Второ политичко одделени при Министерство за надворешни работи на Кнежеството Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Странски пропаганди во Македонија
Поделба на Македонија по Букурешкиот договор.

Второ политичко одделени при Министерство за надворешни работи на Кнежевството Бугарија постоело во почетокот на XX век. Тоа исклучиво се занимавало со македонското прашање. Оваа одделение врз основа на информации добиени од бугарските трговски агентства во Македонија, како и врз основа на други разузнавачки канали, изготвувало планови и програми врз кои се градела политиката на бугарската влада кон Македонската револуционерна организација и Македонија [1].

Според некои истражувачи, одделението постоело кратко во периодот 1905 - 1906 година [2]. Официјално не се знае кога е основано [1]. Од еден документ од српско потекло, со дата од 22 декември 1904 година, дознаваме дека:

За што поживо и посистематско развивање на бугаризацијата во Македонија, во Министерството за надворешни работи е основано посебно одделение [1]


За привремен раководител бил поставен Георги Радев[3][4], брат на Александар Радев - поранешен бугарски министер за правда, а Македонец по потекло [1]. За раководител бил понуден Никола Наумов - поранешен секретар на бугарското трговско агентство во Скопје. Меѓутоа, Наумов неговото назначување го условил со тоа: Од министерството за надворешни работи, Внатрешната организација да се помага само материјално и со дипломатски акции, но, не и да се управува [1]. Според Ванчо Ѓорѓиев овој предлог на Наумов не бил прифатен [1]. Од еден извештај на одделението од 25 март 1906 година дознаваме:

Што сакаат Грците и Србите? И едните и дргите се против автономијата (на Македонија б.н) и бараат да се создадат услови, кои ќе ги поткрепат нивните претензии за делба... Голем ќе биде триумфот за бугарската идеја кога ние ќе успееме да ги откинеме посрбените Македонци од српските конзули и агитатори... Интернационалност во (Внатрешната б.н) Организација не ќе рече прекинување на сите врски и одрекување од нашата народност, како што проповедаат некои диви социјалисти од типот на Сандански и Чернопеев... Автономијата (на Македонија б.н), ако таа се оствари, нам не ние е потребна како одвлечен принцип на слободата. Таа, треба да биде или бугарска автономија или никаква... Едни се незадоволни од претставниците на автономниот принцип, и за да ја потцртаат појасно својата мисла им го прикачуваат на истите терминот сепаратисти, со едно сфаќање, кое ја пресекува секоја политичка врска меѓу Кнежевството и Македонија во иднина... Луѓето кои навистина ја оцрнуваат автономијата и предизвикуваат сомневања во нивните чувства кон народното единство за жал постојат во (Внатрешната б.н) Организација... тие се одрекуваат од политичката целина со Бугарија и претпочитаат да образуваат од Македонија одделена политичка единица, која ќе послужела, барем како јатка за идната Балканска федерација... Луѓето од таа група се вдаховуваат од мислата дека живеат за Македонија и само за Македонија... Да не допуштат на бугарскиот кнез да стави кралска круна на својата глава за сметка на Македонија... да ја бранат целоста и независноста на земјата (Македонија б.н) од пљачката на кнезот... од една турска Македонија, ние треба да создадеме една цела, неделива и бугарска Македонија... [1]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Ванчо Ѓорѓиев - Бугарски документ од 1906 година за состојбите во Македонија и ВМОРО и бугарската политика кон нив
  2. Слави Славов, Дейността на Второ политическо отделение от Министерството на външните работи и изповеданията (1905-1906 г.). – Македонски преглед, № 3, 2005,
  3. Енциклопедия на български родове
  4. Радев, Симеон (1996). Погледи върху литературата и изкуството и лични спомени. София: Фондация „Българска наука и култура“. стр. 252.