Идно проширување на Европската Унија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
  Членки
  Потенцијални кандидати: Албанија, Исланд, Црна Гора и Србија
  Потенцијални кандидати кои не аплицирале за членство: Босна и Херцеговина и Косово
  Земји кои не планираат да влезат во блиска иднина: Швајцарија, Норвешка, Украина,Белорусија
Европска Унија
Знаме на Европската унија

Дел од серијалот:
Политика на и управување со
Европската Унија

Прашањето околу идното проширување на Европската Унија (ЕУ) теоретски е отворено за секоја држава која се наоѓа на европскиот континент, која е демократизирана, земја во која функционира организацијата на слободен пазар и земја која е подготвена да ги спроведе сите претходни закони кои ги налага законодателството на ЕУ. [1] Денеска, Европската Унија претставува наднационална и меѓувладина унија (заедница) на 27 демократски земји-членки. Таа е најголемата конфедерација на независни држави во светот, основана под ова име во 1992 со Мастришкиот договор. Сепак, многу аспекти од Унијата постоеја и пред оваа година преку серија на претходни договори, кои датираат од 1951. Сепак, дали една земја ќе пристапи кон унијата е предмет кој се оценува од страна на институциите на ЕУ. [2]

Во моментот постојат три потенционални кандидати за членство во унијата: Хрватска (2003), Македонија (2004) и Турција (1987), но Македонија сѐ уште не ги започнала преговорите за влез.[3]Три земји од Западен балкан го имаат потпишано Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА), кој влегол во сила за Албанија, Хрватска и Македонија.[4] Црна Гора (декември 2008), Албанија (април 2009) и Србија (декември 2009)[5]исто така поднеле барање за членство, но Европската комисија не го дала своето мислење сеуште.[6]

Моменталната владејачка партија во Исланд неодамна одобрила одржување референдум за отворање на преговорите за пристапување со ЕУ. Одобрувањето доаѓа по раскинот со традиционалната исландска политика кон ЕУ, но тоа е далеку од јасно дали населението ќе го поддржи прашањето околу можните преговори односно зачленување.[7]Доколку преговорите се одобрат, се очекува Исланд релативно брзо да ги исполни барањата за пристап кон унијата.

За земјите од Источна Европа, Хедер Граби од Центарот за европски реформи рекол, "Белорусија е премногу авторитарна, Молдавија премногу сиромашна, Украина премногу голема, и Русија премногу страшна за ЕУ која би требало да размисли за понудата за нејзино членство во било кое време."[8]Сепак, Украина покажала силен интерес за членството во ЕУ.[9]

Содржина

Земјите и нивната политика[уреди]

Сегашната програма за проширување на Европската Унија главно е насочена во поглед на Турција, Западен Балкан и Исланд. Турција има долгогодишни преговори со ЕУ, но преговорите се очекуваат да траат уште многу години. Како и за државите од Западен Балкан, ЕУ имала ветување дека ќе ги вклучи по крајот на нивните граѓански војни: всушност, една држава влезе, две земји се кандидати, три се во преговори и другите имаат претпристапни договори. Кај Исланд пак се очекува да завршат преговорите главно поради членството на земјата во Европската економска зона.

Земја
Статус
Асоцијација
Договор
Апликација за
членство
Кандидат
статус
Почеток на
преговори
Chap отворени
/ затворени
Население
Површина (km²)
Албанија Албанија Барател 12 јуни 2006 ДСА 28 април 2009 &100000000036394530000003.639.453 &1000000000002874800000028.748
Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина Вонреден 16 јуни 2008 ДСА &100000000039812390000003.981.239 &1000000000005112900000051.129
Хрватска Хрватска Член 29 октомври 2001 ДСА 21 февруари 2003 18 јуни 2004 3 октомври 2005 33/33 of 33 &100000000044894090000004.489.409 &1000000000005654200000056.542
Исланд Исланд Барател 2 мај 1992 ЕЕЗ 16 јули 2009 &10000000000319756000000319.756 &10000000000103001000000103.001
Косово[10] Не поднеле барање &100000000021000000000002.100.000 &1000000000001090800000010.908
Македонија Македонија Кандидат 9 април 2001 22 март 2004 17 декември 2005 &100000000021145500000002.114.550 &1000000000002571300000025.713
Црна Гора Црна Гора Барател 15 октомври 2007 ЕЕЗ 15 декември 2008 &10000000000678177000000678.177 &1000000000001381200000013.812
Србија Србија Кандидат 29 април 2008 ЕЕЗ 22 декември 2009 1 март 2012 17 јули 2013 &100000000074980010000007.498.001 &1000000000008836100000088.361
Турција Турција Преговори 12 септември 1963 АД 4 април 1987 12 декември 1999 3 октомври 2005 13/1 of 35 &1000000007481600000000074.816.000 &10000000000783562000000783.562

Официјални кандидати[уреди]

Хрватска[уреди]

Хрватска во портокалова боја

Хрватска аплицирала за членство во ЕУ во 2003 година, а како официјален кандидат Европската комисија и доделила статус следната 2004 година. Кандидатскиот статус на Хрватска и бил доделен од страна на Европскиот совет во средината на 2004 година, како и датум за започнување на преговорите за влез во унијата. Првично започнувањето на преговорите биле закажани за 2005 година но истите биле одложени за една година. По отварањето на преговорите за пристапување кон унијата на 3 октомври 2005 година, процесот бил завршен на 18 октомври 2006 година.[11]Преговорите биле во застој односно стопирани по блокадата на Словенија поради граничниот спор помеѓу двете земји. По едногодишните преговори, во септември 2009 година Словенија изјавила дека ќе ја повлече блокадата без оглед на тоа што не се пронајдело идеално решение околу спорот на границата[12]Така тоа придонело Хрватска да ги продолжи преговорите со ЕУ. Првичните резултати покажале дека земјата ќе влезе вои унијата во 2012 година, но засега нема официјални податоци.

По Словенија, Хрватска е втората земја од поранешна Југославија која се обновила односно модернизирала според европските стандарди. Таа се надева да стане втората југословенска република која ќе стане член на ЕУ. Во поглед на некои земји од Источна Европа, Хрватска има стабилна економија, подобри статистички податоци во однос на Бугарија и Романија, како и БДП по глава на жител. Кон крајот на 2005 година, официјалните претставници на ЕУ предвидиле дека пристапувањето на Хрватска, најверојатно, ќе се случи меѓу 2010 и 2012 година. Во октомври 2006 година, комесарот за проширување Оли Рен изјавил: "Доколку Хрватска биде во можност да го реформира своето судство и економија со строгост и резолуција, тогаш таа веројатно ќе биде подготвена околу крајот на оваа декада." [13]

Македонија[уреди]

Република Македонија во портокалова боја

Македонија аплицирала за членство во ЕУ на 22 март 2004 година. На 9 ноември 2005 година, Европската комисија на Македонија решила да и додели статус на кандидат. Така, на 17 декември 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и доделила статус на кандидат за членство во Европската Унија. Сепак, датум за започнување на преговори со ЕУ Република Македонија сѐ уште не добила.

Република Македонија, по конфликтот од 2001 година, денеска мирот се одржува главно поради спроведувањето на Охридскиот договор, според кој етнички Албанци добиле големо автономно управување. За разлика од Србија, Македонија успеала да го задржи својот суверенитет над целата своја територија. Премиерот Никола Груевски изјавил дела земјата ќе биде спремена да се приклучи кон унијата во 2012 или 2013 година.[14]Сепак, ЕУ не се сложува околу наведениот период. На 17 декември 2005 година, Европскиот совет ја поздравила земјата за нејзините достигнувања во спроведувањето на поголем број на реформи (Критериумите од Копенхаген, Стабилизација и асоцијација, Охридскиот договор). [15]

Можеби најголемиот проблем на земјата околу започнувањето на преговори со ЕУ е спорот со името со соседна Грција. Грција го отфрла името Македонија бидејќи според неа, тоа имплицирало територијални амбиции кон сопствената територија на Грција односно северниот дел на провинцијата Македонија. Поради тоа, ЕУ земјата ја нарекува "Поранешна Југословенска Република Македонија" (ФИРОМ). Решавањето на проблемот со името станало услов за пристапување кон унијата,[16]. Грција, постојано потврдува дека ќе го искористи своето право да го блокира пристапот без претходно да биде најдено решение.[17], односно изјавува дека ќе употреби вето, исто како што го употребила при блокадата на земјата за влез во НАТО пактот. Други позначајни тешкотии со кои се среќава Република Македонија е остварувањето на европски стандарди на владеење на правото и економијата[18].

Турција[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Приклучување на Турција кон ЕУ.
Турција во портокалова боја

Статусот на Турција во однос на нејзиното приклучување кон ЕУ во последните години е едно од најделикатните и најсериозните противоречија во последните години. Преговоритње за зачленување во ЕУ Турција ги започнала во 1987 година. Во текот на историјата, по десетте земји, основачи на ЕУ, Турција била една од првите земји која станала член на Советот на Европа во 1949 година. Исто така, Турција била една од основачите на Организацијата за безбедност и соработка на Европа во 1973 година и Организацијата за економска соработка и развој во 1961 година. Од 1992 година земјата е член на т.н. Западноевропска унија. Во 1995 година земјата потпишала царински договор за соработка со Европската унија (англиски: European Union–Turkey Customs Union).

Во 1999 година Турција формално била признаена како земја кандидат за членство во ЕУ на самитот на Советот на Европа во Хелсинки. Преговорите службено започнале во 2005 година заедно со Хрватска. Турција денеска има седма по големина економија во Советот на Европа и петнаесета во светот по големина,[19]. Таа е дел од Царинската унија по потпишување на договорот од 1996 година со ЕУ, член и основач на Г-20 како земји со најголеми економии во светот и тесни врски со ЕУ, член на Western European and Others Group во ООН.

Голем број на подржувачите на земјата кон нејзиното приклучување во ЕУ сметаат дека Турција претставува клучна регионална сила[20][21] со голема и развиена економија и втората по големина воена сила во НАТО[22][23]. Нејзиното приклучување во ЕУ, според нејзините подржувачи, би означувало засилување на позициите на ЕУ како глобален геостратегиски играч. Турција е земја која, поради својата местоположба има големо политичко, економско, културно и историско значење за регионот. Во нејзина непосредна близина се наоѓаат Средоземно Море и Црно Море, Блискиот исток, Касписко море и Централна Азија.[24][25]

Според Карл Билд, министер за надворешнји работи на Шведска, приклучувањето на Турција кон ЕУ би дало решавачка улога за стабилноста на регионот околу Средоземно море и би имало стратегиски големи интереси за Европа.[26]Еден од најголемите подржувачи на Турција за нејзината кандидатура е Обединетото Кралство. Во мај 2008 година, Елизабета II, при нејзината посета на Турција изјавила дека земјата претставува уникатен мост помеѓу истокот и западот како исклучителен пат на ЕУ кон светот воопшто.[27]Подржувачите исто така сметаат дека Турција исполнува голем дел од условите за приклучување. Некои тврдат дека ЕУ повеќе нема да може да и откаже на Турција бидејќи таа имала откриена кандидатура која трае веќе 40 години, а од друга страна пак во земјата се подобриле правата на човекот.

Сепак, најголеми противници против зачленувањето на Турција во ЕУ се Франција и Германија, на чело со Никола Саркози и Ангела Меркел. Противниците тврдат дека Турција сѐ уште не ги почитува основните принципи за една либерална демокатија како и слободата на изразување. Проблем за Германија исто така е и големата популација на Турција која во голема мера ќе ја промени структурата на европските институции. Доколу Турција стане дел од европското семејство, таа со своите 70 милиони жители ќе биде втората најголема земја во Европскиот парламент според број на пратеници.[23][23]Демографските прогнози пресметуваат дека Турција ќе ја надмине Германија според бројот на парламентарците до 2020 година.[23]Доколку Турција биде дел од ЕУ, во тој случај би се отворило прашањето околу идното приклучување на Мароко во ЕУ. Сепак, според поголем број на иследувачи, планот околу Мароко е отфрлен главно поради географските причини, за разлика од Турција која делумно се наоѓа во Европа. Според Никола Саркози, доколку Турција влезе во ЕУ, Европа би загубила голем дел од својата најголема ценетост - христијанството. Ова произлегува од фактот што 99% од населението на Турција е со муслиманска вероисповед.[28]. Друго, со кое не се слагаат голем дел од француските политичари е местоположбата на Турција. Според нив, само еден мал дел од турската територија се наоѓа во Европа, и покрај тоа што европскиот дел на Истанбул е поразвиен од анадолскиот.

Сепак, можеби најголемиот проблем на Турција е Кипарското прањање. Островот е разделен на два дела, од кој едниот е член на ЕУ, а во другиот живеат Кипарски Турци со своја самопризнаена држава. Турција не го признава Кипар од една страна, а од друга страна пак северен Кипар не е признает од голем број на земји во светот. Во 2006 година, претседателот на ООН, Кофи Анан направил план за обединување на островот. Сепак, за разлика од северот, југот не се согласил на референдум и истиот план бил одбиен.

