во границите на новокреираното Кнежевство Бугарија, а сите други епархии да бидат дадени одново на грчката Цариградска патријаршија. Во членот 62 на Берлинскиот конгрес било запишано дека правото на слобода на сите религиозни организации во Отоманското Царство е заштитено, а членот 39 на бугарскиот Трновски устав ја прогласил бугарската црковна област за единствена и нераскинлива. На таа правна основа и под меѓународен притисок на 17 декември 1883 година султанот го потврдил деjството на ферманот од 1870 година и ги прифатил барањата на Егзархијата за црковна единственост и враќане на сите митрополити во епархиите од пред Руско-турската војна. Процесот на враќане всашност продолжил повеќе од една деценија. Бератите за митрополитите на Охрид и Скопје биле дадени во 1890, за митрополитите на Велес и Неврокоп во 1894, а за митрополитите на Битола, Дебар и Струмица во 1897 година. Во епархиите, кои останале под власта на Цариградска патријаршија, и поточно во нивните општини, кои ја отфрале Патријаршијата, било дозволено Егзархијата да има свои претставници, нарекувани екзархиски намесници, кои ги организирале црковното и образовното дело. Буџетот на Егзархијата бил општ и централно раководен, во него се влевале пари од сите епархии, а по средината на 1880-те и од буџетот на бугарската држава. Во крајот на 19 век од општо 1889 цркви и манастири во Македонија, од кои 135 манастири (без оние во Света Гора), 1232 цркви и 71 манастири биле на Бугарската егзархија, а останатите биле на Цариградската патријаршија или оспорувани.[31] Припадниците на Бугарската егзархија во Македонија во 1900 година биле 817,000[32] од општо 1,370,949 христијани (од кои словенојазичните христијани биле 1,032,533) во областа и при вкупно население од сите религии 2,258,224[33], кое изнесува 59,6% од сите христијани (79,1% од словенојазичните христијани) и 36,2% од вкупното население. Во 1912 година непосредно пред Балканските војни во Македонија и Одринско Егзархијата имала 7 митрополити, 1,310 свештеници, 1,331 цркви, 234 параклиси и 73 манастири.[34]

Прослава на денот на Св. Кирил и Методиј во истоимената Солунска бугарска машка гимназија

Просветно дело на егзархијата до Балканските војни[уреди | уреди извор]

Странски пропаганди во Македонија
Поделба на Македонија по Букурешкиот договор.

Истовремено со возобновувањето на црковната структура била проширена и подобрена работата на училиштата. Во 1880 година во Цариград со учеството на дејци како Кузман Шапкарев и Методиј Кусев била составена долгорочна програма за развоj на образовната мрежа на Егзархијата во Отоманското Царство. За главен центар во Македонија бил определен Солун, а во Тракија - Едрене. Во споредба со планот во 1880 година била откриена Солунската бугарска машка гимназија "Св. Кирил и Методиј", а во 1882 и Солунска бугарска женска гимназија "Свето Благовештение", раководена од Царевна Миладинова, ќерка на Димитар Миладинов.[35] Класичната гимназија во Битола била проширена до полна гимназија со седум класови во 1898. Машки педагошки училишта биле откриени во Скопје и Сер, а женски во Битола и Скопје. Посебни училишта за свештеници биле создадени во Скопје и Едрене, а гимназија по трговија во Солун. Во 1899 педагошката гимназија "Д-р Петар Берон" во Едрене исто била зголемена до полна гимназија со седум класови, а во почетокот на 20 век таму била откриена и женска гимназија. Во сите поголеми градови на териториите под јурисдикција на Бугарската егзархиja биле отворени прогимназии, а исто така и многу основни училишта, наjголемиот дел од кои биле во селата. Општо во 1882-1883 во Македонија и Одринско постоеле 237 бугарски егзархиски училишта со 351 учители и 16,063 ученици, во 1899-1900 тие веќе биле 942 училишта со 1,447 учители и 47,581 ученици,[36] а во 1912 година бројот им се зголемил на 1,373 училишта (од кои 13 гимназии и средни училишта) со 2,266 учители и 78,854 ученици.[34] Училишната структура била раководена од посебен Училиштен оддел кон Егзархијата, кој ги определувал образовната политика, снабдувањето со учебници и целосната координација. Кон овоj оддел во 1888 биле додадени четири инспектори за Солунски, Битолски, Скопски и Одрински вилаети, кои тесно соработувале со директорите на училиштата. Од 1889 кон локалните бугарски општини во Македонија и Одринско биле создадени и општествени црковни комисии со задача да го контролираат црковното и образовното дело.[37] Едни од наjпознатите учители и раководители биле Григор Прличев,[38] Кузман Шапкарев,[39] Васил К’нчов, Иван Гарванов, Гоце Делчев[40] и Ѓорче Петров[41], а од учениците Тодор Александров, Андреј Љапчев и Иван Михајлов. За надворешните аналитичари постоело меѓусебно влијание и поврзаност меѓу Егзархијата и револуционерното движење.[42]

Прослава на 25-годишнината од избирањето на бугарскиот Егзарх Јосиф I во Дебар, 1902 година

Балканските војни[уреди | уреди извор]

Во периодот по Првата балканска војна и пред Втората балканска војна во услови на меѓуетничка напнатост и националистички конфликти започнале репресии врз свештениците и учителите на Бугарската егзархија во териториите под контрола на Грција и Србија. До крајот на Втората балканска воjна сите бугарски егзархиски училишта во тие територии биле затворени, а наjголемиот број од учителите биле протерани или сами избегале во Бугарија. Исто така биле протерани и бугарските митрополити и немал дел од свештениците, а црквите преминале под грчка и српска јурисдикција. Само во Вардарска Македонија биле закриени 641 училишта и одземени 761 цркви.[43] Истата била судбината и на црквите и училиштата во Јужна Добруџа, окупирана од Романија. Во Одринска Тракија отоманските власти и армија протерале не само сите учители и свештеници, но и целото бугарско население во текот на сеопфатно етничко чистење.[44]

Првата светска војна[уреди | уреди извор]

По есента на 1915 година со влегувањето на Бугарија во Првата светска војна структурите на Егзархијата биле возобновени во териториите под контрола на бугарската армија, но по крајот на војната тие уште еден пат биле истерани од властите во Грција, Романија и Србија. Епархиите во Егејска и Вардарска Македонија официјално биле поделени меѓу Грчката и Српската православна црква, а под јурисдикција на Егзархијата во Македонија останал само пиринскиот дел.

Последниот егзарх и возобновување на Патријаршијата[уреди | уреди извор]

Во 1945 година, во Соборната црква Света Софија во главниот град на Бугарија се одржал народно-црковен собор на кој бил избран Софискиот митрополит Стефан за последен Бугарски егзарх на 21 јануари. На 10 мај 1953 година се одржал црковен собор на кој Егзархијата добила чин на Патријашија, а за патријарх бил избран пловдивскиот митрополит Кирил.

Егзархијата и Македонците[уреди | уреди извор]

Натпис од црквата "Св. Недела " во Битола.
Меморандум на бугарските црковно-училишни општини во Македонија од 20 мај 1878 година. Тоа било протестно обраќање кон големите сили со барање за зачувување на Санстефанскиот договор. Мемоарот бил потпишан от општините во Сер, Велес, Скопје, Струмица, Солун, Неготино, Гевгелија, Драма, Демир Хисар, Радовиш, Кукуш, Воден, Штип, Ваташа, Тетово, Куманово, Петрич, Неврокоп, Прилеп, Битола и Охрид.
Натанаил Кучевишки (1820-1906), митрополит на Бугарската егзархија во Охрид, Ловеч и Пловдив

