Бундесрат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Германски Бундесрат
Deutscher Bundesrat
Основано 23 мај 1949
Водство
Претседател Штефан Вајл, SPD
од 1 ноември 2013
Прв потпретседател Винфрид Кречман, Зелени
од 1 ноември 2013
Втор потпретседател Фолкер Буфие, CDU
од 1 ноември 2013
Членови 69
Зборно место
Пруска палата на лордовите, Берлин
Мреж. место
Бундесрат

Германскиот Бундесрат (буквално „Сојузен совет“; германски: Bundesrat) — законодавно тело кое ги претставува шеснаесетте сојузни покраини на Германија на сојузно ниво. Неговото седиште е во поранешната Пруска палата на лордовите (Preußisches Herrenhaus) во Берлин.

Бундесратот учествува во законодавството, заедно со Бундестагот. Тој е непосредно избран од граѓаните на Германија и одлучува за закони кои се однесуваат на надлежностите на покраините и сите уставни промени мора да добијат согласност од ова тело. Работејќи на сличен начин како горните домови на парламентите во други земји, често е споредуван со американскиот Сенат или рускиот Совет на Федерацијата или Палатата на Лордовите во Велика Британија, иако германскиот устав не ги наведува Бундестагот и Бундесратот како домови на дводомен парламент (зборот „парламент“ дури и не се појавува во Уставот). Официјално, познато е како „уставно тело“ заедно со Бундестагот, Претседателот, Владата и Сојузниот уставен суд.[1]

Бундесратот веќе се појавувал како име на слични тела во Северногерманската конфедерација (1867) и Германското царство (1871). Во периодот 1919-1933/1934 (Вајмарска Република) името било Рајхсрат.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]