Потенцијални земји за кандидатство во ЕУ[уреди]

Албанија во портокалова боја

Албанија[уреди]

Албанија е првата земја официјално признаена како потенцијална земја за кандидат за членство во ЕУ. Земјата во 2006 година го потпишала договорот за асоцијација и стабилизација. Но и покрај тоа, примањето на Албанија во ЕУ зависи главно од нејзината економска и политичка сигурност. Официјално Албанија поднела кандидатура во 2009 година. Советот на ЕУ посакал од Европската комисија да изработи односно да даде оценка за спременоста на Албанија за започнување на преговори со ЕУ. На 16 декември 2009 година Европската комисија го издала прашалникот за Албанија, а земјата во февруари одговорила на 7 од 35 главни прашања.[29]

Исланд[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Приклучување на Исланд кон ЕУ.
Исланд во портокалова боја

Исланд своето приклучување кон ЕУ го започнал во 2009 година, главно како резултатот од големата рецесија во земјата. Пред тоа, односите помеѓу ЕУ и Исланд биле регулирани главно преку Европскиот економски простор и Шенгенскиот договор, кое означува дека голем дел од регулативите и законските прописи на ЕУ се веќе спроведени. Така, главно поради членството на земјата во ЕЕП, се очекува земјата бргу да биде дел од ЕУ. На 16 јули 2009 година, парламентарците со тесно мнозинство поддржале брза апликација за членство во ЕУ, а еден ден подоцна следувало и официјалното поднесување на барањето за пристапување кон Унијата од страна на владата под раководство на премиерката Јохана Сигурардотир.[30][31]

Поранешните исландски влади главно не гледале никаква неопходност за полноправно членство во ЕУ. Главната причина за тоа било губењето на контролата врз рибарството и земјоделството. По приемот во унијата овие области ќе се регулираат преку заедничката аграрна и политика за рибарство на ЕУ. Изгледите за брзо членство во еврозоната во моментов е еден од главните аргументи за зачленувањето во ЕУ, зашто исландската круна и натаму губи од својата вредност. Сепак, се смета дека крајниот збор за пристапување кон унијата ќе го има народот на референдум. Според голем број на иследувачи, референдумот ќе биде успешен.[32]

Црна Гора во портокалова боја

Црна Гора[уреди]

По успешниот референдум за независност на 21 мај 2006 година, Црна Гора станала независна држава. Црна Гора како официјална валута го користи еврото. Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн изјавил дека наредната земја од регионот која по Хрватска ќе стане полноправна членка на Европската Унија е Црна Гора.[33]Земјата официјално на 15 декември 2008 година побарала да стане земја кандидат за членство во ЕУ.[34][35]Европската комисија прашалникот на Црна Гора и го доставил на 22 јули 2009 година, а на 9 декември 2009 година земјата дала одговор на прашалницкот.

Србијаво портокалова боја

Србија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Приклучување на Србија кон ЕУ.


Србија, по распаѓањето на сојузот со Црна Гора, започналча преговори околу можното членство на земјата во ЕУ. На 29 април 2008 година, земјата го потпишала договорот за асоцијација и стабилизација со ЕУ[36]. По ова, српскиот претседател побарал Србија да стане официјален кандидат за членство во ЕУ, кон крајот на 2008 година[37].Сепак, Холандија откажала да го ратификува договорот сè додека не биде испорачан Ратко Младиќ пред судот во Хаг. Во почетокот на 2009 година земјата започнала да ги исполнува главните барања од ЕУ.[38]Ефектите од работата на српските власти остануваат да бидат оценети од Европската комисија. И покрај неуспесите во областа на политиката, Србија добила на 19 декември безвизен режим[39], и официјално подала молба за членство на 22 декември 2009 година.[40].

Потенцијални земји за кандидатство во ЕУ без поднесена молба за членство[уреди]

Босна и Херцеговина[уреди]

Босна и Херцеговина во портокалова боја

Босна и Херцеговина сѐ уште се соочува со големи економски и политички проблеми. Преговорите на земјата за стабилизација и асоцијација започнале во 2005 година, а требало да бидат завршени во 2007 година. Но поради неспроведените реформи во полицијата, роковите за членство биле продолжени до 2008 година. Договорот за стабилизација и асоцијација земјата го потпишала на 4 декември 2007 година. Поради големите политички проблеми на земјата, според Романо Проди Босна има шанса да се присоедини кон ЕУ веднаш по Хрватска, но сепак тоа целосно зависело од самата земја. Шефот на босанската дипломатија Свен Алкалај изјавил дека Босна ќе побара членство во ЕУ до крајот на 2010 година.[41]

Косово[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Приклучување на Косово кон ЕУ.
Косово во портокалова боја

Единствената пречка засега за присоединувањето на Косово во ЕУ е нејзината успешна декларација за независност од 2008 година.[42][43][44]Независноста на земјата не е признаена едниствено од Шпанија, Словачка, Кипар, Романија и Грција, како членки на ЕУ. Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Кетрин Ештон, изјавила дека иако сите земји членки на унијата не го признале Косово, сепак постооела согласност дека Косово и регионот имаат европска перспектива.[45] Покрај Црна Гора, и Косово како своја официјална валута го користи еврото.

Европската комисија во својот годишен доклад за напредокот на земјите кандидати и потенцијални кандидати изјавила дека Косово се наоѓа пред голем предизвик. Според комисијата, земјата треба многу бргу да се справи со корупцијата и организираниот криминал, заштита на српското малцинство, изгласување на европски закони и.т.н.[46][47]Политичкиот свет во Косово очекуваат земјата во ЕУ да се приклучи во 2015 година. [48]

Напредок[уреди]

Countries Официјални кандидати Потенцијални кандидати Потенцијален кандидат
(без поднесена молба за членство)
Reference states