Кога започнале дејствијата на Бугарската егзархија на територијата на тогашна Македонија, македонскиот народ силно се спротивставил и се појавил голем отпор, негодување и неприфаќање. Ваквите незадоволства кај народот довел до појава на унијатското движење во Македонија, кое најмногу било истакнато во источна Македонија. Овие незадоволства се појавиле веднаш по основањето на Егзархијата. За да ги смири ваквите тензии, бугарскиот егзарх го испратил Петко Славејков во 1874 година за свој секретар во Македонија. Неговата задача била да се бори против појавата на католицизмот и најавите за обнова на Охридската Архиепископија, кои биле генерирани и најавувани од страна на македонските владици и нивното папство. Во еден негов извештај Славејков напишал за Натанаил Кучевишки дека кај него и некои македонските партиоти се јавила мисла да дејствуваат сами за себе за и да го официјализираат своето месно наречје за своја лична, сопствена македонска хиерархија, за несреќа засилена како што тој разбрал од љубомора на еден од егзархиските владици (Кучевишки) кој допуштил да се протнат и растротстранат тие погубни идеи на едно национално самосознание.[45] А за македонските владици г. Нил и г. Харитон, Славејков во извештајот пишал дека тие веќе ги отцепиле од бугарската црква серската, мелничката, струмичката, воденската, кукушката и солунската област и ги приврзале кон католицизмот. Во извештајот се вели „во Солун сите православни Македонци станале католици, освен г-н Буботинов, Бугарин од Софија.[46] Во тоа време според информацијата на католичката сестра Аугустине Бевике од болницата Св. Павле во Солун, која ја доставила до британската делегација на Версајската мировна конференција 1919 г. истакнува дека до 1913 година во Солун имало околу 10.000 католици, "Словени, кои се нарекуваат Македонци и она што тие го посакуваат е автономија под европска контрола.[47]

После тоа во Македонија е испратен да делува и Васил К‘нчов. Тој во неговиот извештај вели:

"Бугарската (црковна) општина во Охрид денеска (1893/1894 г.) едвај дише. Таа делува повеќе на име, отколку на дело, зошто никаква дејност не се забележува. Од пред 2 години не е преизбрана. На заседание се собираат едвај по 3-4-ца и пак ништо не се врши, оти општинските работи се сосема занемарени. Општината секоја година ги кани граѓаните да се соберат, но никој не доаѓа"

К'чнов како причини за ваквите проблеми на Охридската црковна општина ги посочува: имигрираната бугарска интелигенција во тогашното Кнежевство Бугарија, младите луѓе и цели фамилии, кои го напуштиле Охрид после војната.[48]

Додека К'чнов патувал и низ Пиринска Македонија и денешна источна Македонија, тој прикриено разоткрива дека тамошните Македонци претежно биле антибугарски настроени, дури повеќето гркомани или протестанти. За пиринските Македонци од Мелник, К’нчов заклучува дека бил гркомански град, каде дури и дома Македонците (кои тој ги нарекува Бугари) говореле грчки. Во Мелник покрај домородните жители, најбројни во 1894 година биле и бегалците од Негуш од Егејска Македонија, од македонското племе Пуливаци.[49]

За христијаните Македонци во Петричката каза и градот вели дека „имат 16 цркви, од кои во 14 се служи сега по славјански и во две по грчки, имено во малата градска и во црквата во селото Крнилово.[50]

Методиј Кусев (1838-1922), протосингел на Егзархот во Цариград и митрополит на Бугарската егзархија во Стара Загора

Во Горна Џумаја (ден. Благоевград), според К’нчов, неколку Македонци биле гркомани кон крајот на 19 век. Кога тој пристигнал во градот, некои од жителите го пријавиле на локалниот кајмакам со обвинувања дека тој бил шпион на бугарската влада, дека цртал планови на градот и ја опишувал околијата, при што турската полиција го уапсила, а подоцна му била донесера ослободителна пресуда.[51]

Кога К’нчов ги запишува своите патописи, тој наведува постојано иста бројка на т.н. "општинари", односно по 3-4 кои земале плата од Бугарија. Но, иако биле плаќани од Софија, тој вели дека нивните деца ги даваат на грчко образование...

