7 мај
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | мај | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
7 мај е 127-иот ден во годината според григоријанскиот календар (128-и во престапна година). Остануваат 238 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1755 | На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет (грб на сликата), кој првобитно имал само философски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу станал центар на руската наука. |
| 1838 | Луј Дагер, француски сликар го откри методот на механичко сликање, односно ја пронајде фотографијата. |
| 1929 | За првпат е доделена наградата „Оскар“, што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго. |
| 1939 | Втора Светска војна: Германија и Италија склучија пакт, познат како „Оска Берлин - Рим“. |
| 1993 | Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста. |
| 1999 | Бомбардирана Кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната кампања на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка. |
| 2012 | Владимир Путин по втор пат станува претседател на Русија. |
Родени:
| 1833 | Јоханес Брамс, германски композитор, еден од најзначајните романтичари и мајстор на соло песната и лидот. |
| 1840 | Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари на XIX век. |
| 1841 | Гистав Ле Бон, истакнат француски социопсихолог и социолог, основач на дисциплината психологија на толпата и инспирација за Хитлеровото дело „Мојата борба“. |
| 1861 | Рабиндранат Тагоре, индиски поет и философ. |
| 1892 | Јосип Броз - Тито, југословенски револуционер и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. |
| 1919 | Ева Перон, сопруга на претседателот Хуан Перон. |
| 1986 | Евгениј Воронов, руски кошаркари. |
Починале:
| 1840 | Каспар Давид Фридрих, најистакнат сликар на германскиот романтизам. |
| 1906 | Андонис Влахакис, андартски капетан. |
| 1924 | Димитар Благоев, бугарски политичар |
| 1925 | Тодор Паница, бугарски револуционер, деец на ВМОРО |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |