Стара Планина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стара Планина
Стара планина или Балкан
Triglav massif, Bulgaria.jpg
Поглед на врвот Триглав
Надм. вис. 2.376 м 
Истакнатост 1.567 м
Местоположба
Местоположба во Бугарија
Место  Бугарија
Венец Балканиди
Координати 42°43′03″ СГШ 24°55′00″ ИГД / 

Стара Планина или Балкан (бугарски и српски: Стара планина; старогрчки Αίμος, Хемос; латински Haemus, Хемус) е планински венец во источниот дел на Балканскиот Полуостров, кој своето име го добил според неa. Таа се протега на запад од Источна Србија до Црното Море во Бугарија. Стара Планина се наоѓа по целата должина на територијата на Бугарија и ја дели, условно, на Северна и Јужна Бугарија. Највисок врв на Стара Планина е Ботев (2.376 м).

На нејзината територија има многу природни паркови, заштитени места и еден национален парк. Таа е еден од најголемите центри на ендемични и реликтни видови.[1] Поради добро изградената материјална база, чистиот воздух и планински карактер, Стара Планина често е омилена цел за туризам. На планината има 81 планинарски дом.

Географиjа, флора, фауна[уреди]

Геолошки, Стара Планина е млада планина и е дел од Алпо-хималаискиот ланец кој се протега низ поголемиот дел на Европа и Азија. Тaa може да се подели на два дела: на Главен старопланински венец и Предбалкиот венец, кој постепено влегува во Дунавската рамнина. На југ Стара Планина граничи со Подбалканските котлини - 11 котлини кои се протегаат од границата со Србија на запад па до Црното Море на исток.

Старопланинскиот ланец се состои од околу 30 делови. Во поширока географска смисла планината се дели на три основни делови:

  • Западна Стара Планина - од Вршка Чука на границата со Србија до Арабаконашкиот преминот со вкупна должина од 190 км и со највисок врв Миџор (2.169 м).
  • Централна Стара Планина од Арабаконашкиот премин до преминот Вратник со должина од 207 км. Врвот Ботев (2.376 м) е највисокиот во планинскиот ланец и се наоѓа во тој дел.
  • Источна Стара Планина од преминот Вратник до ’ртот Емине со должина од 160 km и со највисок врв Бугарка (1.181 м). Источна Стара Планина претставува најниски дел од Старопланинскиот ланец.

Врвови[уреди]

Туризам[уреди]

Галериjа[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Хидробиология, Иван Борисов Матев и колектив, Pensoft Publishers, 2004 г., с. 158

Надворешни врски[уреди]