Во Сер (1894 г.) има 4 души бугарски општинари чиишто жени не стапнуваат во бугарска (егзархиска) црква. Еден таков случај видов и во Неврокоп“.[52]

К’нчов увидувајќи го ова, односно немањето на бугарска свест кај македонското население, бара решение за да се оправда и во своите патописи наведува дека македонските жени се виновни, кои во најголем број сакале и се школувале по грчките училишта од каде излегувале антибугарки, со мисла дека "сè што е бугарско е просто, долно, грубо и недоделкано".[53] Неговите тези не држат, бидејќи македонските девојки во тоа време биле испраќани да учат по грчките училишта од нивните татковци. Децата, посебно женските во тоа време никогаш не одлучувале каде ќе го започне школувањето во прво одделение основно училиште.

Кај македонските митрополити се појавува голема антиегзархиската дејност. Ова го потврдува сочуваната архива на скопскиот митрополит г. Теодосиј Гологанов, роден во Трлис, Неврокопско. Иако тој е митрополит на Бугарската егзархија во Македонија, тој е жестоко се противел на оваа црковна формација и силаната бугаризација што се спроведувала низ местата по цела Македонија. Митрополит Гологанов пишува дека

Бугарите ја вршат најмизерната работа, го негираат македонското име и јазик и го заменуваат со ново (бугарско), со цел бугарските господари да се прошират на туѓи територии...тоа е ново ропство, потешко од турското..Турците го убиваат телото, а не духот ...Егзархијата го убива сето тоа подоцна...ние Македонците не страдаме толку од Турците, како од Грците, Бугарите и Србите кои како сакаат како волци да ја разделат намачената македонска земја...Ние македонските духовници по потекло, треба да се обединиме и да го разбудиме народот, да се отфрли странската власт, да се отфрлат дури и Патријаршијата и Егзархијата и духовно да се обединат под закрилата на Охридската Архиепископија, единствената вистинска Мајка Црква“.[54]

Теодосиј Гологанов (1848-1926), наместик на Егзархот во Цариград, претставник на Егзархијата при Високата порта, митрополит во Скопје, Пловдив и Ѓумурџина.

Гологанов смета дека единствен спас за Македонците од наглата бугаризација е унијатство со Ватикан. Тој на 1 декември 1891 година поднесува барање за Унија со Римокатоличката црква испратена до Папата Лав XIII. Во своето барање тој образложува:

во името на целиот македонски православен народ...историското право на македонски православен народ да се ослободи од јурисдикцијата на странските цркви- Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија...да се обнови Охридската Архиепископија...границите на Охридската Архиепископија треба да ги потврдат сегашните граници на Македонија“.[55]

По ваквата промакедонска борба Синодот на Егзархијата формирал Комисија составена од двајца членови на чело со Егзархот Јосиф I, којашто одлучила да се отстрани митрополитот Теодосиј од Скопје со помош на турската власт и да биде однесен во Цариград. Одведен е во Цариград, каде што во март 1892 г. му била одземена титулата „Скопски митрополит“.[56] Потоа Гологанов се преселува во Бугарија и е испратен во Драгалевскиот манастир во близина на Софија. Истата година црковните власти му простиле на Гологанов и бил назначен за помошник на Пловдивскиот митрополит Натанаил Охридски.

Егзархијата и Македонската револуционерна организација[уреди | уреди извор]

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет
Свидетелство на Ѓорче Петров од егзархиската гимназија во Пловдив, Источна Румелија.
Фотографија при дипломирањето на Никола Карев како матурант од Бугарската гимназија во Битола.