Event
Турција[49] Хрватска[50] Македонија [51] Албанија Исланд Црна Гора Србија Босна
и
Херцеговина
Косово
(Резолуција 1244)
Финска Чешка Словачка бугарија
Спогодбата за асоцијација 1 почеток на преговори 1959AA
1970CU
2000 2000 2003 1990 2005 2005 2005 (?) 1990 1990 1990 1990
Потпишување на договор за асоцијација 1963AA
1995CU
2001 2001 2006 1992 2007 2008 2008 (?) 1992 1993 1993 1993
Стапување во сила на договорот за асоцијација 1964AA
1996CU
2005 2004 2009 1994 2010 (2012) (2010) (?) 1994 1995 1995 1995
Апликација за членство 14.4.1987 21.2.2003 22.3.2004 28.4.2009 16.7.2009 15.12.2008 22.12.2009 (2010) (?) 18.3.1992 17.1.1996 27.6.1995 14.12.1995
Мислење на Советот на Европската Комисија 27.4.1987 14.4.2003 17.5.2004 16.11.2009 27.7.2009 23.4.2009 (2010) (2010) (?) 06.4.1992 29.6.1996 17.7.1995 29.1.1996
Комосијата го предала прашалникот на официјалниот барател 10.7.2003 01.10.2004 16.12.2009 08.9.2009 22.7.2009 (2010) (2010) (?) 3.1996 3.1996 4.1996
Изработка на прашалникот 09.10.2003 10.5.2005 14.4.2010 22.10.2009 9.12.2009 (2010) (2010) (?) 6.1997 6.1997 25.4.1997
Комисијата подготвува свое мислење) '89,'97-'04 20.4.2004 '05-'09 (2010) 24.2.2010 (2010) (2010) (2010) (?) 4.11.1992 15.7.1997 '97,'98,'99 '97,'98,'99
Комисијата препорачува доделување на кандидатски статус 13.10.1999 20.4.2004 09.11.2005 (2010) 24.2.2010 (2010) (2010) (2010) (?) 4.11.1992 15.7.1997 15.7.1997 15.7.1997
Council grants candidate status to Applicant 12.12.1999 18.6.2004 17.12.2005 (2010) (2010) (2010) (2010) (2010) (?) 21.12.1992 12.12.1997 12.12.1997 12.12.1997
Комисијата препорачува почеток на преговорите 06.10.2004 06.10.2004 14.10.2009 (2011) 24.2.2010 (2011) (2011) (2011) (?) 4.11.1992 15.7.1997 13.10.1999 13.10.1999
Council sets negotiations start date 17.12.2004 2004, 2005 (2009, 2010) (2011) (2010) (2011) (2011) (2011) (?) 21.12.1992 12.12.1997 10.12.1999 10.12.1999
Започнување на преговорите 3.10.2005 3.10.2005 (2010) (2011) (2010) (2011) (2011) (2011) (?) 01.2.1993 31.3.1998 15.2.2000 15.2.2000
Завршување на преговорите (2014) (2010) (2014) (2015) (2011) (2015) (2015) (2015) (?) 1994 13.12.2002 13.12.2002 17.12.2004
Потпишување на Спогодба за пристапување (2014) (2010) (2014) (2015) (2011) (2015) (2015) (2015) (?) 1994 16.4.2003 16.4.2003 25.4.2005
Дата на приклучување (2016) (2012) (2016) (2017) (2013) (2017) (2017) (2017) (?) 1995 1.5.2004 1.5.2004 1.1.2007
Достигнувања
1. Свободно движење на стоки f o x x x x
2. Слобода на работнички движења fs x x x x x
3. Право за основање & Свободно оставување на услуги f x x x x x
4. Слободно движење на капиталот o o x x x x
5. Јавни набавки fs o x x x x
6. Закон за трговски друштва o x x x x x
7. Право на интелектуална сопственост o x x x x x
8. Политика на конкуренција fs fs x x x x
9. Финансиски услуги f x x x x x
10. Информациско општество & Медија o x x x x x
11. Земјоделството & Руларен развој f o x x x x
12. Безбедноста на храната& Санитарна политика fs o x x x x
13. Риболов f o 3 x x x x
14. Транспортна политика f o x x x x
15. Енергија fs x x x x x
16. Оданочување o o x x x x
17. Економска & Монетарна политика o x x x x x
18. Статистика o x x x x x
19. Социјална политика & Вработување fs 2 x x x x x
20. Претпријатие& Индустријална политика o x x x x x
21. Транс-европски мрежи o x x x x x
22. Регионална политика& Координација на структурни инструменти fs o x x x x
23. Судството& Основни права fs fs x x x x
24. Правда, слобода & безбедност fs o x x x x
25. Наука & Истражувања x x x x x x
26. Образование & Култура fs x x x x x
27. Животната средина o o x x x x
28. Здравствена заштита o x x x x x
29. Царинска унија f x x x x x
30. Надворешни односи f x x x x x
31. Безбедност & одбранбена политика fs fs x x x x
32. Финансиска контрола o o x x x x
33. Финансиски & буџетски одредби fs o x x x x
34. Институции x x x x
35. Други прашања x x x x

1 Спогодба со ЕУ: Договорот за Стабилизација и Асоцијација (ДСА) го потпишале следните земји од западен Балкан :(Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово преку STM); Царинска унија ЕУ има потпишано со Турција; Европски економски простор (ЕИП) се однесува за Исланд и Финска; Европа договор за референтни држави на петтото проширување на ЕУ.
2 Including anti-discrimination and equal opportunities for men and women.
3 Most likely the EU will reform its CFP in the direction of present Iceland approach as envisioned in the Green paper for the 2013 CFP review.[52] This is unique situation in contrast to all other chapters where the candidate countries align their laws with the EU acquis.


(дата): приближна и поверојатнен можен рок, како и во економска и политичка ситуација од декември 2009 година. Ситуација на политичката сцена за започнување на прегпвори за членство (Турција, Хрватска, референтни држави) или кандидатски статус без започнати преговори (Македонија, Исланд), во согласност со Мислење 1992 , Мислење 1997, Извештај 1999, Извештај 2005 и Извештај 2010.

s – screening of the chapter
fs – завршени преговори
o – отворени преговори
x – затворени преговори
f – замрзнати преговори

  применување на европските регулативи
  без поголеми тешкотии
  потребни натамошни напори


  non-acquis chapter - nothing to adopt
  потребни натамошни напори
  тешко за прифаќање
  целосно е во согласност со ЕУ

Земји кои засега немаат намера да станат дел од ЕУ[уреди]

ЕФТА[уреди]

Поврзано: Европска економска зона и Европска Слободна Трговска Асоцијација
Европска Унија (плаво)
и членките на ЕСТА (зелено)

Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија се членови на Европската Слободна Трговска Асоцијација (ЕФТА). Поголемиот дел од членките на ЕСТА немаат намера да се приклучат во ЕУ. Исклучок на ова прави Исланд, кој поднел барање за членство во унијата.

