25 мај
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | мај | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
25 мај е 145-иот ден во годината според григоријанскиот календар (146-и во престапна година). Остануваат 220 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1810 | Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година. |
| 1850 | Во лондонската зоолошка градина пристигна Обајш, првиот нилски коњ кој бил донесен во Европа. |
| 1895 | Британскиот писател Оскар Вајлд е осуден на две години затвор поради хомосексуалност. |
| 1911 | Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата. |
| 1946 | Парламентот на Трансјорданија го прогласува емирот Абдула I за крал. |
| 1958 | Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали „Силика“. |
| 1963 | Во Адис Абеба заврши Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишаа Договор за создавање Организација на африканско единство. |
| 1979 | Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот „ДЦ-10“ на „Американ ерлајн“, при што загинаа 272 патници и членови на екипажот. |
| 1985 | Во Бангладеш, од тропски циклон загинуваат околу 100.000 жители |
| 1985 | Српската академија на науките и уметностите одлучува да создаде меморандум за политичката, економската, и културната положба на српскиот народ во СФРЈ. |
| 1997 | Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви. |
| 2002 | Авионаска несреќа на кинески авион во Тајван. Загинуваат 225 патници. |
| 2002 | Никола Груевски станува претседател на ВМРО-ДПМНЕ |
Родени:
| 1802 | Јохан Фридрих фон Брант, германски зоолог. |
| 1803 | Ралф Валдо Емерсон, американски предавач, есеист и поет. |
| 1848 | Хелмут фон Молтке, германски военачалник. |
| 1875 | Петар Дрвингов, полковник во бугарската армија и историчар. |
| 1887 | Свети Пио, капуцински католички свештеник од Италија. |
| 1902 | Стале Попов, македонски писател. |
| 1948 | Булент Аринч, турски политичар. |
| 1952 | Петар Стојанов, претседател на Бугарија. |
| 1963 | Рисима Рисимкин, македонска балерина и кореограф. |
| 1964 | Тахир Синани, поранешен член на ОНА. |
| 1967 | Фехим Хусковиќ, македонски академски сликар. |
| 1976 | Сандра Насиќ, германска пејачка, вокалистка на групата Guano Apes. |
Починале:
| 1085 | Папа Григур VII, римски папа. |
| 1261 | Папа Александар IV, римски папа. |
| 1926 | Симон Петљура, украински политички деец. |
| 1944 | Манчу Матак, македонски комунистички деец и народен херој. |
| 2001 | Алберто Корда, кубански фотограф, познат по неговата фотографија "Guerrillero Heroico" на марксистичкиот револуционер Че Гевара. |
Празници:
| * | Ден на младоста во СФРЈ |
| * | Ден на независноста на Аргентина |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |