Германија
Од Википедија
|
|||||
| Национално мото: Einigkeit und Recht und Freiheit (Германски: Единство и правда и слобода) |
|||||
| Национална химна: Das Lied der Deutschen | |||||
| Официјален јазик | Германски1 | ||||
| Главен град | Берлин | ||||
| Државно уредување | Федеративна република | ||||
| Најголем град | Берлин | ||||
| Канцелар | Ангела Меркел | ||||
| Претседател | Хорст Келер | ||||
| Површина - Вкупно - % вода |
61ва во светот 357,026 km² 2.416% |
||||
| Население - Март-Јуни 2005 - Густина |
14та во светот 82,443,000 [1] 231/km² |
||||
| Основање (Ре)унификација |
Договорот од Вердун (843) 18 јануари 1871 23 мај 1949 3 октомври 1990 |
||||
| БДП - Вкупно (2003) - БДП по жител |
3та во светот $2.271 trillion $27,600 |
||||
| Валута | Евро (€)2 | ||||
| Часовна зона - во лето |
СЕВ (UTC+1) СЕЛВ (UTC+2) |
||||
| Интернет домен | .de | ||||
| Повикувачки број | +49 | ||||
|
1 Дански, Нижи германски, Сорбиски, Романи и Фризиски се официјално признати и заштитени како малцински јазици од ECRML. |
|||||
Сојузна Република Германија (герм. Bundesrepublik Deutschland) е една од водечките индустриски земји, лоцирана во централна Европа. Германија граничи на север со Северно Море, Данска, и Балтичко Море, на исток со Полска и Чешка, на југ со Австрија и Швајцарија, и на запад со Франција, Луксембург, Белгија и Холандија. Низ неа поминуваат реките Рајна, Дунав и Елба. Германија, всушност, е лоцирана на крстосниците на европските трговски и културни патишта.
Германија е третата по големина светска економија, по САД и Јапонија. Позната е по железото, челикот, машинеријата и автомобилската индустрија. Германија е земја основач на Европската Унија и нејзина најголема членка по население. Членка е на Обединетите Нации, НАТО и Г8.
Содржина |
[уреди] Етимологија на име
[уреди] Историја
[уреди] Германски племиња
Се смета дека појавувањето на германските племиња како етнос се случило во времето на бронзената доба или најдоцна во времето на железната доба. Германските племиња потекнуваат од јужна Скандинавија и Северна Германија кои започнале со своето населување кон југ, исток и запад во 1 век п.н.е. Тие влегле во контакт со келтските племиња во Галија како и со персиските, балтичките и словенските во Источна Европа. Многу малку е познато за раната историја на германите. Она кое е познато е нивните воени конфликти со Римската империја.
[уреди] Франкска империја
По пропаѓањето на Западната Римска империја, франките создале своја империја под раководство на Меровинзите, потчинувајќи ги другите германски племиња. Швабија во рамките на Франкската империја станала графство во 496 година по битката кај Болбиак. Кралот Кловис I веќе ги имал зеземено поголемиот дел од територијата на денешна Германија и покренал нови походи кон Саксонија, додека југоисточниот дел од денешна Германија останале под власта на остроготите. Во 531 година, саксонците и франките го зазеле кралството Тирингија. Саксонското население се населило во областа Унштрут. Во времето на разделувањето на Франкската империја, нивните германски територии биле дел од Австрија. Во 718 година, Карл Мартел започнал воени дејствија против Саксонија, поради фактот што таа му ја откажала својата помош за Неустрија. Во 751 година, Папин III ја примил титулата крал, а самата титула му била дадена од страна на црквата.
[уреди] Света Римска империја
Син на Папин III e Карло Велики (768-814), најпознатиот и најмоќниот крал на франките. Во текот на своето владеење, тој водил војни со саксонците (772-804), лангобардите (774), словените (789-812), баварците (788) и аварите (791-802). Пред неговата смрт, Франкската држава се простирила од Атланскиот океан и Ла Манш до Рим, Елба и Панонија. Островот Бретан останал под власта на галите. На југ, неговота држава се простирила до Шпанија и на исток до Картинија, Австрија, Данска и Чешка. Државата била разделена на 230 мали административни единични графства. Со графствата управувале графови кои имале правни и административни функции. Еден од најголемите успеси на Карло Велики е крунисувањето му за император од страна на папа Лав III на 25 декември 800 година. Византија, која се наоѓала од другата страна на Европа ја признала оваа титула на Карло Велики.
Во 1033 година, Светата Римска империја го уништило кралството Бургунди ставајќи го под нејзина контрола во времето на Конрад II. За време на управувањето на неговиот син, Хенри III, Светата Римска империја ја подржила клуниакската реформа на црквата, забраната на симонија|симонијата и безбрачноста на свештениците. Во ова време, империјата била под власта на папата во позадина.