Антиегзархиското движење кое се појавило во деведесеттите години на 19 век во Македонија, со појавата на Македонската револуционерна организација, ова движење добило на интензитет и кулминација. Судирот помеѓу МРО и Егзархијата бил неизбежен[57] бидејќи организацијата се залагала за самостојно работење, подготовка на населението, кревање на едно внатрешно востание и создавање на македонска самостојана држава.[58][59] Од другата страна била Егзархијата која со својата црковно - просветна пропаганда ја култивирала земјата и создавала услови за присоединување на Македонија кон Бугарија.[60] Каков став МРО зазела кон Егзархијата и нејзините претставници се гледа од нејзиниот прв акт создаден од страна на Петар Поп Арсов по барање на Централниот комитет, а станува збор за брошурата Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници. Бидејќи брошурата е создадена по барање на Централниот комитет и од страна на еден од основачите на организацијата, од неа го дознаваме стојалиштето кое Македонската револуционерна организација го зазела кон Егзархијата и проегзархиската групација во Македонија. Организацијата започнала борба за контрола на Црковно - училишните општини и преку оваа борба таа сакала да го привлече населението кон своја страна и истовремено застанала во заштита на македонскиот национален индивидуалитет кој се наоѓал во опасност од егзархиската пропаганда.[61] А каков бил ставот на Егзархијата кон МРО дознаваме од коресподенцијата на егзархот Јосиф I водена со бугарското министерство за надворешни работи и вероисповед во кое тој искажува стравување за бугарската идеја во Македонија. Во писмото од 15. 10. 1897 година егзархот истакнува:

Некои запалени глави сметаат дека Св. Егзархија е единствената пречка Македонија да остане и понатаму под Османлиското Царство и се нафрлија врз неа како волци. . . Во сегашниот момент се нафрлија врз општините со цел да ги направат инструмент за своите бунтовнички цели. . . Секакво нивно политизирање и служење на нечисти цели ќе ја оневозможи Св. Егзархија во нејзината висока мисија да го зачува бугаризмот за идните поколенија. Ние. . . сме свесни какви се последици. . . ќе има политизирањето со општините денес, а да не зборуваме за утре, при евентуално создавање на автономна Македонија. Св. Егзархија. . . при две оделни држави не ќе може да ја врши својата бугарска мисија. Или ќе стане исклучиво македонска, или исклучиво бугарска. Каде тоа би не одвело, посебно не треба да се потцртува. . . Подобро е да сметаме дека делови од единствената бугарската територијата се сè уште под ропство, отколку за сметка на некаква слобода, бугарското население во Македонија за секогаш ќе биде загубено за Бугарија[62]

Во писмото од 14. 04. 1901 година егзархот Јосиф I искажува стравување поради формулацијата обединување на сите без разлика на верата и народноста:

Јас мислам дека се гони тајна цел, имено: обединување на македонското население на македонска почва и остварување на поодамна замислената идеја за македонско словенска етничка група на Балканот. Во таков случај натамошната дејноста на Бугарската егзархија е непожелна, бидејќи во автономната македонска држава ќе се наметне потребата за од единствена црква.[62]

Поради ваквите ставови на егзархот односите помеѓу МРО и Егзархијата биле исполнети со закани, притисоци и уцени, но организацијата била принудена да преговара со Егзархијата бидејќи од неа зависело назначувањето на учителскиот кадар во Македонија кој и бил потребен на МРО, од друга страна Егзархијата иако правела разни пречки за Организацијата, таа морала да ги приваќа нејзините условите за да не биде компримитирана пред османлиските власти.

Други поголеми удари на ваквата пропаганда нанесува професорот по историја Георги Бакалов. Тој како социјалист и антицарски ориентиран, не дозволил да подлегне на софиската официјална политика:

Најразумното решение на македонското прашање е согласноста помеѓу соседните балкански држави за неутралност кон Македонија и "Македонија на Македонците"“.[63]

види: Македонска револуционерна организација

Галерија[уреди | уреди извор]

Бугарски егзархи[уреди | уреди извор]

Викарни претседатели на Светиот Синод на Бугарската егзархија 1915 - 1945

Викарни претседатели на Светиот Синод на Бугарската егзархија 1948 - 1953

Митрополити на Бугарската егзархија во Македонија[уреди | уреди извор]

Скопска епархија[уреди | уреди извор]

Митрополит Слика Роден-Починал Митрополит од-до
Доротеј
Копривштица, 1830 — Цариград, 15 август 1875 1872–1875
Кирил
Берковица, 15 јули 1833 — Видин, 21 мај 1914 1875–1877
Теодосиј
Трлис, 7 јануари 1846 — Софија, 1 февруари 1926 1890–1891
Максим
Орешак, Тројан, 14 септември 1850 — Пловдив, 1 март 1938 1892–1894
Синесиј
Скринјано, Ќустендил, 10 октомври 1836 — Ќустендил, 16 декември 1917 1897–1909
Неофит
Охрид, 4 јануари 1870 — Софија, 7 јануари 1938 1910 – 1913, 1915 – 1918

