Готлоб Фреге

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Готлоб Фреге
Западна философија
Философија во XIX век
Философија во XX век

Фотографија на Фреге од 1879 година
Цело име Фридрих Лудвиг Готлоб Фреге
Роден 8 ноември 1848(1848-11-08)
Висмар, Мекленбург-Шверин, Германија
Починал 26 јули 1925(1925-07-26) (на 76 год.)
Бад Клајнен, Мекленбург-Шверин, Вајмарска Република
Школа Аналитичка философија
Главни интереси Философија на математиката, математичка логика, философија на јазикот
Значајни идеи логика од прв ред, предикатна логика, логицизам

Фридрих Лудвиг Готлоб Фреге (германски: Friedrich Ludwig Gottlob Frege; 8 ноември 1848 Висмар26 јули 1925 Бад Клајнен) — германски математичар, логичар и философ. Еден од основачите на современата математичка логика и аналитичка философија. Се смета за еден од најголемите логичари на сите времиња. Неговото дело „Поимно писмо“ (Begriffsschrift) е најважна книга во историјата на логиката од основањето на предметот од страна на Аристотел, па сè до тој момент.

Најголемиот дел од својата научна кариера го поминал на Универзитетот во Јена. Држел предавања од многу области, на пример по математика држел предавања по аналитичка геометрија, диференцијални равенки, механика, и покрај тоа што поголемиот дел од неговите математички трудови бил од областа на логиката. Најзначајните трудови му биле од областите логика, математичка философија и философија на јазикот. Една позната реченица на Фреге е: „Секој добар математичар е барем половина философ, а секој добар философ е барем половина математичар.“

Во 1879, Фреге ја конструирал првата варијанта на предикатното сметање. Таа била многу слична на денешната, и покра тоа што Фреге користел друга нотација. Фрегеовото откритие за квантификаторот кој врзува променливи, се смета за едно од најголемите откритија на XX век.

Фреге сакал да покаже дека целокупната математика може да се сведе на логика, но во тоа не успеал. Развил специфична философија на јазикот која и денеска многу философи ја сметаат значајна.

Литература[уреди]

Наводи[уреди]

  1. "Frege's Technical Concepts", in Frege Synthesized: Essays on the Philosophical and Foundational Work of G. Frege, L. Haaparanta and J. Hintikka, Synthese Library, D. Reidel, 1986, pp. 253–295
  2. "Frege's Technical Concepts" in Frege Synthesized: Essays on the Philosophical and Foundational Work of G. Frege, L. Haaparanta and J. Hintikka, Synthese Library, D. Reidel 1986 pp. 253–295 ([1])

Надворешни врски[уреди]

Портал „Философија
Портал „Логика