Следувал конфликтот помеѓу Анри IV и папа Григур VII. Папата сакал да си ја врати својата раководна улога во Западна Европа, и германскиот император да му стане вазал. Хенри IV попаднал во тешка положба и бил принуден да отиде кај Григориј VII, за да бара помилување. Императорот отишол во резиденцијата на папата во Каноса. Бил принуден неколку денови да го чека папата гладен и необлечен. По неколку денови папата го примил и му простил. Со оваа победа над императорот, папата во Западна Европа уште повеќе добил можност за наложување на христијанството како и подоцната подршка за крстоносните војни. Во 1222 година се дошло до привремено помирување помеѓу Хенри V и папата.
Во периодот од 1212 година до 1250 година, Фридрих II создал модерна, професионално административна држава во Сицилија. Преку тоа тој ги подновил своите планови за завлдување на Италија, кое довело до создавање на нов конфликт со папството. Борбата со папата целосно ја исцрпила државата. По неговата смрт паднала и неговата династија Хоенштауфен. Следувал период на безвластие односно период во кој немало император. Врз основа на Златната була од Римини, големиот водач на Тевтонските витези Херман вон Салца и војводата Конрад I од Масовије заедно ги нападнале Старите Пруси во 1226, за да ги покрстат во крстоносниот поход на Прусите. Тогаш витезите биле обвинети за малверзации во полската управа и образување на независната Монашка држава на Тевтонски витези. Редот ја губи својата цел кога соседна Литванија го прифаќа христијанството. Сместен во Прусија, Редот почнува походи кон своите христијански соседи, царството Полска, Големо војводство Литванија и Република Новгород, откако целосно го асимилира Ливонијскиот ред. Благодареније на своите достигнувања, Редот постигнува голема градска економија, вработува голем број на европски трговци и станува морска сила на Балтичкото море.
Во периодот од 1346 до 1378 година, Карл IV од Луксембург, крал на Бохемија, преземал големи мерки за да ја издигне повторно императорската власт. Во средината на 16 век, Црната смрт ја опустошила Европа, заедно со територијата на Германија. Следувало прогонувањето на евреите на економска и религиозна основа. Многу од нив успеале да побегнат во Полска. Во времето на Златниот век, во 1356 година било земено решение дека императорот ќе се избира од страна на кралот на Бохемија, на Рејн, графот на Саксонија и маркграфот на Браденбург, како и од страна на три духовни свештеници односно епископите на Мајнц, Триер и Келн.
Од 1640 година, Браденбург започнал да ја зголемува својата моќ под раководство на Фридрих Вилхелм. Вестфалскиот мировен договор кој бил потпишан во 1648 година дал уште поголема можност за завладување со Источна Померанија. Била образувана апсолутна форма на управување. Во 1701 година, Фридрих Ванденбургски бил прогласен за крал на Прусија. Од 1713 година до 1740 година, кралот Фридрих Вилхелм I Прусија ја образувал како високо централизирана територијална држава. Во тоа време Луј XIV, крал на Франција, успеал да завладее со делови од Елзас и Лотарингија. Во 1683 година турците османлии за прв пат доживеале пораз пред портите на Виена од страна на полската армија водена од страна на Јан III заедно со австриските војски под раководство на Карло IV. Унгарија била покорена, а Австрија станала голема светска сила.
[уреди] Германски сојуз
По паѓањето на Наполеон, европските монарси и императори се собрале во Виена во 1814 година за да направат план за идното управување на Европа под раководство на австрискиот принц Клеменс фон Метерних. На териториите на веќе поранешната Света Римска империја се создал Германски сојуз од 39 територијални држави и истите биле под влијание на Австрија. Сојузот се состоел од Федерално Собрание (Bundestag), кое се наоѓало во Франкфурт. Во 1862 година, принцот Бизмарк бил номиниран за главен министер на Прусија како акт против либералната опозиција. Во периодот од 1863 до 1864 година на виделина излегол спорот помеѓу Прусија и Данска во врска со Шлезвиг кој за разлика од Холштајн не бил дел од германскиот сојуз и кој данските власти сакале да го вклучат во составот на Кралство Данска. Ова довело до Германо-Данска војна, во која Прусија подржана од страна на Австрија ја поразила Данска. Така Шлевсиг и Холштајн биле дадени на Австрија и Прусија. Во меѓувреме, поради недоразбирања се дошло и до војна помеѓу Прусија и Австрија во 1866 година, во која Прусија на крај извојувала победа.
[уреди] Вајмарска република
Вајмарска Република (германски: Weimarer Republik) или официјално Германски Рајх (Deutsches Reich) се нарекува Германија во периодот од 1919 до 1933 год. Овој период е познат како Вајмарски период. Името го добила по градот Вајмар, каде што се оддржал национален собир за донесување на нов устав (којшто стапил на сила од 11 август 1919 г.) за Германија по поразот во Првата светска војна. Сепак во овој период официјалното име на државата било „Германски Рајх“, а името „Вајмарска Република“ е употребувано само од историчарите денес. Вајмарската Република била создадена во февруари 1919, а престанала да постои со доаѓањето на Адолф Хитлер на власт во март 1933, кога Германија била позната како Третиот Рајх.