Охридска епархија[уреди | уреди извор]

Митрополит Слика Роден-Починал Митрополит од-до
Натанаил
Кучевиште, Скопско, 26 октомври 1820 — Пловдив, 1906 1872 – 1880
Синесиј
Скринјано, Ќустендил, 10 октомври 1836 — Ќустендил, 16 декември 1917 1884 – 1894
Григориј
Стара Загора, 1853 — Битола, 4 ноември 1906 1894 – 1897
Методиј
Зарово, 1866 — Солун, 10 декември 1909 1897 – 1909
Борис
Стара Загора, 30 јануари 1875 — Софија, 22 октомври 1938 1910 – 1913, 1915 – 1918

Велешка епархија[уреди | уреди извор]

Митрополит Слика Роден-Починал Митрополит од-до
Дамаскин
Панаѓуриште, 1817 — Араповски манастир, 15 август 1875 1872 – 1877
Авксентиј
Самоков, 1 март 1850 — Софија, 24 февруари 1919 1894 – 1906
Мелетиј
Битола, 22 февруари 1868 — Цариград, 14 август 1924 1908 – 1912

Пелагониска епархија[уреди | уреди извор]

Митрополит Слика Роден-Починал Митрополит од-до
Евстатиј
Големо Белово, Пазарџик, 1832 — Одрин, 9 декември 1888 1872–1888
Григориј
Стара Загора, 1853 — Битола, 4 ноември 1906 1897–1906
Авксентиј
Самоков, 1 март 1850 — Софија, 24 февруари 1919 1906 – 1913, 1915 – 1918

Струмичка епархија[уреди | уреди извор]

Митрополит Слика Роден-Починал Митрополит од-до
Герасим
Мустафа Паша, 5 октомври 1860 — Софија, 1 декември 1918 1897 – 1918

