Фотографија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Првата слика на Жозеф Нисефор Ниепс, 1826

Фотографијата како поим може да биде дефиниран како запишување на слики со помош на леќа и материјали кои се чувствителни на светлина. Самата фотографија зависи од вештината на фотографот.

Зборот фотографија произлегува од грчките зборови φως/фос ("светлина") и γραφις/графис ("четка") или γραφη/графи, кои означуваат заедно "цртање со светлина". Продуктот на фотографијата се нарекува фотографска слика.

Историја[уреди]

- 11 век Камера опскура (мрежна комора) која била изработена во Арабија заради набљудување на помрачувањето на Сонцето.

- Во 1727 година германскиот лекар Јохан Шулце открил дека сребрениот нитрат темнее на светлина.

- Во 1827 година е направена првата фотографска снимка од страна на Жозеф Нисефор Ниепс, чија експозиција траела 8 часа.

- Во 1839 година била пронајдена Калотипијата од страна на англичанецот Вилијам Фокс Талбот. Овој процес, во кој се појавуваат негатив и позитив овозможува размножување на фотографиите.

- 1851 година е утврдена т.н. Калодиска постапка која ја развил англискиот вајар Фредерик Арчер. Неговите негативи на стакнети плочи овозможуваат изработка на фотографија на хартија.

- 1907 година е направена прва применлива постапка за изработка на фотографии во боја. Овој процес го воведуваат француските браќа Огист и Луј Лимијер.

- 1924 година е направен првиот апарат на 35-милиметарски филм кој е наречен Лајка I. Неговиот бројач на снимки брои до 36, поставувајќи така стандард за подоцнешните камери.

- 1935 година е направен Кодахром филм која овозможува дијапозитивите да се проектираат или од нив да се направат фотографии.

- 1939 година, Агфа го произведува првиот значаен колорнегатив филм.

- 1947 година е произведена првата камера за изработка на моментни снимки од страна на Едвин Ленд.

- 1975 година со помош на специјални камери и светла еден американски научник фотографира куршум кој минува низ јаболко. Времето на експозицијата 1 тримилионити дел од секундата.

- 1976 година е направена првата компактна камера со автоматски фокус произведена од страна на јапонската компанија Коника. Апаратот се викал KONIKA C35F.

- 1990 година е прикажан првиот систем „ ај-старт“,, при што леќите автоматски го зумираат објектот кој го гледате низ обрачот.

- 90-те години на 20 век се појавуваат дигиталните камери, каде сликите се чуваат на дискови.

Внатрешност на фотоапаратот[уреди]

Фотоапаратот е во суштина кутија заштитена од светлина, која на едниот крај има дупка, односно леќа.

отворената леќа дозволува светлината да влезе и да осветли дел од филмот( хартија чувствителна на светлина) во апаратот и на тој начин да се создаде сликата. Најважни делови на фотоапаратот се леќата, затворачот и блендата.

Развивање[уреди]

Фотографијата се развива со фиксирање на посебна фотографска хартија со употреба на хемикалии. Ова постапка се одвива во темно. Секое зрнце сребро на филмот се менува кога ќе се изложи на светлина. Филмот мора да се обработи пред сликата да стане видлива. Со хемикалиите за развивање и фиксирање на филмот се создава сликата.Сликите од филмот се нарекуваат негативи бидејќи светлите и темни површини се обратни. Негативот се пренесува на бела хартија со помош на апаратот за зголемување. Осветлената бела хартија се развива и се обработува со хемикалии. После развивањето и фиксирањето сликата се пере и суши.

Славни фотографи[уреди]

- Џулија Маргарет Камерон (1815-1879 година), фотограф на портрети од британско потекло.

- Анри Картје Бренсон (1908-?), француски фотограф кој направил многу за фото-новинарството да стане уметност.

- Роберт Капа (1913-1954 година), воен фотограф од унгарско потекло. Во 1947 г. Капа и Картје-Бренсон го основаат Магнум студиото

- Ричард Аведон (1923-?), американски фотограф познат по портретните и модни фотографии.

Занимливости[уреди]

- Првиот применлив фотоапарат тежел 23 килограми

- Секој ден во светот се снимат повеќе од два милиони фотографии

- Приближно до 1930 година фотографите вештачкото светло го произведувале со мали експлозии на прав од магнезиум

- На еден 35-милиметарски дијапозитив можат да се наоѓаат ист број информации како и на еден диск со средна густина за личен сметач

- Бидејќи првите фотографии траеле време, луѓето морале да стојат вкочанети за да се избегнала матноста. Фотографите со посебни справи ги прицврстувале главата и телото.