Совет на Европската Унија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Совет на Европската Унија
200px
Вид
Вид Горен дом
Водство
Претседателство Шпанија
од 1 јануари 2010
Генерален секретар Пиер де Боисиеу
од 1 декември 2009
Членови 28 (различни претставници од 28 земји)
Партии Нема официјална поделба од страна на политичките партии
Изборен систем Неизбрани (застапници од националните влади)
Зборно место
Брисел, Белгија
Мреж. место
consilium.europa.eu
Европска Унија
Знаме на Европската унија

Дел од серијалот:
Политика на и управување со
Европската Унија

Советот на Европската Унија е законодавно тело на Европската Унија, што ги претставува земјите-членки. Во него членува по еден министер од секоја земја на ЕУ. Советот е главна институција за донесување на одлуки во рамките на ЕУ.[1] Претседателството со Советот ротира на секои шест месеци. Состаноците на Советот се одржуваат во Брисел (Белгија), освен во април, јуни и октомври кога состаноците се одржуваат во Луксембург.

Советот е еден од двата законодавни дома во ЕУ, покрај Европскиот парламент.[2] Советот е составен од 27 национални министри, по еден од секоја земја.

Општи податоци[уреди]

Советот е главното тело што донесува одлуки во ЕУ. Како и Европскиот парламент, Советот e формиран со основачките договори во 1950-тите. Тој ги претставува земјите-членки и на неговите состаноци присуствува по еден министер од секоја од владите на одделните земји на ЕУ. Кој министер ќе присуствува на даден состанок, зависи од темите кои се наоѓаат на дневниот ред.[3] Ако, на пример, Советот треба да дискутира на теми од областа на животната средина, на состанокот ќе присуствуваат министрите за животна средина од сите земји-членки на ЕУ и состанокот ќе биде познат под името “Совет за животната средина”. Со односите на ЕУ со останатиот дел од светот раководи “Советот за општи работи и надворешни односи”. Меѓутоа, составот на овој Совет има, исто така, прилично голема одговорност во однос на некои поопшти политички прашања, така што на неговите состаноци присуствуваат разни министри или секретари на држави, според изборот на нивните влади.

Надлежности на советот[уреди]

  • Да усвојува европски закони. Тој работи заедно со Европскиот парламент на законската регулатива во голем број области.
  • Да ги координира опсежните европски политики на земјите-членки
  • Да склучува меѓународни договори помеѓу ЕУ и една или повеќе земји или меѓународни организации.
  • Да го одобрува буџетот на ЕУ заедно со Европскиот парламент.
  • Да ја развива Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, заснована врз насоките зацртани од Европскиот совет.
  • Да ја координира соработката меѓу судовите и полициските сили на одделните држави, во поглед на криминалните дејствија.

Внатрешна организација на Советот[уреди]

Корепер[уреди]

Во Брисел, секоја земја-членка на ЕУ има постојан тим (“претставништво”) кој го застапува и брани интересот на својата земја на ниво на ЕУ. Шефот на секое претставништво е амбасадор на својата земја во ЕУ. Овие амбасадори (познати под името “постојани претставници”) се среќааваат еднаш неделно во Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР). Улогата на комитетот е да ја подготви работата на Советот, со исклучок на прашањата од земјоделството, кои се во надлежност на Специјалниот комитет за земјоделство.

На КОРЕПЕР му помагаат голем број работни групи составени од претставници од администрациите на одделните држави. Претседателството на Советот ротира на секои шест месеци. Со други зборови, секоја земја презема одговорност над агендата на Советот и претседателствува на сите состаноци во период од шест месеци, промовирајќи законска регулатива и политички одлуки и преговарајќи за компромиси помеѓу земјите- членки. Ако, на пример, некоја средба на Советот за животна средина е закажана за втората половина на 2006, со средбата ќе претседава финскиот министер за животна средина, бидејќи тогаш Финска би била на чело на Претседателството на Советот.

Генерален секретаријат[уреди]

На Претседателството му помага Генералниот секретаријат, кој го подготвува и обезбедува непреченото функционирање на работата на Советот на сите нивоа. Во 1999 година, Хавиер Солана бил назначен за генерален секретар на Советот. Тој е и висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика и во ова свое својство му помага на Советот да подготвува и спроведува политички одлуки. Покрај тоа, тој се вклучува, во име на Советот, и во политички дијалог со земји што не се членки на ЕУ. На Генералниот секретар му помага заменик генерален секретар, кој има обврска да раководи со Генералниот секретаријат.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „The Council of the European Union“. http://www.consilium.europa.eu/showPage.aspx?id=242&lang=EN. конс. 15 мај 2008. „The Council is the main decision-making body of the European Union“ 
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Legislative_power.
  3. „The Union's institutions: The Council of Ministers“. Europa (web portal). http://europa.eu/scadplus/constitution/council_en.htm. конс. 1 јули 2007.