Пфорцхајм

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Пфорцхајм е град со 119,000 жители во Баден-Виртемберг, југозападна Германија, на прагот на Шварцвалд. Зафаќа површина од 98 km² и се наоѓа помеѓу градовите Штутгарт и Карлсруе, на точката каде се спојуваат реките Енц, Наголд и Вурм. Тоа е границата меѓу Баден и Виртемберг, а градот е сместен во Баден.

Пфорцхајм не припаѓа на ниту една административна област, но во исто време е административен центар на областа Енц која го обиколува градот. Познат е по индустријата за накит и производство на часовници.

За време на Втората Светска војна, Пфорцхајм бил бомбардиран неколку пати. Најстрашното било изведено од Кралската Воздушна Војска (RAF) попладнето на 23 февруари, 1945 година.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици