Волфганг Шојбле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Волфганг Шојбле
WSchaeuble.jpg
Волфганг Шојбле во 2006

Во служба
Стапил
28 октомври 2009
Канцелар Ангела Меркел
Претходник Пеер Штајнбрик

Во служба
22 ноември 2005 – 27 октомври 2009
Канцелар Ангела Меркел
Претходник Ото Шили
Наследник Томас де Мезие
Во служба
21 април 1989 – 26 ноември 1991
Канцелар Хелмут Кол
Претходник Фридрих Цимерман
Наследник Рудолф Зајтерс

Во служба
15 ноември 1984 – 21 април 1989
Канцелар Хелмут Кол
Претходник Валдемар Шрекенбергер
Наследник Рудолф Зајтерс
Лични податоци
Роден(а) 18 септември 1942 (1942-09-18) (72 г.)
Фрајбург во Брајсгау, Германија
Партија Христијанско-демократска унија
Образование Универзитет Фрајбург
Универзитет Хамбург
Вероисповед Евангелистичка Црква во германија[1]
Портал Official website

Волфганг Шојбле (роден на 18 септември 1942 година) е германски политичар на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), во моментов дејствува како Сојузен министер за финансии во вториот кабинет на Меркел.

Од 1984 до 1991 беше член на кабинетот на Хелмут Кол, прво како Сојузен министер за посебни работи на Германија и Шеф на канцеларството, а потоа и како Сојузен министер за внатрешни работи. Помеѓу 1991 и 2000 беше претседател на групата ЦДУ/ЦСУ во парламентот, а од 1998 до 2000, исто така, претседател на партијата ЦДУ. Тој, повторно, беше Сојузен министер за внатрешни работи во првиот кабинет на Меркел од 2005 до 2009.

Образование и кариера[уреди]

Шојбле е роден во Фрајбург во Брајсгау, како син на даночен советник за финансии. По завршувањето на неговата ''Абитур'' (матура) во 1961, Шојбле студирал право и економија во Фрајбург во Брајсгау и во Хамбург, кои ги завршил во 1966 и во 1970 година со положување на првата и втората државна испитна сесија, станувајќи целосно квалификуван адвокат.

Во 1971 Шојбле го добива својот докторат во правото, со дисертација под наслов „Сеопфатната сметководствена професионална легална ситуација во сметководствените фирми“.

Влегол во даночната администрација на државата Баден-Виртемберг, на крајот да стане висок административен службеник во даночната канцеларија во Фрајбург.

Потоа, Шојбле стана извршен регистриран адвокат во окружниот суд во Офенбург, од 1978 до 1984.

Семејство[уреди]

Шојбле е во брак со економистката Ингеборг Шојбле од 1969 година. Тие имаат четири деца: три ќерки Кристин, Жулијан и Ана и еден син Ханс-Јерг. Неговиот брат Томас Шојбле е поранешен министер за внатрешни работи на Баден-Виртемберг и е извршен претседател на државната пиварница на Баден-Виртемберг „Ротхаус“ од 2004.

Вклучување во политика[уреди]

Политичката кариера на Шојбле започнала во 1961 со придружувањето во Јунге Унион (Млада унија), младиот огранок на ЦДУ. За време на неговите студии тој беше претседател на Асоцијацијата на Христијанско-демократските студенти (германски: Ring Christlich-Demokratischer Studenten), во Хамбург и Фрајбург. Во 1965 година, Шојбле исто така станува член на ЦДУ. Од 1969 до 1972 година бил претседател на окружната Млада унија во јужен Баден. Од 1976 до 1984 работел како претседател на Националниот комитет за спорт на ЦДУ.

Откако беше поразен ЦДУ во 1998 на сојузните избори, Шојбле стана претседател на ЦДУ. Тој се откажува од ова место во 2000 во екот на скандалот со финансирање на политичките партии, во текот на прифаќањето на парични донации над 100.000 германски марки дадени од страна на дилерот со оружје и лобист Карлхајнц Шрајбер во 1994. Наследник на Шојбле беше Ангела Меркел.

Член на парламентот[уреди]

Шојбле е член на Бундестагот од 1972 година. Од 1981 до 1984 година беше парламентарен камшик на коалицијата ЦДУ/ЦСУ и во ноември 1991 година тој стана претседател на коалицијата. Сепак, Шојбле се откажа од оваа позиција, како и во 2000 година, како уште една последица од скандалот со финансирање. Од октомври 2002 Шојбле е заменик-претседател на ЦДУ/ЦСУ.

Шојбле отсекогаш бил избран во Бундестагот по пат на освојување на изборно место, наместо преку листа во германскиот систем на пропорционална политичка застапеност. Во 2005 на сојузните избори тој освоил 50,5% од сите директни гласови во рамките на неговиот изборен округ број 285 во Офенбург, малку помалку отколку на изборите во 2002, кога освоил 52,2%.

