Држава

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Државата е сет на институции кои ја имаат моќта да ги создаваат правилата кои владеат со луѓето во едно или повеќе општества, имајќи притоа внатрешен и надворешен суверенитет врз дефинирана територија. Следејќи ја дефиницијата на Макс Вебер за поимот држава, таа како инстутуција држи монопол врз концептот на сила. Оттука, државата вбројува разни институции низ кои ја практикува силата, како што се на пример: Армијата, Бирократијата, Судовите и Полицијата. Симболите како што се приватните армии и приватни судови се одлики на феудализмот, а во модерното општество се симбол на „пропадната држава“.

За теоретичарите кои се занимаваат со меѓународни односи, признавањето на правото на независност на држава од страна на други држави, кои со тоа и овозможуваат да влезе во меѓународни односи, и се смета за клуч при воспоставувањето на сувереноста.

Иако терминот држава се користи во најширока смисла на зборот, за да го опише државниот апарат, модерната држава има битни разлики со античката, и тоа карактеристики кои најпрво се консолидирани во западна Европа во 15 век.

Во доцниот 20 век, глобализацијата на светската економија, мобилноста на луѓето и капиталот, и порастот на меѓународни институции, придонесоа да се намали зависноста од државата. Сепак државата како поим останува фундаменталена политичка единица во светот, од нејзиното појавување во 16 век. Одтука државата опстанува централен концепт во изучувањето на политиката, а нејзината дефиниција сѐ уште преставува контраверзија во научните кругови.

Политичките социолозија, во традицијата и духот на Карл Маркс и Макс Вебер, вообичаено ја преферираат државата преку нејзината улога на примена на државниот апарат.

Од доцниот 19 век концептот на држава и нација се засилува и доаѓа до групирање на веќе постоечки именувани територии, окрупнувања, и групирања на номадски територии кои претходно не биле организирани во држава. Во моментов има повеќе од 200 држави кои ја сочинуваат меѓународната сцена, и голем дел од нив се претставени во Обединетите Нации.

Во рамките на федерален систем, терминот држава исто така се однесува на политички единици кои не се суверени сами по себе, но подлежат на авторитетот на поголема држава, како што е случајот на пример со САД.

Во секојдневна употреба термините: земја, нација и држава го добиваат некогаш значењето на синоними, но во легалната и формална употреба тие битно се разликуваат како:

  • Земја е географска површина
  • Нација означува луѓе кои имаат еднакви национални чувства
  • Држава која се однесува на збир на владејачки институции со суверенитет врз дефинирана територија