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Бугарските историчари Борбата против Цариградската патријаршија во Македонија, ја претставуваат како борба за создавање на бугарска црква. Меѓутоа Борбата против Цариградската патријаршија на Македонците има неколку одлики: обнова на некогашната Охридска архиепископија, македонските епархии да потпаднат под нејзина јурисдикција, оваа борба во себе носела и македонски национален карактер бидејќи македонското граѓанство се стремело во македонски општини, наставата да се изведува на македонски народен јазик, а во црквите да се отстрани грчкиот јазик и да се замени со црковно - словенски. Со создавањето на Бугарската егзархија не биле решени овие прашања. Македонските епархии потпаднале под Егзархијата, а во училиштата истата таа бугарска црква започнала да го наметнува бугарскиот јазик. По создавањето на Егзархијата, оние кои се бореле против Патријаршијата ја продолжиле борбата за решавање на овие прашања, сега против Егзархијата. Постепено во Македонија се јавило едно антиегзархиско движење, кое освен просветен и црковен карактер, започнало да добива и револуционерна боја, така што Македонската револуционерна организација била создадена од и сред оние кои биле насочени против Егзархијата и нејзината дејност, тоа го потврдуваат нејзините основачи, види Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980 и др.
  2. Високата порта под притисок на руската дипломатија и грофот Игнатиев била подготвена да го реши црковниот спор, кој бил именуван како грчко - бугарска расправија, без да се земат во предвит потребите и барањата на населението од Македонија за автокефална црква, црковниот спор бил решен единствено во полза на Бугарите. Отука бил подготвен проект за создавање на оделна бугарска црква. Со вмешувањето на Високата порта во црковното прашање тоа излегло од рамките на црковен спор. Притоа биле понудени два проекта: создавање на бугарска автономна црква надвор од Патријаршијата и прашањето за македонските епархии, дали да останат под Патријаршијата или да влезат во идната бугарска автономна црква. Ваквата поставеност на црковното прашање, кај :... македонскиот народ создал збрка околу судбината на Македонија, бидејќи црковното прашање на некој начин се идентификувало со националното прашање. Сите градски слоеви, вклучувајќи го и селанството, не можеле да останат рамнодушни кон таквото решавање на црковното прашање, бидејќи и при евентуално останување под патријаршиската јурисдикција или, пак, присоединување кон Бугарската црква, тоа би значело пропаѓање на борбата на македонскиот народ што со децении ја води за еманципација на црковен план. Види: Борба против Цариградската патријаршија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Stephen A. Fischer-Galaţi - „Man, state, and society in East European history“, 1970, Praeger, с. 200 („...and in 1870 it established a Bulgarian national church (Bulgarian Exarchate)“)
  2. L. S. Stavrianos, Traian Stoianovich - „The Balkans since 1453“, 2000, C. Hurst & Co. Publishers, с. 371 („BULGARIAN EXARCHATE The first great victory for Bulgarian nationalism was the establishment in 1870 of a national church known as the exarchate.“)
  3. "Bulgarian Orthodox Church", Encyclopædia Britannica: "The struggle for an independent Bulgarian church, begun late in the 18th century, culminated in the establishment in 1870 of a Bulgarian exarchate." (англиски)
  4. L. S. Stavrianos, Traian Stoianovich, "The Balkans since 1453", "Bulgarian Exarchate", p. 371: "The first great victory for Bulgarian nationalism was the establishment in 1870 of a national church known as exarchate." (англиски)
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900 (бугарски)
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905. (француски)
  7. Барбара Йелавич, "История на Балканите", Том I XVIII-XIX век, София, 2003, стр. 341. (бугарски)
  8. Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 76. (бугарски)
  9. Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 77. (бугарски)
  10. Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 77-79. (бугарски)
  11. Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 80-81. (бугарски)
  12. 12,0 12,1 L. S. Stavrianos, Traian Stoianovich, "The Balkans since 1453", "Bulgarian Exarchate", p. 372. (англиски)
  13. Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 81. (бугарски)
  14. Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 81-82. (бугарски)
  15. Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 82. (бугарски)
  16. Кузман Шапкарев, "За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма", София, 1984, II. "За животоописанието на приснопаметните братя Хр. Миладинови, Димитрия и Константина", глава 8, стр. 414-434. (бугарски)
  17. "История на България", том 6 Българско Възраждане 1856-1878, София, 1991, стр. 160-162. (бугарски)
  18. Григор Пърличев, "Автобиография", глава 16 и глава 19 (бугарски)
  19. Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 83. (бугарски)
  20. "История на България", том 6 Българско Възраждане 1856-1878, София, 1991, стр. 164-165. (бугарски)
  21. "История на България", том 6 Българско Възраждане 1856-1878, София, 1991, стр. 165-166. (бугарски)