Лихтенштајн[уреди]

Лихтенштајн заедно со Норвешка и Исланд е член на Европскиот економски простор, од кое произлегува дека земјата има добри надворешни односи со ЕУ. Земјата во нема намера да се приклучи кон унијата. Таа сепак го има потпишано Шенгенскиот договор, заедно со членките на ЕУ. Доколку некогаш земјата стане дел од ЕУ, таа ќе биде најмалата по територија. Засега, најмала земја е Малта. Земјата не го користи еврото како национална валута, туку швајцарскиот франк.

Норвешка[уреди]

Во 1962 и 1967 Франција ставила вето за влез на Норвешка во унијата. Референдумот одржан во 1972 и 1994 година покажал дека Норвежаните сакаат да останат надвор од Европската Унија. Но, Норвешка, заедно со Исланд и Лихтенштајн, учествува во единствениот пазар на Европската Унија преку договорот за Европската Економска Зона (EEA). Норвешка е исто така потписник на Шенгенскиот договор и неколку други договори помеѓу неа и останатите ЕУ членки.

Еден од најголемите проблеми на Норвешка е риболовните ресурси, кои земјата несака да ги изгуби доколку се зачлени во ЕУ. Норвешка има висок БНП по глава на жител, ограничено земјоделство и неколку недоволно развиени подрачја кое означува дека земјата би имала мала подршка околу нејзиното зачленување. Земјата е член на Европската економска зона, потписник на Шенгенскиот договор и член на т.н. Западноевропска унија како и други договори кои обично се сметаат како под покровителство на ЕУ. Таа била еден од основачите на НАТО.

Швајцарија[уреди]

Швајцарија учествувала во преговорите за зачленување на земјата во ЕУ, и притоа потпишала договор на 2 мај 1992 година а по ова и апликација за членство на 20 мај 1992 година. Сепак, референдумот кој бил одржан на 6 декември 1992 година бил неуспешен околу можното нејзино приклучување во ЕУ. Како резултат на ова, владата на Швајцарија решила да ги прекине преговорите со ЕУ. Иницијативата под мотото “Да во Европа“, чија цел била отварање на нови преговори со ЕУ биле отфрлени на 4 мај 2001 година, на референдум. Се смета дека стравот од губење на својата неутралност и независност се главните причини против членството во ЕУ.

Микроземји[уреди]

Во рамките на Западна Европа, постојат пет микроземји: Андора, Монако, Сан Марино, Ватикан и Лихтенштајн. Последниот од овие е член на ЕФТА. Монако, Сан Марино и Ватикан имаат потпишан договор дозволувајќи им на нив да го користат еврото како своја национална валута. Сите тие, исто така, се де факто дел од Шенгенскиот договор или имаат отворена граница кон ЕУ. Овие земји имаат многу блиски односи со земјите од ЕУ. На пример Монако, кој единствен сосед му е Франција и да имаат блиски односи со своите соседна држава, има потпишано царински договор со ЕУ. Ова на земјата и користи во преден план околу ДДВ и акцизите при увоз и извоз.[53] Државата има силни врски со Франција па така официјална валута е eврото. Пред воведувањето на eврото, во државата се користел Монегашки франк.

Владата на Андора изјавила дека земјата засега нема потреба од влегување во ЕУ.[54]Во Сан Марино пак, опозицијата смета дека земјата треба да стане дел од ЕУ, додека пак Христијанската демократска партија на истото се противи.[55]Ватикан како најмала држава во светот засега нема демократски акредитив да се приклучи кон унијата. Со оглед на својот државен статус, мала е веројатноста земјата да стане дел од ЕУ. Освен тоа, нејзината економија е од крајно некомерцијална природа, кое дополнително кажува дека земјата нема да влезе во блиска иднина во ЕУ.

Односи со земјите од поранешниот Советски Сојуз[уреди]

Ерменија[уреди]

Во споредба со античка Ерменија, современа Ерменија географски целосно се наоѓа во рамките на Западна Азија. Сепак, како и Кипар, таа културно е поврзана со Европа, главно поради својите долги историски врски со европското општество, вклучувајќи и голем дел од дијаспората. Поголем дел од ерменските политичари и официјални лица на земјата изразиле желба земјата еден ден да влезе во составот на Европската Унија.[56]Некои иследувачи предвидуваат дека земјата во блиска иднина ќе поднесе официјална кандидатура.[57]Според анкетите и јавното мислење на народот, 64% сметаат дека земјата треба да стане дел од ЕУ, а 12% сметаат дека тоа не треба да биде приоритет на Ерменија.[58]

Ерменија во последната декада била во конфликт околу статусот на Нагорно Карабах со соседен Азербејџан. По прекинот на огнот, тензиите помеѓу двете земји продолжиле. Иако економијата на земјата во последните години доживува голем раст, сепак во земјата владее рецесија.[59]Според индексот на економска слобода, земјата е рангирана на 28 место и според тоа рангирање Ерменија се наоѓа пред Австрија, Франција, Португалија и Италија.[60]

Нуклеарната централа Метсамо, која се наоѓа на околу 40 километри од Ереван, во последните неколку години била тема на поголем прој преговори помеѓу земјата и ЕУ. Во 2007 година, земјата го одобрил планот да ја затвори централата согласно договорот со ЕУ.[61] This is likely to take place by 2016 when the operating term of the Metsamor facility expires.[62]

Азербејџан[уреди]

Членки на источното партнерство

Азербејџан, земја со мнозинство шиитски муслимани, доколку сака да влезе во ЕУ ќе треба да ја промени секуларната политика во земјата. Земјата е богата со нафта. Средствата од нафтата придонеле земјата да ја подобри својата инфраструктура. За економијата на земјата голем проблем е т.н. ''холандска болест'', како и корупција. Последните избори во земјата не биле признаени од страна на опозицијата и власта добила големи критики од страна на меѓународните набљудувачи. Земјата исто така треба да го реши проблемот со Нагорно-Карабах со соседна Ерменија.

Белорусија[уреди]

Односите помеѓу ЕУ и Белорусија во последно време се затекнати, главно поради тоа што ЕУ ги осудила властите на Белорусија неколку пати за нивната антидемократска политика, па дури и вовела санкции за земјата.[63]Белорусија е во составот на т.н. унија на Русија и Белорусија. Сепак, по затоплувањето на односите, земјата станала член на Источното партнерство, и покрај тоа што земјата не е член на Европската политика за добрососедство.

Грузија[уреди]

Актуелниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили, изразил желба Грузија да се приклуи кон ЕУ. Ова гледиште е најмногу се одразува во фактот поради кој САД, ЕУ и НАТО сакаат земјата да ја одалечат од руската сфера на влијание. Аџарија е еден од територијалните проблеми на земјата. По крајот на т.н. Војна на ружи, лидерот Аслан Абашидзи бил принуден да поднесе оставка (мај 2004). Сепак, по решавање на ова прашање, земјата има голем територијален проблем со Јужна Осетија и Апхазија. Како резултат на тоа избила војна во Јужна Осетија во 2008 година.

Молдавија[уреди]

Владата на Молдавија изјавила дека земјата има европски аспирации и покрај тоа што има мал напредок во голем број на сфери. Нерешениот територијален спор односно интегритет со Приднестровие е главната пречка за било каков напредок на земјата. На 6 октомври 2005 година, ЕУ ја отворила својата постојана мисија во Кишинев, главниот град на Молдавија. Денеска земјата се стреми кон зачленување во ЕУ и е во спроведување на својот прв тригодишен акционен план во рамките на Европската политика за добрососедство.

Потпишувањето на договорот за партнерство и соработка била првата правна врска помеѓу ЕУ и Молдавија. Спогодбата била потпишана на 28 ноември 1994 година и стапила во сила на 1 јули 1998 во траење од 10 години. Договорот предвидува соработка од политички, комерцијални, економски, правни, културни и научни области.

Во август 2009 година, четири молдавски партии се согласиле да се создаде владејачка коалиција, наречена Алијанса за Европска Интеграција. Либерално демократската партија, Либералната партија и Демократската партија, се обврзиле да се постигне таква цел. Некои политички партии во рамките на Молдавија и Романија се залагаат за обединување на двете земји. Такво сценарио според тие партии предвидува Молдавија да стане член на ЕУ преку Романија, но сепак проблемот околу Приднестровие ќе остане.[64][65]

Украина[уреди]

Поголем дел од политичките фракции во Украина се залагаат за приклучување на земјата кон ЕУ и развивање на врски со Европа. Од Портокаловата револуција на крајот од 2004 година, шансите за членство на Украина се подобриле: лидерот на опозицијата Виктор Јушченко изјавил дека ќе се залага за подлабоки врски со ЕУ. Земјата си поставила четири предуслови: подобрување на својата пазарна економија, влез во Светската трговска организација, започнување на преговори со ЕУ и полноправно членство.[66] Сепак, во 2009, анкетата покажала дека само 34% од украинскиот народ даваат поддршка за влез на земјата во ЕУ.[67]

Шефот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо во декември 2009 ја повикал Украина да покаже политичка волја кога станува збор за европската интеграција на земјата, потенцирајќи дека дека европските потрошувачи во иднина не смеат да ги трпат последиците од евентуален руско-украински спор окоолу испораката на гас.

Казахстан[уреди]

Од 2002 година, ЕУ се заложила да стане најголемиот трговски партнер на Казахстан, како земја која би била дестинација на околу 40% од својот извоз. Во во 2007 година увозот на стоки од Казахстан изнесувал € 13.35 милијарди долари и услуги од € 1.52 милијарди долари. Извозот на ЕУ во Казахстан бил € 6.04 милијарди долари во стока и € 1.92 милијарди долари во услуга. Половина од казахстанските директни странски инвестиции во 2006 година дошле од ЕУ и изнесувале $ 7.3 милијарди. Како главен снабдувач на енергија во ЕУ, таа го поддржува пристапувањето на земјата кон Светската трговска организација.

Договорот за партнерство и соработка стапил во сила во 1999 година. Во ноември 2006 година бил потпишан меморандум за соработка во областа на енергетиката помеѓу ЕУ и Казахстан[68]. Се очекува во иднина европската комисија да се фокусира на следниве приоритетни области: промоција на тековниот процес на реформи во политичките, економските, судските и социјалните области.

Русија[уреди]

Меѓу најгласните поддржувачи на руското членство во ЕУ е италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Во октомври 2008 година тој изјавил: "Чувствувам дека Русија е западна нација. Мислам дека наредните години Руската Федерација може да стане членка на ЕУ.[69][70] Рускиот постојан претставник во ЕУ Владимир Чижов коментирал на ова, велејќи дека Русија нема планови за приклучување кон ЕУ.[71] Рускиот премиер Владимир Путин изјавил дека руското приклучување кон ЕУ нема да биде во интерес на ниту на Русија ниту на ЕУ, иако тој се залага за блиска интеграција во различни димензии, вклучувајќи воспоставување на четири заеднички простори меѓу Русија и ЕУ.[72][73][74][75]

Денеска, евентуалниот влез на Русија во ЕУ е минимален. Според некои аналитичари, Русија била далеку од квалификациите за членство во ЕУ.[76] Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, исто така, рекол дека иако Русија "мора да го најде своето место и во НАТО, и на подолг рок, во Европската унија “ сепак такво решение во моментот било неизводливо.[77]

Специјални територии на земјите-членки[уреди]

Британски прекуморски територии[уреди]

Единствената земја со статус на Британска прекуморска територија која е дел од ЕУ е Гибралтар. Гибралтар се приклучил кон ЕЕЗ заедно со Обединетото Кралство во 1973 година. Островот Ман и Каналските Острови не се дел од Европската унија. Овие острови имаат врски кои се однесуваат на слободниот проток на стоки. Така, тие се дел до Заедничката царинска зона и заедничката надворешна тарифа. Со ова, тие го уживаат правото за пристап до земјите од ЕУ без тарифни бариери.

Дански самоуправнизаедници[уреди]

Фарски Острови[уреди]

Фарските Острови, кои се наоѓаат под управување на Данска, не се дел од ЕУ, според Договорот од Рим.[78]Односите со ЕУ се регулирани со Спогодбата за рибарство (1977) и Договорот за слободна трговија (1991, ревидиран 1998). Главните причини островите што се надвор од ЕУ се несогласувања во врска со Заедничката рибарска политика.[79]

Сепак, постојат политичари, главно десноориентирани кои сметаат дека Фарските Острови треба да станат дел од ЕУ. Според претседателот Хогни Хојдал, доколку земјата влезе во ЕУ, постои можност таа да се изгуби во внатрешноста на земјата. Во 2008 година на изборите победила десницата, која најавила дека главен нејзин приоритет би бил влегувањето во ЕУ.

Гренланд[уреди]

Гренланд претставува самоуправна заедница која е дел од Кралство Данска. Островот во 1972 година се приклучил кон ЕУ, но по само десет години, во 1982 година преку референдум, граѓаните се изјасниле дека ја напуштаат унијата, тогаш Европска економска заедница. Во почетокот на април 2008 година земјата објавила дека сака поголема автономија кога е во прашање искористувањето на природните ресурси од Данска. По спроведениот референдум, во 2009 година земјата ја постогнала својата цел. Според референдумот, полицијата, судството и природните ресурси паднале под управа на властите во Гренланд. Сепак, прашањето околу надворешната политика на земјата се решава од страна на Данска.

