Административно подрачје (Германија)
Во Германија, административен округ (на германски: Regierungsbezirk) е единица во одредени сојузни покраини (Bundesländer).
Тие се над окрузите, руралните окрузи и слободните градови.[1] Regierungsbezirk е уреден со Bezirksregierung (буквално „окружна управа“) и е воден од Regierungspräsident (буквално "претседател на влада").
Содржина |
Историја [уреди]
Првиот административен округ бил создаден од страна на Кралството Прусија, кое ги поделило своите провинции во 25 административни окрузи во 1808/1816. Административните окрузи на Северна Рајна-Вестфалија се во директно продолжување на оние создадени во 1815. Другите држави на германското царство создале слични ентитети, наречени Kreishauptmannschaft (во Саксонија) или Kreis (во Баварија и Виртемберг) (да не се мешаат со денешните Kreis или Landkreis). За време на нацистичка Германија, нацистичката влада го унифицирало именувањето; и оттогаш овие субјекти се наречени административни окрузи (Regierungsbezirk).
На 1 јануари 2000, Рајнска област-Пфалц ги распушти своите три Regierungsbezirke Кобленц, Рајнхесен-Пфалц и Трир - вработените и иметот на трите окружни влади (Bezirksregierungen) се претворени во три јавни органи одговорни за целата покраина, секоја покривајќи го делот на поранешните одговорности на окружните влади.
На 1 јануари 2004, Саксонија-Анхалт ги распушти своите три Regierungsbezirke: Десау, Хале и Магдебург. Надлежностите сега се опфатени од страна на Landesverwaltungsamt со три канцеларии во поранешните седиште на административните окрузи.
При основањето на Долна Саксонија во 1946 со спојувањето на трите поранешни слободни покраини Брауншвајг, Олденбург, Шаумбург-Липе и поранешните пруски провинции на Хановер поранешните две држави станале Verwaltungsbezirke (приближно административни региони со проширена надлежност) во Долна Саксонија и покрај помалку автономниот пруски стил Regierungsbezirke опфатен кај поранешната провинција Хановер и малата Шаумбург-Липе. Овие разлики се израмнети на 1 јануари 1978, кога четири територијално Regierungsbezirke се заменети со два Verwaltungsbezirke, а старите шест административни окрузи: Брауншвајг и Олденбург, како и Аурих, Хановер (останат главно ист), Хилдесхајм, Линебург (стар), Оснабрик и Штаде. На 1 јануари 2005, Долна Саксонија ги распути своите останати четири административни окрузи: Брауншвајг, Хановер, Линебург и Везер-Емс.
Во 2005, Северна Рајна-Вестфалија планираше да ги укине своите пет Regierungsbezirke и да создаде три самоуправни ентитети. Стариот, "пруски стил", административен округ нема самоуправни органи.
На 1 август 2008, Саксонија ги реорганизира своите окрузи (Landkreise) и го смени името на своите Regierungsbezirke во Direktionsbezirke. Ова беше неопходно, бидејќи еден од новите окрузи не се вклопуваше во границите на стариот административен округ и некои одговорности сега се покриени од страна на окрузите. Direktionsbezirke сè уште наречени Хемниц, Дрезден и Лајпциг. Властите на Direktionsbezirke се именувани Landesdirektion, а нивните претседатели се наречени Präsident der Landesdirektion наместо Regierungspräsidium или Regierungspräsident.
Локално постоење [уреди]
Не сите Bundesländer ја имаат оваа поделба; некои директно се поделени на окрузи. Моментално, пет покраини се поделени во 22 административни окрузи, кои се движат во население од 5.255.000 (Диселдорф) до 1.065.000 (Гисен):
- Баден-Виртемберг: Фрајбург, Карлсруе, Штутгарт, Тибинген
- Баварија: Горна Баварија, Долна Баварија, Горен Пфалц, Горна Франконија, Средна Франконија, Долна Франконија, Швабија
- Хесен: Дармштат, Гисен, Касел
- Северна Рајна-Вестфалија: Арнсберг, Келн, Детмолд, Диселдорф, Минстер
- Саксонија: Хемниц, Дрезден, Лајпциг
Регионалните влади на административните окрузи најчесто се занимаваат со административни одлуки на регионално ниво. Повеќето административни рутини се управувани од страна на општинските влади (на ниво на град или на округ), додека законодавството е усвоено од страна на парламентот на сојузната покраина или на национално ниво.
Наводи [уреди]
- ↑ Regional Governments in France, Germany, Poland and The Netherlands (HTML version of PowerPoint presentation) - Cachet, A (координатор), Еразмов универзитет, Ротердам
Надворешни врски [уреди]
Податотеки поврзани со Regierungsbezirk на Заедничката Ризница