2 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Мај 2014 2 мај е 122-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (123-и во престапна година). Остануваат 243 денови до крајот на годината.

Настани:

1903  Во селото Смилево, демирхисарско, почна Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот беше избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјасни за кревање востание.
1945  СССР го објавил освојувањето на Берлин во Втората светска војна. Војниците на Црвената aрмија го развиориле црвеното знаме над Рајхстагот.
1949  Во Струмица е формиран Народниот театар „Антон Панов“. Во театарот беше изведена првата претстава, „Бегалка“ од македонскиот писател Васил Иљоски.
1952  Првиот патнички авион на млазен погон „Де Хавиленд Комет-1“ го направи првиот лет на релација Лондон-Јоханесбург.
1999  Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, aвијацијата на НАТО употреби „графитни бомби“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата. 70% од СР Југославија остана во мрак.
2007  Еден од учесниците на релито „Гамбол 3000“, Николас Морли, возејќи со недозволена брзина во близина на Струга, удри во друго возило при што загинаа двете лица во другото возило, брачниот пар Чепујновски од Струга. Релито беше прекинато, а Морли осуден.
2008  Циклонот „Наргис“ го зафати Мјанмар и предизвика катастрофално уништување и поплави, при што загинаа над 100.000 луѓе.
2012  Јанош Адер е избран за претседател на Унгарија.

Родени:

1551  Вилијам Кемден, англиски историчар.
1660  Алесандро Скарлати, италијански композитор († 1725.).
1729  Катерина II, руска царица († 1796.).
1810  Папа Лав XIII, римски папа.
1863  Тома Давидов, учесник во македонското револуционерно движење.
1892  Манфред фон Рихтхофен - Црвениот барон, германски пилот († 1918.).
1896  Елена, кралица на Романија.
1924  Мери Бошкова - македонска театарска, телевизиска и филмска актерка.
1948  Панде Манојлов, македонски поет и раскажувач..
1951  Смиле Наумовски, македонски поет и раскажувач.
1955  Донатела Версаче, италијански моден дизајнер.
1960  Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија.
1963  Горан Рафајловски, макеоднски политичар.
1975  Дејвид Бекам, англиски фудбалер.

Починале:

373  Атанасиј Александриски, Патријарх на Александрија.
902  Борис I, бугарски цар.
1519  Леонардо да Винчи, италијански уметник и пронаоѓач (р. 1452.).
1957  Џозеф Мекарти, американски сенатор (р. 1908.).
1980  Кирил Петрушев, министер за внатрешни работи на Македонија.

Празници:

Ден на Знамето на Полска
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември