Баден-Виртемберг
| Знаме | |
|---|---|
| Грб | |
| Главен град: | Штутгарт |
| Површина: | 35,751.65 km² |
| Жители: | 10,718,327 (2005-03-31) |
| густина на насел.: | 300/km² |
| Веб-сајт: | http://www.baden-wuerttemberg.de/ |
| ISO 3166-2: | DE-BW |
| Политика | |
| Премиер: | Гунтер Етингер (ХДУ) |
| Владејачка партија: | ХДУ/ФДП коалиција |
| Мапа | |
Баден-Виртемберг (на германски: Baden-Württemberg) е сојузна покраина (држава) во југозападна Германија, источно од горниот тек на реката Рајна. Таа е третата најголема сојузна држава (по површина и по население) од вкупно шеснаесетте држави, со површина од 35,742 km² и 10,7 милиони жители. Главен град е Штутгарт.
Содржина |
Географија [уреди]
Државата граничи со Швајцарија на југ, со Франција на запад и со германските сојузни држави Рајнска област-Пфалц, Хесен и Баварија.
Поголеми градови во Баден-Виртемберг се Штутгарт, Манхајм, Карлсруе, Фрајбург, Хајделберг, Хајлброн, Лудвигсбург, Улм, Тибинген, Пфорцхајм и Ројтлинген.
Реката Рајна ги образува западната, како и поголеми делови од јужната граница. Шварцвалд (герм. Црна Шума) е главниот планински венец на државата, кој започнува од исток од долината на Рајна. Баден-Виртемберг ги дели Боденското Езеро и ограноците од Алпите со Швајцарија.
Дунав извира од Баден-Виртемберг, во близина на градот Донауешинген, кај месноста Фуртванген на Шварцвалд.
Административна поделба [уреди]
Баден-Виртемберг е поделен на 35 окрузи, групирани во четири административни подрачја (владини окрузи): Фрајбург, Карлсруе, Штутгарт и Тибинген.
Исто така постојат и девет слободни градови кои не припаѓаат на ниту една област:
Историја [уреди]
Сојузната покраина се состои од историските држави Баден, Хоенцолерн и Виртемберг.
По Втората Светска војна, сојузниците воспоставиле три држави: Виртемберг-Баден (окупиран од САД), Виртемберг-Хоенцолерн (Франција) и Баден (Франција). Во 1952 година, овие држави се спојуваат со што ја формираат денешната Баден-Виртемберг; Конституцијата од 1949 содржела специјална клауза (Член 118) која го овозможила спојувањето на државите.
Политика [уреди]
Листа на премиери на Баден-Виртемберг [уреди]
- 1952 - 1953: Рејнхолд Мајер (СДГ/ГВП)
- 1953 - 1958: Гебхард Милер (ХДУ)
- 1958 - 1966: Курт Георг Кисинџер (ХДУ)
- 1966 - 1978: Ханс Карл Филбингер (ХДУ)
- 1978 - 1991: Лотар Шпет (ХДУ)
- 1991 - 2005: Ервин Тојфел (ХДУ)
- од 2005: Гунтер Етингер (ХДУ)
Надворешни врски [уреди]
|
|||
|
Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн |
|||