Синагога

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поранешната скопска синагога „Бет Јаков“

Синагогаеврејски молитвен дом. Зборот означува собрание (од грчки: συναγογε синагоге - хебрејски: Beit Knesset (בית כנסת).

Главната улога синагогите е заедничка молитва, и покрај тоа што е поврзана и со приватни или лични молитви. Кога станува збор за уметност и архитектурата на синагогите, Евреите својот живот го прилагодувале надвор од храмот. Тоа е своевидно отстапување од колективната религија, од најрано време, спрема индивидуалната религија на синагогата, којашто би можела да биде проширена во сите земји и сите заедници.

Сѐ до модерно време, синагогата е седиште на еврејското искуство. Со либералните тенденции, настапиле разни иновации во синагогите. За разлика од христијанската црква, на пример, синагогата не е храм, бидејќи според јудаизмот има еден единствен храм – денес непостоечкиот Соломонов храм.

Синагогата е место каде што верниците се собират на секој свет ден. Богослужба во строга смисла не се спроведува, но се исполнуваат ритуали, се произнесуваат молитви, се читаат проповеди. Богослужбата е можна само во храмот на Соломон.

Интересна е местоположбата на синагогите, бидејќи според талмудските верувања, во саботниот ден (којшто е неработен) е дозволено човек да измине 800 стапки. Во врска со тоа, во минатото синагоги се граделе онаму каде што во близина има компактно еврејско население.

Архитектурата на синагогата варира според местото и државата во којашто е градена. Една од најзабележителните градби се наога в о Шпанија.