Јавна функција[уреди]

1989: Волфганг Шојбле (во центар), германски Сојузен министер за внатрешни работи

На 15 ноември 1984 година Шојбле е назначен за министер за специјални задачи и шеф на канцеларството од страна на канцеларот Хелмут Кол. Во оваа улога тој беше ставен на чело на подготовките за првата официјална државна посета на Ерих Хонекер, претседател на Државниот совет на Германската Демократска Република (ГДР), во 1987.

Во реконструкцијата на владата Шојбле е назначен за министер за внатрешни работи на 21 април 1989 година. Во оваа улога, тој исто така ги водеше преговорите во име на Сојузна Република Германија за обединување со ГДР во 1990 година. Тој сега е министер за финансии.

Во 1990-тите Шојбле беше еден од најпопуларните политичари во Германија и постојано имаше шпекулации дека тој ќе го замени Кол како канцелар, кој губеше сè повеќе и повеќе од неговата популарност[2]. Во 1997 Хелмут Кол изјави дека Шојбле е неговиот посакуван кандидат за да го наследи, но тој не сакаше да ја предаде власта до 2002 година, кога Европската монетарна унија би била завршена со воведувањето на еврото. Сепак, бидејќи ЦДУ/ЦСУ ги изгубија изборите во 1998 година, Шојбле никогаш не стана канцелар.

Откако Еберхард Дипген беше изгласан за градоначалник на Берлин, Шојбле беше во преговори да биде кандидат за предвремените избори на 21 октомври 2001 година, но беше одбиен од страна на филијалата во Берлин на ЦДУ во корист на Франк Штефел.

Некои кругови на ЦДУ и ЦСУ сакаа да го стават Шојбле како свој кандидат за канцеларијата на германскиот претседател, во голема мера церемонијален шеф на државата, на почетокот на март 2004, поради неговото големо политичко искуство. И покрај поддршката од премиерот на Баварија (Едмунд Штојбер (ЦСУ)) и Хесен (Роланд Кох (ЦДУ)), на крајот Шојбле не ја доби номинацијата на партијата, бидејќи лидерот на ЦДУ Ангела Меркел, други политичари од ЦДУ и либералната Слободна демократска партија зборуваа против него. Ова беше поради изборниот скандал со Шојбле, кој првпат дојде на виделина кон крајот на 1999 година, но никогаш не беше целосно разрешен.

Во ноември 2005 година, Шојбле уште еднаш стана сојузен министер за внатрешни работи, овојпат во големата коалиција во кабинетот на канцеларката Ангела Меркел.

Во октомври 2009 година, Шојбле стана сојузен министер за финансии.

Политички погледи[уреди]

Во 1999 година Шојбле иницираше петиција на ЦДУ/ЦСУ за кампања против реформата на германскиот Закон за државјанство под мотото „Интегрирање: да - двојно државјанство: не“.

За време на војната на Ирачката војна во 2003, Шојбле за разлика од многу германски политичари, силно застана во одбрана на одлуката на САД за инвазија врз Ирак.

Тој го обвини тогашниот канцелар Герхард Шредер на недостаток на соодветна историска совест, бидејќи тој го прифатил наводното кршење на човековите права од страна на руската влада без критика.

Шојбле, исто така, е на ставот дека проблемот на Европа не е во Европската Унија, туку во одредени национални влади кои не можат да му одолеат на искушението да ги направи ЕУ и Европа жртвен јарец за нивните сопствени национални проблеми. Примери на кои укажа Шојбле се Пактот за стабилност и раст на ЕУ и погледот на Министерството за финансии дека воведувањето на еврото ќе ѝ наштети на германската економија.

Во март 2007 година, Шојбле рече во едно интервју дека примената на пресумпцијата на невиност не треба да биде релевантна за овластување контра-терористичките операции[3].

Подоцна, истата година Шојбле предложи воведување на закон, кој ќе ѝ овозможи на сојузната германска влада да спроведе на дело убиства на терористи, како и забрана на употреба на интернет и мобилни телефони за лица осомничени како симпатизери на терористи[4].

На 27 Февруари 2008 година, тој ги повика сите европски весници да печатат карикатури на Мухамед со објаснување: „Ние, исто така, мислиме дека е патетично, но користењето на слободата на печатот не е причина да се прибегне кон насилство.“[5]

Во јули 2009 година, Шојбле рече во едно интервју дека Берлин ќе мора да „разјасни дали нашата правна држава е доволен за новите закани со кои се соочува.“[6][7] Тој рече дека законските проблеми со кои неговата канцеларија мора да се бори е со „проширување на сите начини да се решат екстремни случаи, како што се одбраните убиства ... Замислете некој да знае во која пештера седи Осама бин Ладен. Тогаш треба да биде направена мисија за негово убивање.“[6][7] Интервјуерот рече: „Сојузната германска влада, најверојатно најпрвин ќе прати јавен обвинител таму, за да го уапси бин Ладен.“[6][7] Шојбле одговори: „А Американците ќе го ликвидираат со проектил, а повеќето луѓе би рекле ,благодарам Господе`.“[6][7]

Критика[уреди]