Холандски земји на Карибите[уреди]

Аруба и Холандските Антили се конструктирвни држави под суверенитетот на Холандија. Сепак, островите не се дел од ЕУ. На овие острови се применуваат некои закони приоложени од ЕУ. доколку во иднина станат дел од Еу, тие ќе станат најодалечените точки од територијата на ЕУ.

Северен Кипар[уреди]

Официјално, целиот остров е дел од Европската унија во рамките на де јуре суверенитетот на Република Кипар. Кипарските Турци се државјани на Кипар, а со тоа и на ЕУ, и имаат право на глас во Европскиот парламент, иако само стотици тоа го направиле во 2004 година. Грчката кипарска заедница го отфрлила планот на Кофи Анан за решавање на кипарскиот спор на референдумот од 24 април 2004 година, според кој двата дела од Кипар требало да се соединат.

Земји надвор од Европа[уреди]

  Европска унија
  Официјални кандидати

Договорот од Мастрихт наведува дека секоја европска земја треба да ги почитува принципите при примањето ан нови членки во унијата. Во договорот не е споменато било какво приклучување на земја која не се наоѓа на европскиот континент. Според тоа, во моментот не е можно некоја не-европска земја да стане дел од ЕУ. И покрај тоа, Зелено’ртската Република изразила желба да се приклучи кон ЕУ.[80][81][82]

Зелено'ртски Острови[уреди]

Зелено'ртските Острови се наоѓаат во Атланскиот Океан, и се поранешна португалска колонија. Во март 2005 година, поранешниот португалски претседател Марио Соарес покренал петиција барајќи од ЕУ да започнат договори за членство на островите во унијата, велејќи дека островите би можело да бидат како мост помеѓу Африка, Латинска Америка и на ЕУ.[83]

БНП по глава на жител во Зелено'ртските Острови е понизок од било која земја членка на ЕУ, кандидат или потенцијален кандидат. Најголем дел од увозот и извозот на Зеленортските Острови се од и кон Европската унија. Островите географски припаѓаат во Африка, но и покрај тоа можеби земјата има шанси да се приклучи кон унијата. Во историјата, таков е примерот со Кипар, кој географски припаѓа во Азија а веќе е дел од ЕУ.

Израел[уреди]

Идејата Израел да се приклучи кон Европската унија веќе била поддржана од страна на некои политичари во Израел и Европа, вклучувајќи го и поранешниот израелски министер за надворешни работи, Силван Шалом,[84] поранешниот израелски министер за стратешки прашања Авигдор Либерман[85] и италијанскиот премиер Силвио Берлускони.[86] Двајца италијански европратеници моментално водат кампања во корист на израелското членство.[87] Анкетата во 2004 година покажала дека 85% од Израелците би го поддржиле барањето за членство во унијата.[88]

Израелската влада најавила неколку пати дека предлогот за членство во ЕУ е можен, но самата ЕУ предлага наместо блиска интеграција земјата да биде "нешто помалку од полноправно членство." Брзото унапредување на ваквите планови е малку попречени од страна на сегашната нестабилност во Блискиот Исток и конфликтите во Западниот Брег, Појасот Газа и Либан. Европското јавното мислење укажуваат на тоа дека пристапувањето ќе помогне во промовирањето на мирот во светот и Блискиот Исток.

Мароко[уреди]

Мароко поднел апликација за членство во ЕУ (тогаш ЕЕЗ) во јули 1987 година, но истата била одбиена од страна на Европскиот совет врз основа на мислењето дека "Мароко не е европска земја".

Наводи[уреди]