Првиот обид за создавање на либерална демократска Германија пропаднал со доаѓањето на Хитлер и Нацистичката партија на власт, иако уставот од 1919 бил задржан, промените што биле направени во 1933 (познати како Gleichschaltung) тотално го уништиле принципот на слободна демократија. Овие промени во уставот се бележат како крај на Вајмарската Република.
[уреди] Нацистичка Германија
Нацистичка Германија или Третиот Рајх се однесува на историјата на Германија меѓу 1933 и 1945, кога била под власт на Национал-социјалистичката германска работничка партија, или Нацистичката партија, на чело со Адолф Хитлер како канцелар.
[уреди] Разделување на Германија
По војната, Германија како поразена страна била окупирана од Сојузниците. По започнувањето на Студената војна, Германија била поделена на Западна Германија, поддржана од Западниот блок, и Источна Германија, поддржана од Советскиот Сојуз. Главниот град Берлин истотака бил поделен на Источен Берлин и Западен Берлин. Во 1961. СССР го изградиле Берлинскиот ѕид, со што и физички го изолирале Западен Берлин од остатокот на Источна Германија. Западните сили продолжиле да трошат огромни средства за да го одржат функционирањето на Западен Берлин како симбол на западниот капитализам и демократија.
[уреди] Падот на комунизмот
Падот на Берлинскиот ѕид бил првиот чекор во обединувањето на Германија кое се завршило на 3 октомври 1990 година. По колапсот на советскиот модел на комунизмот во светски размери, двете Германии во 1990 биле соединети, иако разликите меѓу истокот и западот, заедно се хроничната невработеност и слабиот економски раст, ќе продолжат да бидат предизвици за земјата.
[уреди] Географија и клима
Германија е држава која се наоѓа во Централна Европа. Вкупната површина на земјата изнесува 357,026 km², и според тоа се наоѓа на 61 место по големина во светот. Климата во Германија е умерена со топли лета и ладни зими. Подрачјата кои се наоѓаат на голема надморска височина имаат кратки ладни лета и долги жешки зими. Низ неа поминуваат реките Рајна, Дунав и Елба. Германија, всушност, е лоцирана на крстосниците на европските трговски и културни патишта.
[уреди] Административна поделба
[уреди] Економија
[уреди] Население, јазик и религија
[уреди] Култура во Германија
[уреди] Религија
Римокатолизмот бил основаната христијанска религија во земјата во 15 век, но процентот драстично бил променет по Реформацијата. Мартин Лутер во 1517 ја предизвикал Католичката црква нарекувајќи ја црква на корупција. Преку ова, тој ја сменил картата на европската и светската историја формирајќи го протестантизмот.Христијанството е најголема религија во Германија, со 54.765.265 верници (67,07%), според податоци од крајот на 2006 година.[1][2] Втората најголема религија е исламот, со 3.300 000 верници (4%)[1], а помали религиозни организации се Будизмот и Јудаизмот.
Поради миграција на работна сила во 1960-тите и неколку бранови на политичките бегалци од 1970 година, исламот станала видлива религија во Германија. Според податоци од 2009 година, во Германија има околу 4.3 милиони муслимани (5.4% од населението). Од нив, 1,9 милиони се германски државјани (2.4%) [3]. Почнувајќи од 2006 година, околу 15.000 турци земале германско државјанство. [4]
Денес во Германија, особено во нејзиниот главен град Берлин, има најбрз раст на Еврејската заедница во светот. Околу 9.000 Евреи по потекло од поранешниот Источен блок, претежно од поранешниот Советски Сојуз, се населиле во Германија по падот на Берлинскиот ѕид. Низ историјата, односно пред доаѓањето на нацизмот на власт во Германија, бројот на евреи кои живееле во Германија бил околу 600.000. Денеска, тој број се намалил односно вкупниот процент на евреи е 0.25%.
[уреди] Спорт
[уреди] Референци
- ↑ 1,0 1,1 Religionen in Deutschland - Mitglieder und Anhänger .::. REMID
- ↑ This percentage approximates CIA Factbook, 2009, which states that 68% of Germany is Christian
- ↑ http://www.dw-world.de/dw/article/0,,4419533,00.html
- ↑ http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/3997.htm
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
- Germany - Германија Специјални страници
|
|||
|
Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн |
|||
Австрија • Белгија • Бугарија • Германија • Грција • Данска • Естонија • Ирска • Италија • Кипар • Латвија • Литванија • Луксембург • Малта • Обединето Кралство • Полска • Португалија • Романија • Словачка • Словенија • Унгарија • Финска • Франција • Холандија • Чешка • Шпанија • Шведска
Земји кандидати во преговори: Турција • Хрватска Земја кандидат: Македонија Потенцијални земји кандидати: Албанија • Босна и Херцеговина • Србија • Црна Гора