Ангела Меркел

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Др. Ангела Доротеа Меркел
Dr. Angela Dorothea Merkel
Ангела Меркел

Во служба
На функција од 
22 ноември 2005
Претходник Герхард Шредер
Следбеник незаменета

Родена 17 јули 1954
Хамбург, Западна Германија
Партија Христијанско-демократска унија
Сопружник Улрих Меркел (разведена)
Јоаким Сауер
Професија Физичар
Религија Лутеран

Ангела Меркел (германски: Angela Dorothea Merkel) (17 јули 1954, Хамбург) е 34-ти канцелар на Германија и лидер на Христијанско-демократската унија. Таа е првата жена - канцелар на Германија и прв канцелар на повоена Германија што доаѓа од поранешната Источна Германија.

Ангела Меркел денес е единствената жена на чело на влада во Европа и една од петте жени на таа функција во светот. Премиерки имаат и Бангладеш, Мозамбик, Нов Зеланд и Сао Томе и Принципе.


[[Наслов на врска]]


Во 2007г.Ангела Меркел е исто така претседател на Европскиот Совет и председавач со G8.Таа ја игра централната улога во преговорите за спогодбата од Лисабон и Берлинската декларација.Таа исто така е прогласена за најмоќна жена на светот.Таа во 2007г.е втората жена која што е во G8 после Маргарет Тачер.

Во 2008г.таа прима награда за нејзината работа во врска со реформите во Европската Унија,наградата беше претставена од страна на Никола Саркози.


Личен живот

Ангела Меркел е родена како Ангела Доротеа Каснер во Хамбург како ќерка на Хорст Каснер,Лутерански Пастор и неговата жена,Херлинд,учител(професор)по Англиски и Латински јазик.Најзината мајка е член на Социјал-Демократската партија на Германија.Бабата и дедото на Ангела Меркел по страната на нејзината мајка живееле во Елбинг во источна Русија.Едниот од нив има Полско потекло.Меркел има брат Маркус и сестра Ирене. Таткото на Меркел учел Теологија во Хеиделберг,а потоа во Хамбург.Во 1954г.нејзиниот татко станува вообичаен пастор во црква близу Перлеберг-Брандербург,каде фамилијата преминува во Темплин.Така Меркел израстува во околина 80км(50мили)северно од Берлин,во социјалистичка Германска Демократска Република. Меркел се образуваше во Темплин на University of Leipzig,каде што студираше физика од 1973 до 1978г.Меркел работеше и учеше во институтот за Физичка Хемија на Академијата за Науки во Berlin-Adlershof од 1978г. до 1990г.Ангела Меркел зборува течно Руски.Таа исто така докторира каде што станува Др.Ангела.