  22. "История на България", том 6 Българско Възраждане 1856-1878, София, 1991, стр. 166-172. (бугарски)
  23. Текст на ферманот, "Macedonia. Documents and materials", Bulgarian Academy of Sciences, Institute of History, Bulgarian Language Institute, Sofia, 1978, part II. The National Revival Period, document 110 The Firman for the establishment of a Bulgarian Exarchate, February 28th, 1870. (англиски)
  24. "История на България", том 6 Българско Възраждане 1856-1878, София, 1987, стр. 172. (бугарски)
  25. 25,0 25,1 "История на България", том 6 Българско Възраждане 1856-1878, София, 1987, стр. 175. (бугарски)
  26. 26,0 26,1 "История на България", том 6 Българско Възраждане 1856-1878, София, 1987, стр. 176. (бугарски)
  27. Евтим Спротстранов, "По възражданьето в град Охрид", глава IV, стр. 675, "Сборник за народни умотворения, наука и книжнина", книга XIII, София, 1896. (бугарски)
  28. Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 86. (бугарски)
  29. Ив. Лазаров, Пл. Павлов, Ив. Тютюнджиев, М. Палангурски, "Кратка история на българския народ", София, 1993, стр. 141. (бугарски)
  30. "История на България", том 6 Българско Възраждане 1856-1878, София, 1987, стр. 179. (бугарски)
  31. "История на България", том 7 България 1878-1903, София, 1991, стр. 424-437. (бугарски)
  32. Воин Божинов, "Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913", София, 1982, стр. 354. (бугарски)
  33. Васил Кънчов, "Македония. Етнография и Статистика", дял II Статистика, глава Бѣлѣжки за общитѣ числа на населението, Българско Книжовно Дружество, София, 1900. (бугарски)
  34. 34,0 34,1 Воин Божинов, "Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913", София, 1982, стр. 356. (бугарски)
  35. Царевна Миладинова, "Епоха, земя и хора", глава През есента на 82 година..., Издателство на Отечествения фронт, София, 1985. (бугарски)
  36. "История на България", том 7 България 1878-1903, София, 1991, стр. 436. (бугарски)
  37. "История на България", том 7 България 1878-1903, София, 1991, стр. 435. (бугарски)
  38. Григор Пърличев, "Автобиография", Избрани произведения", Български писател, София, 1970, глава 37. (бугарски)
  39. Кузман Шапкарев, "За възраждането на българщината в Македония от 1854 до 1884 година", глава "7. Първо учителствувание мое в Солун, приготвувание и откривание български в тоя град гимназии и пансиони, мъжки и девически - 1880—1881/1882", Български писател, София, 1984. (бугарски)
  40. Пейо Яворов, "Гоце Делчев", биография, глава "Гоце в Щип, Банско", София, 1904. (бугарски)
  41. Любомиръ Милетичъ, "Спомени на Гьорчо Петровъ", глава I, Издава „Македонскиятъ Наученъ Институтъ”, София, 1927. (бугарски)
  42. H. N. Brailsford, "Macedonia: Its Races and Their Future", section V. The Bulgarian movement, chapter 3. Formation of the Insurgent Committee. Democratic Attitude. Careful Organisation, Methuen & Co., London, 1906. (англиски)
  43. Ivo Banac, "The Macedoine", "The National Question in Yugoslavia. Origins, History, Politics", Cornell University Press, 1984, pp. 307-328. (англиски)
  44. Љубомир Милетиќ, "Разорението на тракийските българи презъ 1913 година", Българска академия на науките, София, Държавна печатница, 1918 г. (бугарски)
  45. ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал. Ръкопис
  46. ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал
  47. "Public Record Office (London) – Foreign Office Document 608/44. Peace Conference (British delegation), 1919"
  48. Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 451
  49. "Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 141
  50. ...имат 16 църкви, от които в 14 се служи сега по славянски и в две по гръцки, именно в малката градска и в църквата на селото Кърнилово. Населението е останало много назад в образователно отношение. Едва в 10 села имаше през тази година български училища с по 1 учител, а в село Кърнилово има гръцко училище с гръцки учител.., стр. 132
  51. Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 167
  52. Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 253
  53. Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 252
  54. Юни 22, 1891 г. Теодосий Скопски, "Централен Държавен исторически архив" (София) 176, оп. 1. арх. ед. 595, л.5-42 / Разгледи, X/8 (1968), п.996-1000
  55. Archivio della S. Congregazione de Propaganda Fide - Roma: Indice della Potenza - март 1892-93, Somm.XV, f.132-141
  56. Archivio della S. Congregazione de propagande fide – март 1892-93, Somm. XV, f. 132-141
  57. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
  58. Право, II/31 (39), 22. 09. 1902, 3
  59. Официално издание, Револуционерен лист, 2 јуни 1905, 3
  60. atspace. com/knigi/ppa_stam. htm "Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници"[мртва врска] (бугарски) - Вардарски (Петар Поп Арсов)
  61. Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006
  62. 62,0 62,1 С Димевски, Присуството на Теодосиј Гологанов во развојот на македонската национална мисла во епохата на национално - револуционерното движење, ГИНИ, XX/2, Скопје, 1976.
  63. Георги Бакалов, "Претендентите на Македония", стр. 22, Варна 1900 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]