Критиката на Шојбле се претежно за неговата општествена политика, особено во областа на борбата против тероризмот, за која тој е обвинет од страна на некои активисти за човекови права. Гласни противници се и од заедницата за отворен софтвер[8]. Последните одлуки на неговото министерство доведоа до кампањата наречена Штази 2.0 по нејзините иницијатори, тврдејќи дека намерно наликува на источно германското Министерство за државна безбедност.[9]

Контроверзата е предизвикано од препораката на Шојбле во интервју во 2007 година на една книга од Ото Депенхојер, кој застана во одбрана на логорот Гвантанамо Беј „како законски дозволен одговор во борбата на уставната цивилизација против варварството на тероризмот.“[10]

Како протест против неговата поддршка за зголемување на употребата на биометриските податоци, група хакери Хаос Компјутер Клуб, објавија еден отпечаток од прсти на Шојбле во март 2008 во издание на списанието Датеншлојдер. Во списанието, исто така, имало копија на филм кој читателите можеле да го користат за да ги обманат отпечатоците на читателите.[11]

Во ноември 2008 година, нацрт-законот за давање повеќе власт на Сојузната канцеларија на криминалната полиција (БКА) не успеа кога некои покраини се воздржаа од гласањето во Бундесрат|Бундесратот, законодавниот дом на покраините. Потоа, Шојбле предложи менување на процедурите за гласање на Бундесратот да ги игнорира воздржаните гласови од вкупниот број. Многу министри од опозицијата го критикуваа неговиот предлог, а некои и повикуваа на негова оставка.[12][13]

Во февруари 2009 година, веб-страната на Шојбле беше хакирана поради недостаток во безбедноста TYPO3 CMS и несигурна лозика „gewinner“ (победник). Хакот се состоеше од деградација, која стави една голема, лесно видлива врска на насловната страница до почетната страница на германската работна група за чување на податоците[14].

Обид за атентат[уреди]

На 12 октомври 1990 година, Шојбле беше цел на обид за атентат од страна на Дитер Кауфман[15], кој испукал три истрели во Шојбле по настан во изборната кампања во Опенау. Тој го повредил телохранителот, а Шојбле имал тешки повреди на ‘рбетниот мозок и на лицето. Шојбле, оттогаш, е парализиран и користи инвалидска количка. Убиецот е прогласен за ментално болен од страна на судиите и е упатен во клиника, поради психоневроза.

Наводи[уреди]

  1. http://www.wolfgang-schaeuble.de/ws-pers.htm
  2. Kinzer, Stephen. „Bonn Journal; Kohl's Protege Turns Into Kohl's Challenger“, „The New York Times“, 12 октомври 1992.
  3. Schäuble will Unschuldsvermutung nicht gelten lassen, www.tagesschau.de, 18 April 2007
  4. "German minister's proposal causes uproar", AFP (IOL), 9 July 2007.
  5. German Minister Calls on EU Press to Publish Mohammed Cartoon, Deutsche Welle, 27 February 2008
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Susanne Koelbl (28 јули 2008). „Terrorism Interview with German Interior Minister Wolfgang Schäuble: 'We Could Be Struck at Anytime'“. „Der Spiegel. http://www.spiegel.de/international/germany/0,1518,493364,00.html. конс. 29 мај 2010. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „Schäuble in Trouble: Interior Minister in Crisis Over 'Targeted Killings' Remark“. „Der Spiegel“. 16 јули 2007. http://www.spiegel.de/international/germany/0,1518,494635,00.html. конс. 29 мај 2010. 
  8. Slashdot | German Linux Community Boycotting LinuxTag
  9. taz.de | The Man Behind the Schäuble Stencil (German)
  10. Gunter Hofmann. „Schäubles Nachtlektüre“, Die Zeit issue 33/2007, 9 август 2007, стр. 7 (конс. 29 декември 2007). (на German)
  11. CCC publishes fingerprints of Wolfgang Schäuble, the German Home Secretary, Heise Online, published 2008-03-31, accessed 2010-12-16
  12. ddp/ks. „Schäubles vorschlag stößt auf Welle der Empörung“, Welt Online, 21 ноември 2008 (конс. 22 ноември 2008). (на German)
  13. Schäuble erntet Fassungslosigkeit“, Tagesschau. (на German)
  14. Heise Online. „Typo3 hack on German Interior Minister's web site“.
  15. German official injured in attack has more surgery“, St. Petersburg Times, 15 октомври 1990 (конс. 27 октомври 2008).

Надворешни врски[уреди]

Политички функции
Претходник
Валдемар Шрекенбергер
Шеф на канцеларството
1984–1989
Наследник
Рудолф Зајтерс
Министер за посебни работи
1984–1989
Претходник
Фридрих Цимерман
Министер за внатрешни работи
1989–1991
Претходник
Ото Шили
Министер за внатрешни работи
2005–2009
Наследник
Томас де Мезие
Претходник
Пеер Штајнбрик
Министер за финансии
2009–до денес
На должност
Награди и достигнувања
Претходник
Хајнц Клаус Мертес
Награда Конрад Аденауер
1998
Наследник
Ернст Нолте
Наследник
Отфрид Пројслер