Карлсруе

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Замок во Карлсруе

Карлсруе (на германски: Karlsruhe) е град во југозападна Германија кој припаѓа на Баден-Виртемберг. Се наоѓа во близина на француско-германската граница.

Најголемата рафинерија за нафта во Германија се наоѓа во Карлсруе, во западниот дел на градот, на реката Рајна.

Карлсруе е познат како интернетскиот главен град на Германија, бидејќи два познати интернет провајдери се наоѓаат во градот.

Technologieregion Karlsruhe е конфедерација на градовите од регионот за промовирање на високотехнолошки индустрии; денес, околу 20% од работите во регионот се состојат од истражување и развиток кои даваат добра основа за висока технологија.