Црква

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Црква претставува заедница од луѓе кои исповедаат (веруваат во) ист Бог. Терминот се употребува и за објект за јавна религиозна служба во Христијанската религија.

Потекло на терминот[уреди]

Се претпоставува дека зборот потекнува од арамејскиот јазик и бил воспоставен од Исус од Назарет.

Во тоа време терминот Црква, еквивалентно означувал владин/политички термин, или Еклесија (латински: Ecclessia), собрание, собир за јавни потреби. Во буквален превод значи Здружение. Подоцна во Стара Грција терминот се користи за да се изрази тело кое расправа и разрешува проблеми кои генерално го засегаат Општеството.

Развиток[уреди]

Првите Христијани исто како и Исус, биле Евреи кои живееле во Израел и кои се молеле во Храмот во Ерусалим и околните Синагоги. Обожувањето во Храмовите било проследено со принесување на жртви од животни, како искупување на гревовите. Во Новиот Завет многу пати се споменува дека Исус бил чест посетител на храмовите.

Раната историја на синагогите е контраверзна но се претпоставува дека била институција која се развила за потребите на јавно обожување на Евреите додека биле под окупација на Вавилон, и немале пристап до храмовите. Наместо тоа се развила церемонија во која се читала Тората на дневни и неделни служби, проследени со коментари од свештениците. Ова се случувало во домовите доколку групите биле мали. Во други случаи се граделе посебни градби за оваа цел. Некогаш со надоградување на куќите или преадаптирање на згради кои биле од јавен интерес. Во најголемиот број, тоа биле простории со подиум на кој се говорело, додека луѓето седеле наоколу и слушале.

И самиот Исус присувствувал на вакви заседаниа кадешто читал и давал коментари, како што е опишано во Посланието по Лука 4: 16-24. По уништувањето на Храмот во Ерусалим во 70 година од нашата ера, Христијанското движење и Евреите се разделие. Црквата како институција зема голем замав во вториот век.