  1. http://ec.europa.eu/enlargement/the-policy/conditions-for-enlargement/index_en.htm
  2. „Legal questions of enlargement“. „Enlargement of the European Union“. The European Parliament. 19 мај 1998. http://www.europarl.eu.int/enlargement/briefings/23a2_en.htm. конс. 9 јули 2008. 
  3. http://ec.europa.eu/enlargement/the-policy/countries-on-the-road-to-membership/index_en.htm
  4. http://ec.europa.eu/enlargement/enlargement_process/accession_process/how_does_a_country_join_the_eu/sap/index_en.htm
  5. http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/8425407.stm
  6. http://ec.europa.eu/enlargement/potential-candidate-countries/montenegro/index_en.htm
  7. http://www.reuters.com/article/latestCrisis/idUSLR972301
  8. Economist. „Ever-Expanding Union?“, Economist.com, 29 април 2004 (конс. 7 јуни 2007).
  9. http://www.rferl.org/content/article/1072332.html
  10. Шаблон:Kosovo-note
  11. http://ec.europa.eu/enlargement/candidate-countries/croatia/eu_croatia_relations_en.htm
  12. Slovenia unblocks Croatian EU bid“, BBC News (конс. 12 септември 2009).
  13. „Europe's Next Frontiers - Lecture at the Finnish Institute of International Affairs by Olli Rehn“]. Europa.eu. 31 октомври 2006. http://europa.eu/rapid/pressReleasesAction.do?reference=SPEECH/06/654&format=HTML&aged=0&language=EN&guiLanguage=en. конс. 29 декември 2008. 
  14. „Mazedoniens Premier Gruevski im Interview: "Beitrittsverhandlungen ab 2008"“. Der Standard. 7 ноември, 2006. http://derstandard.at/?id=2650785. конс. 7 ноември 2006. 
  15. Presidency Conclusions – Brussels, 15/16 декември 2005, 15914/05 7, EN
  16. Macedonia PM in Greek outburst after EU summit
  17. Greece threatens Macedonia NATO veto - Yahoo! News UK
  18. Violence Erupts in Macedonian Election
  19. The World Bank: World Development Indicators Database. Last revised on 24 април, 2009.
  20. "Turkey and Russia on the Rise", by Reva Bhalla, Lauren Goodrich and Peter Zeihan. - Stratfor, 17 март, 2009.
  21. Stratfor: "The Geopolitics of Turkey", by George Friedman. 31 јули, 2007.
  22. NATO official website: "My country & NATO: Turkey"
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 The Economist: "Turkey, America and Europe: Who is losing Turkey?"
  24. Mango, Andrew (2000). „Ataturk“. Overlook. ISBN 1-5856-7011-1. 
  25. Shaw, Stanford Jay; Kural Shaw, Ezel (1977). „History of the Ottoman Empire and Modern Turkey“. Cambridge University Press. ISBN 0-5212-9163-1. 
  26. Ekman, Ivar. „Top Swedish official backs Turkey for EU“, International Herald Tribune, 11 декември 2006 (конс. 3 јули 2007).
  27. Hürriyet: Britain's Queen Elizabeth's visit to Turkey continues. hurriyet.com.tr Link accessed 2008-05-15
  28. Bureau of European and Eurasian Affairs - Background Note: Turkey
  29. http://alsat.mk/vesti/region/398550.html
  30. „6,5% af ESB-gerðum tekin inn í EES-samninginn síðasta áratug“. Morgunblaðið. 9 мај 2005. http://www.mbl.is/mm/frettir/innlent/2005/05/09/6_5_prosent_af_esb_gerdum_tekin_inn_i_ees_samningin/. конс. 10 декември 2008. 
  31. http://euobserver.com/15/28502
  32. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7249944179&id=11&setIzdanie=21746
  33. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119722
  34. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=101667
  35. [1]
  36. „EU signs accords with Serbia“. ANA. http://www.ana.gr/anaweb/user/showplain?maindoc=6383357&maindocimg=5981478&service=102. конс. 29 декември 2008. 
  37. „Serb president seeks EU candidate status this year“. Reuters. http://www.reuters.com/article/newsMaps/idUSL2952262420080429. конс. 29 декември 2008. 
  38. http://www.emportal.rs/en/news/serbia/63987.html
  39. EU scraps visas for three Balkan states“, BBC (конс. 25 декември 2009).
  40. „Serbia applies for EU membership“. Swedish Presidency of the European Union. http://www.se2009.eu/en/meetings_news/2009/12/22/serbia_applies_for_eu_membership. конс. 25 декември 2009. 
  41. http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=32101033567&id=11&prilog=0&setIzdanie=21923
  42. Ex-UN envoy Ahtisaari: 'Refusal to recognise Kosovo hampers EU enlargement'“, 8 септември 2009, http://www.europeanforum.net/news/724/ex_un_envoy_ahtisaari_ldquo_refusal_to_recognise_kosovo_hampers_eu_enlargement_rdquo .
  43. http://www.harrimaninstitute.org/MEDIA/01285.pdf Kosovo´s Semi-Sovereign Status and its Effects on EU Accession for the Western Balkans
  44. http://www.oxan.com/display.aspx?ItemID=DB156740 Pressure eases on anti-independence five
  45. http://www.time.mk/cluster/cdf46ad424/kosovo-ima-evropska-perspektiva-izjavi-eshton.html
  46. The EU Enlargement Process: A Year of Progress in the Western Balkans and Turkey, http://europa.eu/rapid/pressReleasesAction.do?reference=IP/09/1519&format=HTML&aged=0&language=EN&guiLanguage=en .
  47. http://ec.europa.eu/enlargement/pdf/key_documents/2009/ks_rapport_2009_en.pdf
  48. http://www.reuters.com/article/idUSL23782005
  49. http://www.abgs.gov.tr/?p=1&l=2
  50. http://www.eu-pregovori.hr/default.asp?jezik=2
  51. http://www.sep.gov.mk/
  52. Analytical report to the Commission opinion on Iceland application for EU membership, p.71-72
  53. The EU's relations with Monaco, European Commission, December 2005
  54. The Washington Times - Andorra
  55. 'Oldest republic' torn by poll-rig claims, The Australian, 2006-06-06
  56. ARMINFO - independent armenian news agency
  57. ARMENIA: ARMENIA'S CHANCES OF EU MEMBERSHIP ASSESSED. | IPR Strategic Business Information Database | Find Articles at BNET.com
  58. RFE/RL Caucasus Report, Armenian Ministry of Foreign Affairs, 7 јануари 2005
  59. Markarian, Atom. „IMF Heaps More Praise On Armenia“. http://www.armenialiberty.org/armeniareport/report/en/2006/06/78236A02-837E-4301-ADD0-54D8AB01BA56.ASP. конс. 13 јануари 2007. 
  60. „Index of Economic Freedom 2008“. The Heritage Foundation. http://www.heritage.org/research/features/index/. 
  61. 2007 Review: Foreign policy and the pursuit of Nagorno-Karabakh settlement“, ArmeniaNow.com, 11 јануари 2008 (конс. 16 јануари 2008).
  62. Nuclear Power in Armenia : WNA
  63. The EU's external relations with Belarus, European Union's official site
  64. http://www.jhubc.it/ecpr-istanbul/virtualpaperroom/031.pdf
  65. http://www.spiegel.de/international/europe/0,1518,617005,00.html
  66. EUobserver article (subscription only)
  67. Rettman, ANdrew (17 септември 2009) Ukraine diplomats take a risk on EU application, EUobserver
  68. http://ec.europa.eu/external_relations/kazakhstan/index_en.htm
  69. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1527&ArticleID=100498
  70. Berlusconi says he wants Russia to join the EU
  71. Russia not planning to join EU
  72. (руски)"Four spaces" of Russia and European Union, "Special opinion" program on Russian Radio
  73. (руски)Four spaces, Rossiyskaya newspaper
  74. (руски)Interview of official Ambassador of Russian Foreign Ministry on relations with the EU
  75. (руски)Four spaces, TKS
  76. Michael A. McFaul, West or East for Russia?, The Washington Post, 9 June 2001
  77. Schroeder says Russia must find place in NATO, EU
  78. TREATY ESTABLISHING THE EUROPEAN COMMUNITY, last revision from Nice 2001, Art.299(6)a
  79. EUobserver.com
  80. Staff writer. „Cape Verde PM discusses special partnership with EU“, afrol News, 15 ноември 2005 (конс. 6 мај 2006).
  81. Staff writer. „EU membership for Cape Verde proposed in Portugal“, afrol News, 16 март 2005 (конс. 6 мај 2006).
  82. Staff writer. „EU, Cape Verde display different interests in integration“, afrol News, 30 март 2006 (конс. 10 мај 2006).
  83. [2][мртва врска]
  84. Analysis: Israel Weighing EU Membership, United Press International, 2003-05-21
  85. We need to be part of EU and NATO Jerusalem Post, January 2007
  86. Jewish communities split over Berlusconi, BBC, 2003-09-26
  87. Two Italians, Marco Pannella and Marco Cappato of the Nonviolent Radical Party, in European Parliament campaign for Israel to enter EU, Haaretz, 2006-11-10
  88. The case for a privileged partnership between the EU and Israel, Hildegard Müller, 2006-06-28